Википедија:Викисредба (7 јуни 2011)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, да учествуваат во подготовката на следната вики-средба.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на адреса vikipedijaatlists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор.


Википедија:Викисредба/Содржина

Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Се известуваат корисниците и соработниците на Википедија дека следната Викисредба ќе се одржи на 7 јуни 2011, со почеток во 19:00.

  • Место на одржување на средбата: Пјаца Либерта, Скопје.

Предлог дневен ред[уреди извор]

Врз основа на неодамнешните случувања на самиот проект и во врска со истиот, дневниот ред е соодветно прилагоден и ги содржи следните точки:

  1. Унапредување на односите со новите корисници.
  2. Википедија во образованието.
  3. Википедија и друштвените мрежи.
  4. Испитување на мислењето на посетителите.

Ова е само предлог дневен ред, па доколку некој смета дека нешто е испуштено и треба да се додаде, слободно може да го предложи во делот за дискусија во продолжение од оваа страница.

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. За --Kiril Simeonovski (разговор) 19:52, 3 јуни 2011 (CEST)[одговори]
  2. За --FlavrSavr (разговор) 18:55, 4 јуни 2011 (CEST)[одговори]
  3. За --Виолетова (разговор) 23:06, 4 јуни 2011 (CEST)[одговори]
  4. За -- Бојан имаш за кажување? 14:12, 6 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Дискусија[уреди извор]

Поради слаб интерес за присуство на средбата, истата се одложува и нема да се одржи во предвидениот термин. Се повикуваат сите заинтересирани корисници да се вклучат во дискусијата и да дадат свои предлози околу новиот термин и околу било што друго поврзано со средбата.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:21, 11 февруари 2011 (CET)[одговори]

Го пречкртав закажаниот термин, а го избришав и планираното место на одржување на средбата, што овозможува послободна дискусија и околу ова прашање.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:25, 11 февруари 2011 (CET)[одговори]

Присутни[уреди извор]

Викисредбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. Boyan (разговор придонеси)
  3. ГП (разговор придонеси)
  4. FlavrSavr (разговор придонеси)

Извештај од средбата[уреди извор]

Кога пристигнав, веднаш се сретнав со корисникот ГП, а веднаш се појави и Бојан, па решивме да седнеме и да ги почекаме другите. На ГП ова му беше прво присуство на Вики средбите, па започнавме со мало запознавање и воведување во точките кои беа предвидени за дискусија. По петнаесетина минути ни се придружи и FlavrSavr со кого малку поразговаравме за бруталноста на полициските сили во Македонија и начинот на којшто се одржува внатрешниот мир, по што веќе сите дадовме согласност да започнеме според распоредот.

Уште на почетокот, четирите теми ги поделивме во две поголеми: првите две, врзувајќи ги со улогата на образованието во развоот на Википедија и останатите во улогата на друштвените мрежи за запознавањето на корисниците со она што всушност претставува Википедија. Во поглед на воведвањето на Википедја на образовниот процес беше донесен заклучок дека најверојатно постојат активности на некои од образовните институции, па споерд тоа, неопходно е да се стапи во контакт со одговорните лица за нивната реализација. Ние би можеле да помогнеме со одржување на предавања и работилници, со што би успеале добро да ги обучиме идните уредувачио и можеби и трајно да задржиме некои од нив. Освен тоа, се спомена и потребата од соработка со Министерството за информатичко општество и Министерството за образование, што би претставувало основа за соработката со некои од образовните институции. Се зборуваше и за можноста за обезбедување на книги достапни во дигитален облик како извори за поткрепување на веродостојноста на содржината, како и обезбедувањето на слободни мултимедијални содржини за потребите на сите проекти. За друштвените мрежи и испитувањето на мислењето намјногу се обрна внимание на изгледот на анкетниот прашалник со кој би се испитувало мислењето и местото на неговото објавување, со што би се овозможило поголем број на читатели да го отворат и пополнат. Имено, друштвените мрежи се и добро место за промоција на сите активности кои ги имаме и како такви не смее да се испуштат.

Откако завршивме со двете теми, најпрво не напушти ГП. Останатите,продолживме на многу различни теми, па така стана збор за употребата на македонски зборови за некои странски поими припитомени во македонскиот јазик, соработката на Викимедија Македонија со Метаморфозис, како и за Изборите за нови членови на одборот на доверители и за Викиманија 2011. Речиси останавме без зборови, кога веќе беше околу 21:30 и сите си заминавме.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:16, 8 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Следна вики-средба[уреди извор]

Првично беше договорено следната Викисредба да се одржи за еден месец, со што ќе се навратиме на старата традиција.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:16, 8 јуни 2011 (CEST)[одговори]



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј