Википедија:Викисредба (25 февруари 2013)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.


Викисредби
2024

2023

2022

2020

2019

2018

2017

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007

2006
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат на Вики-средбата:

  • Датум: 25 февруари 2013 година.
  • Време: 19:00 ч.
  • Место: Наполеон бар, СП Планет, Ѓорче Петров, Скопје (карта)

Потврдено присуство[уреди извор]

  1. За  --brest (разговор) 10:32, 18 јануари 2013 (CET)[одговори]
  2. За --Kiril Simeonovski (разговор) 15:54, 5 февруари 2013 (CET)[одговори]
  3. За --Ehrlich91 (разговор) 19:49, 24 февруари 2013 (CET) Коментар  Јас со мало задоцнување, ама таму ќе бидам, се надевам сè останува исто.[одговори]

Не можат да присуствуваат[уреди извор]

  1. Против --Вик Ретлхед (разговор) 11:47, 12 февруари 2013 (CET) Коментар  Жалам, можеби следната средба.[одговори]

Присутни[уреди извор]

Вики средбата започна на предвиденото место со задоцнување од околу 40 минути. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Ehrlich91 (разговор придонеси)
  2. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  3. Brest (разговор придонеси)

Извештај од средбата[уреди извор]

Средбата започна околу 19:30 откако претходно имавме зачестена комуникација по телефон за тоа дали средбата воопшто ќе се одржи или не. Јас ја имав информацијата дека Тони веќе се наоѓа на местото, а потоа се слушнав и со Димче којшто се понуди да ме превезе до местото на среќавање.

Првата тема со којашто започнавме беше во врска со предавањето коешто ќе се одржи на Економскиот факултет во Скопје на 28 февруари 2013 година. Имено, повикани сме да одржиме предавање пред студенти од втора година коишто ќе бидат задолжени да уредуваат статии во врска со содржини од учебниот материјал по предметот. Предвидено е предавањето да трае два часа и да опфаќа презентација за Википедија, претставување на проектот и кратка обука за тоа како се уредува преку практичен пример. Се договоривме, предавањето и сите неопходни подготовки во врска со него да ги завршиме јас и Тони. Понатаму, следна тема беше конференцијата во Приштина, на којашто присуствував како говорник и ментор од 22 до 24 февруари. Морам да признаам дека истата беше доста добро организирана, а се состоеше од програмски и натпреварувачки дел. Во рамките на програмскиот дел беа вклучени предавања поврзани со Википедија, ГЛАМ, слободните образовни ресурси, примената на проектите на Викимедија во образованието и поврзани теми, додека натпреварувачкиот дел се состоеше од натпревар за избор на најдобра фотографија и највреден фотограф и од натпревар за избор на најдобра статија на тема поврзана со Косово. Откако завршивме со оваа тема, продолживме со некои идеи за нашите активности на другите факултети, а Димче спомена и за одржување на видео-презентација на 26 февруари пред студенти од повеќе факултети.

На средбата зборувавме и на некои други општи теми поврзани со образовниот процес во Македонија, како и употребата на современата технологија во средните училишта и факултетите. Завршивме некаде околу 21:20.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:15, 27 февруари 2013 (CET)[одговори]

Следна Вики-средба[уреди извор]

Следната Вики-средба е закажана за 25 март 2013 година.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:15, 27 февруари 2013 (CET)[одговори]



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј