Википедија:Викиклуб Американско катче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Официјално лого на викиклубот

Викиклуб Американско катче Скопје — викиклуб во просториите на American Corner Skopje, кој започнал со работа на 6 февруари 2018 година. Викиклубот има предвидено шест различни предавања за Википедија, како и за нејзините сестрински проекти од движењето.

На овие предавања, учесниците можат да научат како се уредува на Википедија, како се подигнуваат фотографии на Заедничката Ризница, што е отворена база на податоци и нејзините можности, како и други проекти и содржини. Учесниците биле одбрани врз основа на покажаниот интерес преку пополнување на образец за учество на викиклубот, иако оставена е можност за слободно присуство на некое од предавањата.

Програма[уреди извор]

Теми на предвидените предавања во Викиклубот
Датум Тема на предавањето
6 февруари Википедија 101: Што е Википедија?
20 февруари Уредување: Статија на Википедија во неколку чекори
6 март Проверка на содржина: Барање за извори
20 март Уредувачки предизвици: Пополнување на јазовите во содржината
3 април Заедничка Ризница: Богатство на слободни мултимедијални содржини
17 април Википодатоци: Нова визија за податоци и знаење

Извештај[уреди извор]

Прво предавање (06.02.2018)[уреди извор]

На првото предавање „Википедија 101: Што е Википедија?“ беа присутни шестмина нови корисници, како и двајца волонтери во самото катче. Предавањето беше водено од страна на корисникот Kiril Simeonovski, додека корисниците Ehrlich91 и Македонец биле исто така присутни на предавањето и им помагале на новите корисници во нивното снаоѓање со првите чекори на Википедија.

Предавањето траеше час и половина, на кое беа прикажани основните алатки на Википедија, поставеноста на Википедија, како и претставување на новата алатка за превод на содржини од еден на друг јазик, што е олеснување при започнување на нова статија.

Присутни корисници на предавањето
Корисник Врска до нивните придонеси
AlxTodorovska Придонеси
khachaturian1 Придонеси
ale.grzyb Придонеси
Lide Magde Придонеси
АрсГеоИст Придонеси
SaraOsmani Придонеси

Галерија[уреди извор]

Второ предавање (20.02.2018)[уреди извор]

Второто предавање насловено како „Уредување: Статија на Википедија во неколку чекори“ беше одржано на 20 февруари, на кое учесниците, вклучително и двајца нови членови, добија упатства и инструкции во понапредните уредувања и создавање нови статии на Википедија. Предавањето беше водено од страна на корисникот Kiril Simeonovski, додека корисниците Ehrlich91 и Македонец биле исто така присутни на предавањето и им помагале на новите корисници во нивното снаоѓање со првите чекори на Википедија.

Присутни корисници на предавањето
Корисник Врска до нивните придонеси
AlxTodorovska Придонеси
Lide Magde Придонеси
АрсГеоИст Придонеси

Галерија[уреди извор]

Трето предавање (06.03.2018)[уреди извор]

На 6 март, беше одржано третото предавање кое беше наменето за проектот Заедничка Ризница. Членови на клубот беа запознаени со работата и значењето на Заедничката Ризница, како и лиценцирањето на сите видови мултимедијални датотеки, како што се слики, видео-снимки и анимации поставени на Заедничката ризница. На крајот, присутните беа информирани и упатени како да прикачат слика и да ја вметнат и искористат во статија на Википедија. Со оглед на темата на ова предавање, предавачите Kiril Simeonovski, Ehrlich91 и Македонец го претставија и проектот Фотолов, информирајќи ги присутните за можноста да аплицираат и да спроведат Фотолов.

Галерија[уреди извор]

Четврто предавање (20.03.2018)[уреди извор]

Четвртото предавање беше одржано на 20 март, каде сите учесници имаа задача да работат на 3 статии: да се подобри и прошири постоечката статија со додавање на слика и текст, да се создаде нова статија преку алатка за преведување од постоечка статија на Википедија на англиски јазик и да се создаде сосема нова статија од извори и текст за објекти од културното наследство на Македонија. Сето ова беше поставено со цел да се види степенот на вештина за уредување на Википедија која учесниците ја имаат стекнато на претходните предавања, а во исто време да ги подобрат, практикуваат и увежбуваат своите вештини за работење на Википедија. На предавањето на дел од учесниците во уредувањето им помагаа предавачите Ehrlich91, Македонец и Иван Ж.

Присутни корисници на предавањето
Корисник Врска до нивните придонеси
AlxTodorovska Придонеси
Lide Magde Придонеси
АрсГеоИст Придонеси
Magdakrnov Придонеси

Галерија[уреди извор]

Надворешни врски[уреди извор]