Википедија:Викисредба (24 декември 2012)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.


Викисредби
2024

2023

2022

2020

2019

2018

2017

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007

2006
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат на предновогодишната Вики-средба:

  • Време: 24 декември 2012 година, почеток во 18:00/19:00/19:30 ч. (времето на одржување е само предлог)
  • Место: кафе-ресторан EveryDay, Скопје (карта) (местото на одржување е само предлог)

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. За  --brest (разговор) 08:08, 20 декември 2012 (CET)[одговори]
  2. За  --Вик Ретлхед (разговор) 23:50, 21 декември 2012 (CET) Коментар И мене повеќе ми одговара од 19.00 часот.[одговори]
  3. За  --Ehrlich91 (разговор) 20:45, 23 декември 2012 (CET) Коментар  Мене ми е сеедно во кој термин, но нека биде од 19.00 часот.[одговори]
  4. За --Kiril Simeonovski (разговор) 01:30, 24 декември 2012 (CET)[одговори]

Дискусија[уреди извор]

Дискусија за времето[уреди извор]

  1. --Kiril Simeonovski (разговор) 11:32, 20 декември 2012 (CET) Коментар Баш би сакал да присуствувам на една новогодишна Вики-средба, но за жал полагам во тој термин и нема да бидам во можност да стигнам на време. Евентуално би можел да стигнам некаде околу 19:30 ако средбата уште трае.[одговори]
    Коментар  Почетокот не е сè уште утврден, 18.00 беше само предлог, така што 19.30 е уште еден предлог.--brest (разговор) 12:58, 20 декември 2012 (CET)[одговори]
    Коментар  Со полагање најверојатно ќе завршам до 19 часот, па оттаму ми требаат уште околу 20 минути да пристигнам. Гледам дека останатите се повеќе за 19:00, така што нека биде тоа терминот на почеток на средбата.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:30, 24 декември 2012 (CET)[одговори]
    Коментар  Мислам дека 19:30 е најдобар термин, така ќе можеш на време да дојдеш и ти.--brest (разговор) 08:03, 24 декември 2012 (CET)[одговори]
    Коментар  Ако може договореното време да биде испишано во горниот дел од екранот, а EveryDay си останува. По Нова година би можеле да го промениме, се согласувам.--Вик Ретлхед (разговор) 08:24, 24 декември 2012 (CET)[одговори]

Дискусија за местото[уреди извор]

Коментар  За местото никој не прокоментира, па се надевам дека одговара предлогот, иако според мене би било добро средбите да се одржуваат на различни места. Пример би можело да се одржи некоја средба во СП во Ѓорче. --brest (разговор) 08:03, 24 декември 2012 (CET)[одговори]

Предог дневен-ред[уреди извор]

(доколку имате некаква идеја или предлог за самиот настан, слободно изнесете ја подолу)

  • Најинтересни случувања во 2012 година на википедија
  • Избрана статија за 2012 година
  • Најуредувач во 2012 година
  • Најадминистратор во 2012 година
  • Најнастан во 2012 година
  • Највикисредба во 2012 година
  • Како од 53К до 67К статии на википедија, +14К
  • Интересни работи од другите Викимедија проекти

Присутни[уреди извор]

Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. Ehrlich91 (разговор придонеси)
  3. Brest (разговор придонеси)
  4. Вик Ретлхед (разговор придонеси)

Извештај[уреди извор]

Во EveryDay пристигнав нешто пред 20 часот, а средбата веќе беше започната, па затоа овој извештај ќе ги содржи моите впечатоци од моето присуство па натаму. Се сретнав со Димче, Тони и Игор, коишто беа присутни и веднаш продолживме понатаму со разговорт. Најпрво, зборувавме за предметот којшто го полагав непосредно пред средбата, а веднаш потоа се префрливме и кон идната соработка со Економскиот факултет во Скопје. Имено, јас и Тони сме заинтересирани да започнеме проект во соработка со оваа високообразовна институција, којшто ќе има за цел организирање на еден вид на натпревар во уредување статии на Википедија на македонски јазик, како и одржување на уште неколку предавања, обуки и дискусии на теми поврзани со слободното знаење, Е-бизнис и употребата на слободни образовни ресурси. За спроведувањето на проектот најверојатно ќе бидат потребни и финансиски средства, коишто планираме да ги обезбедиме преку поднесување на барање за грант до Фондацијата Викимедија. Понатаму, продолживме со разговорот и за можните проекти на останатите факултети во земјава, како и за најавата за соработка со гимназијата Јосип Броз-Тито во Скопје. Се согласивме дека е најдобро со секоја од овие институции да се соработува одделно и за секоја соработка да се создаде одделен проект.

Откако завршивме со Википедија во образованието, јас ја споменав идејата за создавање на проект за поставување на QR кодови низ музејските институции во земјава. Идејата беше оценета како добра и прифатена од присутните на средбата, иако истата би можела да доведе до неприфаќање од страна на управите на некои од овие институции, што најмногу се должи на чувствителноста на некои теми од областа на историјата. Интерес за соработка постои со Музејот на револуционерната борба, така што предлогот за овој проект најпрво би им бил предложен на члениците од овој музеј.

На средбата се зборуваше и за некои други теми поврзани со Википедија, како бројот на вкупни посети на Википедија на македонски јазик, учеството на посетите од Македонија на Википедија на македонски јазик, како и за клучот на успехот во зголемувањето на вкупниот број на статии од 53.000 на почетокот на 2012 до моментните 67.000 статии. Во врска со Вики-средбите, Димче предложи создавање на плакат со лого, коешто ќе има за цел да привлече повеќе заинтересирани да присуствуваат. Исто така, излеговме со предлог дека е добро следната Вики-средба да се одржи на денот на годишнината на Википедија, 15 јануари, и тоа по можност на некое друго место во градот. Средбата ја завршивме нешто пред 22 часот.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:35, 26 декември 2012 (CET)[одговори]

Следна Вики-средба[уреди извор]

Следната Вики-средба се договоривме да се одржи на денот на прославување на 12 години од постоењето на Википедија, на 15 јануари 2013 година.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:40, 26 декември 2012 (CET)[одговори]



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј