Википедија:Викисредба (28 март 2009)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Корисниците на Википедија, Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Викисредби
2024

2023

2022

2020

2019

2018

2017

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007

2006
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

Се закажува нова Вики средба за 28 март 2009 во 12.00 часот. На средбата ќе бидат разгледани сите новини и случувања во периодот од претходната средба, а посебно внимание се очекува да се обрне на завршните работи во изготвувањето на Статутот на Здружението. Претходната викисредба на која се разгледуваа идеите и предлозите во врска со формирање на Здружението. На оваа средба треба да се завршат формалностите во врска со основањето на Здружението.

Место на одржување на средбата: Прво Пензиско Друштво, спроти раскрсницата кај мостот Гоце Делчев, кај Македонска пошта.

Присуството го потврдија[уреди извор]

  1. За --Kiril Simeonovski (разговор) 10:18, 25 март 2009 (UTC)
  2. За --brest (разговор) 16:04, 25 март 2009 (UTC) Коментар  ако може уште сега да се среди измената во статутот, за да на средбата дискутираме за други теми.
  3. За --Wikimk (разговор) 18:36, 25 март 2009 (UTC) Коментар  Мислам дека ќе го средиме статутот.
  4. За --Виолетова (разговор) 08:53, 27 март 2009 (UTC)
  5. За --FlavrSavr Коментар  Само ќе задоцнам малце.
  6. За --Boyan (разговор) 10:09, 28 март 2009 (UTC)

Извештај од средбата[уреди извор]

Присутни[уреди извор]

На вики средбата дојдоа:

  1. Виолетова
  2. Boyan
  3. Wikimk
  4. Kiril Simeonovski
  5. brest
  6. FlavrSavr
  7. Ivica83

Тек на расправа[уреди извор]

Оваа викисредба, пред сè претставуваше простор за разговор за случувањата на Википедија на македонски јазик во месец март.

На средбата не беше исклучено и се поразговра околу довршувањето на статутот на Здружението, а несоодветниот Член 5, во кој се употребуваше поимот „локален огранок“ беше заменет, па организацијата Викимедија Македонија е „независна организација која тесно соработува“ со фондацијата Викимедија. За време на средбата, Здружението „Викимедија Македонија“ беше додадено во листата на слични планирани здруженија. (Видете овде)

Тема на разговор беше и работата околу промовирање на Википедија на македонски јазик, како и можностите во иднина да се омасови идејата за нејзино уредувања. Беше одлучено да се започне со отворањето на стручните одбори, а како најпогоден во овој моент би бил стручниот одбор астрономија, во кој би биле вклучени членовите на астрономското друштво „Скопје“, кои ни ја оставија на располагање базата на податоци.

Оваа средба траеше пократко во однос на претходните, а во продолжение беше разговарано за изработката на програма на работа на Здружението, која исто така е значајна при неговото основање.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:03, 12 мај 2009 (UTC)

За следната средба[уреди извор]

Со апсолутна согласност беше одлучено, идната викисредба да се одржи во последната сабота од месец април (25 април), но не отстапува и можноста за предвремена Викисредба доколку тоа е потребно. Имаше желба за промена на местото на одржување, па така не се знае точно каде би се одржала следната средба.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:27, 14 јуни 2009 (UTC)


Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј