Википедија:Викикамп Попова Шапка 2025
Викикамп Попова Шапка 2025 |
Викикамп Попова Шапка е тродневен Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за време на викендот 5-7 декември 2025 година, и е посветен тематски за „Занаети и народни носии“. Проектот е во организација на Здружението Викимедија МКД. Годинава Викикампот се одржува во хотел Арена, Попова Шапка. Викикампот опфаќа ученици од различна возраст и од различни училишта од Македонија.
Цели и правила
[уреди извор]Викикамп Попова Шапка е проект на Викимедија МКД, со цел зголемување на статии и содржини на Википедија на македонски јазик на слободни теми, подобрување на постоечките статии, како и обука на несигурните уредувачи. Сите стари и нови членови на Вики Клубовите во Македонија се добредојдени да земат учество. Во текот на Викикампот, ќе се одржат неколку заеднички уредувања.
Најдобрите пет учесници ќе ги добијат своите награди на крајот од Викикампот.
Програма
[уреди извор]Детален преглед на програмата за Викикампот Попова Шапка 2025 може да се најде на службеното мрежно место за Кампот. Деталната програма вклучува детален опис на задолжителните активности планирани за овој Викикамп, како и дополнителните, спортско-рекреативни и забавни активности. Во прилог, сепак, се наведува грубата програмска шема на Викикампот:
- Петок, 5 декември 2025
- 14:00 - Тргнување од Скопје од пред Холидеј Ин, и пристигнување во хотелот во попладневните часови и сместување
- 19:00 - вечера
- 20:00 – 22:00 - Отворање на настанот, и потоа заедничко уредување и слободни активности
- Сабота, 6 декември 2025
- 8:00 – 9:00 - Утринска гимнастика пред појадок
- 9:00 - Појадок
- 10:00 – 12:00 - Предавања, па потоа уредување на Википедија, дополнување и создавање нови статии
- 13:00 – ручек и потоа прошетка во околината и заедничка/ групна фотографија
- 17:00 - 19:00 - Предавања, а потоа заедничка игра со прашања и одговори.
- 19:00 – вечера
- 21:00 - 23:00 - Заедничка забава
- Недела, 7 декември 2025
- 8:00 – 9:00 - Утринска гимнастика пред појадок
- 9:00 - Појадок
- 10:00 – 11:00 - Заедничко уредување на Википедија,
- 13:00 – ручек, доделување на сертификати и награди за најуспешните, па напуштање на хотелот околу 14:30
Учесници
[уреди извор]Учесниците и нивните придонеси може да се најдат на Википедија:Викикамп Попова Шапка 2025/Учесници
Потребни статии
[уреди извор]Кампот е посветен тематски на „Занаети и народни носии“. Ова е Списокот на потребни статии.
Контакт
[уреди извор]Повеќе информации можете да добиете со непосреден контакт преку испраќање порака на електронската пошта: kontakt@wikimedia.mk или посета на службеното мрежно место за Кампот, како и контактирање на одговорните корисници на Википедија за овој проект: Виолетова, MB, Jtasevski123.
Надворешни врски
[уреди извор]- Службено мрежно место на Викикампот
- Сите фотографии на оваа категорија