Википедија:Вики конференција за наставници (ноември 2018)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ВикиПроект
„Обука на наставници“
Glam Macedonia.svg
Wikipedia-logo-v2.svg

Вики конференција за наставници - се одржа на 16 ноември 2018 година во Охрид, со почеток од 10:00 часот, а во организација на „ГЛАМ Македонија“. Конференцијата беше најавена на страницата на ГЛАМ Македонија на Фејсбук, како и во медиумите.

Резултати[уреди извор]

Вики конференција за наставници“ беше називот на обуката на наставници, која траеше околу пет часа. На конференцијата учествуваа 67 наставници од повеќе основни и средни училишта од западниот реон на Македонија. На учесниците им беше поделен прирачник со наслов „Како наставниците предаваат со Википедија?“.

Програма[уреди извор]

  • 10:00 – 10:15 – Пристигнување на учесниците и регистрација
  • 10:15 – 11:00 – „Вовед во Википедија и останатите сестрински проекти“, предавач: Снежана Штрковска
  • 11:00 – 11:15 – Пауза за кафе
  • 11:15 – 12:00 – „Википедија како поле за корисен волонтеризам“, предавач: Наташа Неданоска
  • 12:00 – 12:15 – Пауза за кафе
  • 12:15 – 13:00 – „извори на информации“ , предавач: Гордана Јовиќ-Стојковска
  • 13:00 – 13:30 – Пауза за ручек (мини бар)
  • 13:30 – 14:15 – Воведен курс за уредување на Википедија, предавач: Снежана Штрковска
  • 14:15 – 14:30 – Затворање на конференцијата и доделување на сертификатите

Прашалник[уреди извор]

Од вкупно 67 учесници
  • 27% имале мало или никакво знаење за Википедија пред настанот
  • 70% им биле познати повеќето теми
  • 3% - не одговориле
На прашањето дали ќе го имплементираат наученото?
  • 42% одговориле со ДА
  • 48% одговориле со можеби
  • останатите не одговориле
На прашањето
Дали сметате дека брошурата ќе ви биде корисна?
  • 72% – ДА
  • 12% учесници – не знам
  • 9% учесник – не
  • останатите не одговориле
Како последен коментар учесниците оставиле
  • 14 од учесниците - Одлична конференција, подготвени предавачи, корисни информации
  • 13 од учесниците - Бараат да се одржи и работилница
  • 10 од учесниците - Бараат да семинари за работа со ученици на помала возраст
  • останатите не оставиле коментар

Галерија[уреди извор]

Медиуми[уреди извор]