Википедија:Викисредба (7 ноември 2009)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.


Википедија:Викисредба/Содржина

Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Се закажува нова Викисредба за 7 ноември во 18:00 во Скопје.

Се повикуваат сите корисници и соработници на Википедија, доколку се во можност да присуствуваат на оваа средба и да споделат барем еден ден со оние со кои заедно работат на Википедија.

На средбата ќе се разговара за сите случувања во врска со Википедија на македоснки јазик во периодот по последната Викисредба. Се очекува да бидат разгледани и сите нови можности за промоција на Википедија, а од внатрешна гледна точка се очекува да се обрне внимание на користењето на предлошки, уредувањата со ботови, како и подобрување на организацијата на Вики проектите и формирањето на арбитражен одбор.

Место на одржување на средбата: Mambo, трговски центар Ramstore, Скопје.

Почеток и крај[уреди извор]

  • Средбата започна во 18:00.
  • Средбата заврши околу 20 часот.

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. За --Kiril Simeonovski (разговор) 19:51, 3 ноември 2009 (UTC)
  2. За -- Бојан имаш за кажување? 21:13, 3 ноември 2009 (UTC)
  3. За --Илија Дојчиновски - знам дека сум смешно потпишан ама не знам поинаку.
  4. За  -Фичо (разговор) 10:03, 6 ноември 2009 (UTC) Коментар  претходниов корисник заборавил да се потпише
  5. За --Милош (разговор) 16:34, 6 ноември 2009 (UTC)
  6. За --FlavrSavr (разговор) 12:40, 7 ноември 2009 (UTC)

Не можат да присуствуваат[уреди извор]

Диксусија[уреди извор]

Извештај од средбата[уреди извор]

Викисредбата започна во предвиденото време и место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. Filipgd (разговор придонеси)
  3. Ilija (разговор придонеси)
  4. Boyan (разговор придонеси)
  5. Brest (разговор придонеси)
  6. Misos (разговор придонеси)
  7. FlavrSavr (разговор придонеси)
  8. Ivica83 (разговор придонеси)
  9. damjanc (разговор придонеси)
  10. претставник од Слободен софтвер Македонија
  11. претставник од Слободен софтвер Македонија

Како и предминатата средба и оваа беше планирано да се одржи во трговскиот центар Рамстор, во Скопје, поточно во кафе-барот Mambo. Ова не е никаква реклама, а го споменувам поради тоа што ми буди приојатни спомени од средбата одржана на ова место, на којашто имаше солидна посетеност. Интересно е да се спомене и фактот што и оваа средба како и предминатата беше презакажана.

Пристигнав прв на средбата (за жал поранив малку), па ги очекував останатите. По неколку минути ми се придружи и Фичо, со кого продолживме да ги чекаме и другите, разговарајќи за некои случувања во изминатиот период. Еден млад господин ни го одземаше погледот, па си помисливме тоа да не е најавениот корисник, којшто досега нема присуствувано на Вики средбите. Се приближивме и продолживме со нашиот разговор во негова близина, додека ги очекувавме другите. При споменувањето на зборот „Википедија“, господинот ни се претстави, со што нашата претпоставка беше точна. Тоа беше корисникот Ilija, којшто го имаше потврдено присуството (дека е корисникот Ilija, утврдивме подоцна, кога ни спомена дека е автор на статијата Александар Лурија; присуството го потврди претставувајќи се како Илија Дојчиновски, но тоа сега не е многу важно). Веќе бевме тројца и решивме да седнеме во кафе-барот и таму да ги почекаме другите. Набргу дојдоа и другите. Некои дојдоа смаи, а некои во група. Бевме пријатно зиненадени од членовите од Слободен софтвер Македонија, кои присуствуваа на средбата. Еден по еден, па утврдивме дека нема место за сите и моравме да споиме три маси.

По решавањето на проблемот, поради солидната посетеност, веднаш започнавме со коментари за она за што бевме дојдени. Одеднаш се започнаа повеќе разговори, на различни теми, но од најголемо значење беановостите во врска со Викимедија Македонија и промотивните активности, коишто ги подготвуваме за да овозможиме омасовување на идејата за унапредување на Википедија на македонски јазик. Во план е снимање на видео записис, кои ќе содржат информации за Википедија, поконкретно упатство за уредување и примена на принципите на Википедија. Сите се ложија дека ова е значаен чекор, се дадоа начални идеи, но сепак сите се сложија дека би било подобро за ова да се договориме подоцна. Во врска со Викимедија Македонија, од големо значење е тоа што, средувањето на документите за регистрирање на организацијата е во завршна фаза, па до крајот на месецот би можеле и формално да постоиме. Особено важно беше и одредувањето на место на коешто би се среќавале Википедијанците во иднина и на кое би имале подобри услови за работа, отколку во бучните и динамични кафулиња. Во овој разговор, претставниците од Слободен софтвер Македонија ни ја претставија можноста да одржуваме средби во некоја од канцелариите со кои располагаат тие, но сепак конечно решение не се донесе. Значајно е да се спомене дека се започна разговор и за соработката на Викимедија Македнија со други организации, а се спшомена и за некои можности за обезбедување на финансиски средства, кои би требало да ни помогнат во подобра организација во планираните проекти, но и за лична идентификација.

Покрај овие позначајни, се разговараше и за некои теми, кои се својствени за секоја Викисредба. Ова помина во смирена атмосфера, додека сите ги гледавме завршните минути од ракометниот натпревар во рамките на Лигата на шампионите, меѓу Вардар Про и Амичитија (22:22 во Скопје; нека ми извинат симпатизерите на Металург, Пелистер и другите ракометни клуубови кај нас, но очигледно Вардарци пропуштија голема шанса:((). Се спомена уште нешто за промотивните активности, па откако беше договорено дека ни е потребна добра подготовка, решивме да се разделиме и да ја заклучиме оваа средба.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:05, 7 ноември 2009 (UTC)

За следната средба[уреди извор]

Почитувајќи го традиционалниот принцип, следната средба би требало да биде по околу еден месец. Сепак, доколку има потреба, можеби следната Викисредба ќе биде закажана и порано.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:07, 7 ноември 2009 (UTC)



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј