Уредување во друштво на Риско, маскотата на Вики Клубовите
Викикамп Дојран 2018 е насловен проект на вики кампот кој е организиран од страна на Здржението на граѓани ГЛАМ Македонија. Викикампот оваа година се одржува во Дојран во хотел „Полин“ од 7 до 9 септември 2018 година. Викикампот опфаќа ученици од различна возраст и од различни основни и средни училишта од Македонија, а главната цел на проектот е зголемување на статии и содржини на Википедија на македонски јазик, како и подобрување на постоечките статии на семрежната енциклопедија.
Заедничка фотографијаЗаедничка фотографијаЗаедничко уредувањеПрошетка до црквата Св. ИлијаСпремни за предавањеПредавање за фотографијаПредавање за „Напредно уредување“Утрински физички активностиВо слободно времеВредните прсти работат навечерИнтервју за локално радио
Детален преглед на програмата за Викикампот Дојран 2018 може да се најде на службеното мрежно место за Кампот. Деталната програма вклучува детален опис на задолжителните активности планирани за овој Викикамп, како и дополнителните, спортско-рекреативни и забавни активности. Во прилог, сепак, се наведува грубата програмска шема на Викикампот:
• Петок, 7 септември 2018
- Тргнување од Скопје и пристигнување во хотелот во попладневните часови и сместување
- Почетен курс за Википедија за новите, уредување за Википедијанците (две групи)
- Вечера и слободни активности
• Сабота, 8 септември 2018
- Уредување на Википедија, дополнување и создавање нови статии
- Прошетка во околината и фотографирање
- Уредување на Википедија, дополнување и создавање нови статии
- Краток курс за прикачување фотографии на Заедничка ризница, истовремено втора група: напредно уредување на Википедија
- Заедничка забава
• Недела, 9 септември 2018
- Заедничко уредување на Википедија,
- Заедничка фотографија
- Вики Кампот завршува со ручек, доделување на сертификати и награди за најуспешните, па напуштање на хотелот.
Повеќе информации можете да добиете со непосреден контакт со ГЛАМ Македонија преку испраќање порака на електронската пошта: glammacedonia@gmail.com или посета на службеното мрежно место за Кампот, како и контактирање на одговорните корисници на Википедија за овој проект: Виолетова, MB, Gordi.