Прејди на содржината

Википедија:Вики ги сака спомениците 2026

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на Вики ги сака спомениците Македонија
Добре дојдовте на
Вики ги сака спомениците 2026
Македонија

Вики ги сака спомениците (англиски: Wiki Loves Monuments; WLM) — фотографски натпревар организиран од страна на здружението на граѓани „Викимедија МКД“ со цел обезбедување слободни фотографии на спомениците и заштитените објекти, односно културното наследство во Македонија. Натпреварот во меѓународни рамки првпат бил организиран во 2010 година од страна на Википедија на холандски јазик, додека на Википедија на македонски јазик биле организирани изданијата во 2014, 2015 и 2021 година.

Натпреварот почнува на 1 септември 2026 г. во 00:00 ч. и завршува на 30 септември 2026 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Целта на натпреварот

Целта на овој натпревар е да соберат фотографии од културното наследство во Македонија. Овие фотографии потоа треба да се подигнат на Ризница на Викимедија (Wikimedia Commons) под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии на Википедија, како и за други слободни проекти!

Видеоупатство: Како да подигате слики во натпреварот
Награди

Најуспешните фотографи според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со ваучери од Pix+, и тоа:

  • Една прва награда за најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 400 евра
  • Една втора награда за втора најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 200 евра
  • Една трета награда за трета најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 100 евра
  • Една посебна награда за најмногу различни фотографирани објекти од посебниот список – денарска противвредност од бруто 300 евра
Како да учествувам?
  1. Внимателно прочитајте ги правилата за учество и изгледајте го видеоупатството;
  2. Направете квалитетни фотографии од документарен карактер за културните наследства во Македонија, а потоа, подигнете ги на Ризницата со слободна лиценца преку Образецот за подигање слики. Не заборавајте да ја дадете предлошката (види во правилата);
  3. Пријавете се за учество, наведувајќи ги Вашите информации преку образецот за пријавување.

Правила за учество на натпреварот

[уреди извор]
  1. Фотографијата мора да го прикажува објектот или дел/делови од објектите што претставуваат културно наследство на Македонија. Погледајте го издвоениот список на Списокот на објектите прогласени за споменици на културата (заштитени објекти). Напомена: Само фотографии од спомениците кои се наведени во списокот се сметаат за важечки.
  2. Фотографиите не треба да содржат дигитален жиг, или да бидат во голема мера дигитално изменувани.
  3. Фотографиите мора да бидат подигнати на Ризницата на Викимедија (Wikimedia Commons). За ова секој учесник мора да направи/поседува корисничка сметка на истата.
  4. Секоја фотографија мора да биде подигната под лиценца за слободна документација: Криејтив Комонс Наведи извор 4.0 (CC BY-SA-4.0)
  5. Сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот — период од еден месец: помеѓу 1 септември 2026 во 0:00:00 часот и 30 септември 2026 г. во 23:59:59 часот по македонско (средноевропско) време.
  6. Автор на фотографијата мора да биде самиот учесник во натпреварот, а не е важно кога е направена, под услов да е подигната во времетраењето на натпреварот.
  7. Насловот на сликата да е на македонски јазик и на кирилица и јасно да го насловува споменикот што е прикажан, и местото каде се наоѓа заради појасна диференцијација со слични топомини. Примери: Црква „Св. Илија“ - Грнчари, Куќа на ул. „Димитар Влахов“ бр. 37 - Охрид, Мачевски Чуки (Охрид). Исто така, потребен е опис на сликата на англиски и македонски јазик.
  8. Содржината на фотографијата мора да биде од документарен карактер.
  9. Секоја подигната фотографија мора да биде категоризирана во Category:Images from Wiki Loves Monuments 2026 in Macedonia.
  10. При закачувањето, секоја подигната слика мора да ја содржи предлошката {{wlm26mk|код}} која се додава во графата Други информации/Other information, каде што „код“ е типскиот код на споменикот кој е фотографиран. Списокот на споменици и нивните типски кодови е наведен подолу.
  11. По можност да бидат ставени и геокоординати од местото каде што се сликани (геокоординати не се задолжителни).
  12. Учесникот во натпреварот мора да биде пријавен за учество со пополнување на Образецот за пријава на учесник. Секој учесник во него треба да наведе неговото име и презиме, корисничкото име на Ризницата (Commons), како и е-пошта и телефонски број за контакт.
  13. За учесникот да ја добие посебната награда за најмногу фотографирани различни споменици, потребно е да бидат фотографирани најмалку 25 различни објекти од издвоениот список на културно наследство на Македонија, односно споменици кои немаат фотографија на Википедија.

Список на културни наследства во Македонија

[уреди извор]

Типски кодови на спомениците

[уреди извор]

Ова се кодови на типовите (класи, категории) на споменици според националната класификација на Управата за заштита на културното наследство на Македонија. Самите кодови се произволно одредени од Википедија на македонски јазик, во отсуство на други.

A: Верски објекти

[уреди извор]
A01 Христијански
A02 Исламски
A03 Јудаистички
A04 Пагански

B: Цивилни објекти

[уреди извор]
B01 Управни, административни, правосудни, финансиски и др. објекти
B02 Здравствено-хигиенски објекти
B03 Објекти од социјалната заштита
B04 Објекти за спорт, рекреација и забава
B05 Станбени објекти
B06 Јавни скулптури, паметници, епиграфски споменици
B07 Објекти од историско значење (во кои се случил важен настан или е родена/живеела важна личност)
B08 Објекти од полето на културата, науката и образованието
B09 Земјоделски објекти и постројки
B010 Занаетчиски објекти и постројки
B011 Трговски, продажни и угостителски објекти
B012 Јавни градежни и комунални објекти

C: Воени објекти

[уреди извор]
C01 Тврдини и утврдувања
C02 Други воени објекти

D: Погребни објекти

[уреди извор]
D01 Гробни објекти и надгробни споменици
D02 Погребни објекти

E: Споменички целини

[уреди извор]
Е01 Населени места
E02 Комлекси во тврдини
E03 Комплекси од верски карактер (манастири, текии и сл.)
E04 Стопански комплекси
E05 Здравствено-хигиенски и рекреативни комплекси
E06 Административно-управни и резиденцијални комплекси
E07 Комплекси од научно-образовен и културен карактер
E08 Меморијални комплекси

F: Културни предели

[уреди извор]
F01 Историско-меморијални подрачја и места
F02 Етноподрачја
F03 Археолошки подрачја
F04 Гробишта и др. гробни подрачја
F05 Урбани подрачја со препознатливи амбиентално-архитектонски и др. одлики

G: Други културни предели

[уреди извор]
G01 Културни пејзажи
G02 Подрачја од научен интерес

X: Непознато

[уреди извор]
X Се користи кога не ви е јасно или не сте сигурни во која категорија треба да се стави сликаното

Образец за подигање слики

[уреди извор]

Подигнете слики!

Контакт

[уреди извор]

Надворешни врски

[уреди извор]