Википедија:Викикамп Маврово 2022

Од Википедија — слободната енциклопедија
ВикиПроект
„ВикиКамп Маврово 2022“

Викикамп Маврово е тродневен Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за време на викендот 6-8 мај 2022 година. Проектот е во организација на Здружението ГЛАМ Македонија. Годинава Викикампот се одржува во комплексот Кораб Трница. Викикампот опфаќа ученици од различна возраст и од различни училишта од Македонија.

Цели и правила[уреди извор]

Викикамп Маврово е проект на ГЛАМ Македонија, со цел зголемување на статии и содржини на Википедија на македонски јазик на слободни теми, подобрување на постоечките статии, како и обука на несигурните уредувачи. Сите стари и нови членови на Вики Клубовите во Македонија се добредојдени да земат учество. Во текот на Викикампот, ќе се одржат неколку заеднички уредувања.

Најдобрите пет учесници ќе ги добијат своите награди на крајот од Викикампот.

Програма[уреди извор]

Детален преглед на програмата за Викикампот Маврово 2022 може да се најде на службеното мрежно место за Кампот. Деталната програма вклучува детален опис на задолжителните активности планирани за овој Викикамп, како и дополнителните, спортско-рекреативни и забавни активности. Во прилог, сепак, се наведува грубата програмска шема на Викикампот:


• Петок, 6 мај 2022
- Тргнување од Скопје и пристигнување во хотелот во попладневните часови и сместување
- Отворање на настанот, и заедничко уредување
- Вечера и слободни активности
• Сабота, 7 мај 2022
- Уредување на Википедија, дополнување и создавање нови статии
- Прошетка во околината и фотографирање
- Две куси предавања во текот на попладневните часови
- Краток курс за прикачување фотографии на Заедничка ризница, истовремено втора група: напредно уредување на Википедија
- Заедничка забава
• Недела, 8 мај 2022
- Заедничко уредување на Википедија,
- Заедничка фотографија
- Вики Кампот завршува со ручек, доделување на сертификати и награди за најуспешните, па напуштање на хотелот.

Учесници[уреди извор]

Учесниците и нивните придонеси може да се најдат на Википедија:Викикамп Маврово 2022/Учесници

Контакт[уреди извор]

Повеќе информации можете да добиете со непосреден контакт со ГЛАМ Македонија преку испраќање порака на електронската пошта: glammacedonia@gmail.com или посета на службеното мрежно место за Кампот, како и контактирање на одговорните корисници на Википедија за овој проект: Виолетова, MB, Frosina.D.

Надворешни врски[уреди извор]