Википедија:Викисредба (28 јуни 2012)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.


Викисредби
2024

2023

2022

2020

2019

2018

2017

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007

2006
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Следната редовна вики средба ќе се одржи на 28 јуни 2012 година со почеток во 19:30 во EveryDay, Скопје (помош). Поканети се сите заинтересирани за присуство на средбата.

Предлог дневен ред[уреди извор]

Врз основа на неодамнешните случувања, дневниот ред е соодветно прилагоден и ги содржи следните точки:

  1. Користење на Хаклаб „КИКА“, во договор со 2СМ
  2. Информација за посетата на виким/педијанецот Џош Лим од Филипини.
  3. Проект „Македонија на Википедија“
  4. Извештај од НСНД Струга.
  5. Борба против вандализмот.
  6. ВикиПроект „Одржување“.
  7. ВикиНагради и годишно натпреварување.
  8. Училишни и факултетски проекти.
  9. Википедија на друштвените мрежи.
  10. ВикиЛето.
  11. Разно.

Ова е само предлог дневен ред, па доколку некој смета дека нешто е испуштено и треба да се додаде, слободно може да го предложи во делот за дискусија во продолжение од оваа страница.

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. --brest (разговор) 14:09, 28 јуни 2012 (CEST)[одговори]
  2. --Kiril Simeonovski (разговор) 14:30, 28 јуни 2012 (CEST) Коментар Само не сум сигурен дека ќе можам да се вклучам во дискусијата во врска со сите овие точки, бидејќи нема да можам да останам многу долго.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:33, 28 јуни 2012 (CEST)[одговори]
Најавени отсуства

Дискусија[уреди извор]

Присутни[уреди извор]

Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. Brest (разговор придонеси)

Извештај од средбата[уреди извор]

Со Димче се сретнав во договореното време и решивме да запоневме веднаш, со цел да завршиме поскоро и да може да го проследиме полуфиналниот натпревар на европското првенство меѓу Германија и Италија. Најпрво, започнави со собирање на впечатоците од посетата на Џош Лим на Македонија, а веднаш потоа се префрливме на Википедија Академија во Берлин. Разговаравме за карактерот на оваа конференција и потребата во иднина да се следат ваквите настани и да се поттикнува активното учество на нив. Продолживме со предлогот од страна на Министерството за образование и наука да го награди трудот на најдобрите студенти кои уредувале во изминатиот период на Википедија на македонски јазик. Притоа, се осврнавме на она што беше разговарано на мејлинг листата, а потоа и двајцата ги изнесовме своите ставови. Јас ја искажав мојата загриженост и можностите од злоупотреба на трудот на корисниците на Википедија, но од друга страна ова би можело во некоја догледна мера да има и позитивни поттикнувачки ефекти врз некои целни групи на идни корисници, како што се учениците и студентите. Димче ми спомена за продолжувањето на соработката со образовните институции и следната учебна година, така што треба да се поработи и на соодветна подготовка од страна на постојната заедница на Википедија на македонски јазик. Зборувавме и за тоа дека има добра основа на Википедија на македонски јазик за заживување на ВикиПроектот Одржување и спроведување на рангирањето и наградувањето на придонесите, за коешто на крајот на годината Викимедија Македонија се подготвена да додели и некој вид на награди за највредните.

Многу важна работа за којашто посебно сакавме да обрнеме внимание е понудата од КИКА за користење на нивниот простор секој вторник. Се согласивме дека е тешко да се очекува секој вторник да организираме некој вид на Вики-средба, но одлучивме дека е добро за почеток да се прифати понудата. Идејата е да се започне уште од следниот вторник, а понатаму да видиме како ќе се одвиваат работите. Средбата заврши околу 20:15.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:45, 29 јуни 2012 (CEST)[одговори]

Следна вики-средба[уреди извор]

Веќе беше споменато дека за следната средба ќе се користи просторот од КИКА, а истата ќе биде одржана во некој од следните вторници.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:45, 29 јуни 2012 (CEST)[одговори]



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј