Википедија:Википреводи

Од Википедија — слободната енциклопедија

Википреводи ― проект започнат во јули 2019 година од страна на здружението на граѓани Споделено знаење. Проектот има за цел да организира настани со луѓе со добро знаење и вештини на други јазици, професори, студенти и останати лица, сè со цел да бидат создавани статии преку преведување. Исто така, учесниците ќе имаат можност да создаваат статии преку алатката за превод на содржината на Википедија, при што ќе имаат можност да го исправат преводот и да ја надградат самата алатка.

Јуни 2019

Бр. Корисник Статија
1. Biljana235
2. MihailEzov
3. Dare194 S
4. Љубиша Владимиров
5. Љолес85
6. Stojanovski04

Галерија[уреди извор]

Мај[уреди извор]

Групна фотографија со учесниците.

На 7 мај беше организиран уредувачки настан во кој беа вклучени четири студенти од Катедрата за преведување и толкување при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ заедно со двајца активисти на Споделено знаење. Во таа прилика беа создадени пет статии. Целта на потфатот беше да се преведуваат статии од Википедија на македонски јазик кон Википедија на англиски јазик, односно преведување на месната содржина создавана од македонските Википедијанци ширум годините. Дополнително, на 10 мај беа создадени три статии. Утредента и на 14, две статии беа создадени.

Мај 2022

Бр. Корисник Статија
1. IvanellaV
2. RGEWildfire
3. Lina Volkanovska
4. AnaMi0033
5. Иван Ж
6. Dandarmkd

Септември[уреди извор]

Со нов поединец од Волонтерскиот Центар Скопје, почнавме да создаваме статија на англиската Википедија. На 12-ти беше направена работилница преку групна соработка со Волонтерски Центар Скопје. Вкупно седум луѓе беа дел од активноста, од кои тројца беа сосема нови активисти. Од 12 до 15 часот, статии беа опфатени на англиската, македонската, полската, финската, германската и француската Википедија. Во наведените часови беа објавени четири нови статии (два на англиска, една на македонски и една на википедија на француски јазик). На крајот на истиот ден беше создадена уште една статија на македонската Википедија.

Септември 2022

Бр. Корисник Статија
1. Волонтерски Центар Скопје
2. Dandarmkd

Октомври[уреди извор]

На 27 октомври, имавме уредувачка работилница која беше одржана во Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе, во соработка со координатори и студенти од веќе споменатиот универзитет. На работилницата вкупно имаше 6 лица кои пишуваа статии на англиската википедија (6 нови и 1 подобрена) и македонската википедија (1 нова статија). Статиите беа поврзани со МСУ.

Октомври 2022

Бр. Корисник Статија
1. Unikatunikat
2. Sofija0812
3. Anabela Nik 2002
4. Panajotova996

Галерија[уреди извор]

Галерија од енциклопедиска употреба
Галерија од уредувачкиот настан