Википедија:Викикамп Брајчино 2017/Програма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Во продолжение е извршен детален преглед на програмата за Викикампот Брајчино 2017.

Петок, 8 септември[уреди извор]

Вовед и запознавање[уреди извор]

Активноста опфатила воведување на учесниците на кампот со планираните активности и кратко претставување на секој од учесниците.

  • Вид на активност: групна дискусија.
  • Термин: 15:30-16:00.
  • Времетраење: 30 минути.

Што е Википедија?[уреди извор]

Активноста опфатила предавање за основите на Википедија. Во него биле опфатени објаснувања за пристапувањето до главната страница на Википедија, создавањето на корисничка сметка, најавувањето со постоечка корисничка сметка, начинот на кој се уредуваат страници, значењето на страниците за разговор, различните кориснички групи и прегледот на скорешните промени.

Уредување на Википедија[уреди извор]

Активноста опфатила работилница за уредување на статии за реки во Македонија. Работилницата содржела создавање на страница во неколку чекори, почнувајќи од отворање на образец за уредување, внесување на содржината на статијата, викифицирање на внесената содржина, додавање на наводи и користена литература, внесување на инфокутија, категоризација на статијата и завршувајќи со зачувување на статијата.

Викидоџо[уреди извор]

Активноста опфатила организирање на играта Викидоџо на тема за уредување со согласност на самите учесници. Како тема за уредување била избрана пејачката Ерзана за којашто не постоела статија на Википедија на македонски јазик.

  • Вид на активност: работилница.
  • Термин: 17:30-18:00.
  • Времетраење: 30 минути.

Прошетка низ Брајчино[уреди извор]

Во првиот слободен термин на кампот, учесниците се групирале во неколку групи и се упатиле кон различни делови од селото.

Вечерни активности (прв ден)[уреди извор]

Вечерните активности биле определени со согласност на самите учесници. Поголемиот дел од учесниците се упатиле на Дупени Бич, каде што била организирана журка со музика во живо покрај Преспанското Езеро.

Сабота, 9 септември[уреди извор]

Работни групи: Истражување во Љубојно[уреди извор]

Учесниците биле поделени во три работни групи, кои спровеле теренско истражување во соседното село Љубојно:

  • првата група, предводена од Тони Ристовски, истражувала на тема „Архитектура“;
  • втората група, предводена од Илија Алаѓозовски, истражувала на тема „Природа“; и
  • третата група, предводена од Кирил Симеоновски, истражувала на тема „Храна и археологија“.
  • Вид на активност: теренско истражување.
  • Термин: 09:00-14:00.
  • Времетраење: 5 часа.

Ризница[уреди извор]

Активноста опфатила предавање за основите на Ризницата. Во него биле опфатени објаснувања за пристапувањето до главната страница на Ризницата, начинот на кој се подигаат фотографии и прегледот на подигнатите фотографии.

Подигање фотографии на Ризницата (прв дел)[уреди извор]

Активноста опфатила подигање на фотографиите направени за време на теренското истражување во селото Љубојно на Ризницата.

  • Вид на активност: работилница.
  • Термин: 17:00-18:00.
  • Времетраење: 1 час.

Уредувачки маратон (прв дел)[уреди извор]

Активноста опфатила уредување нови статии на теми поврзани со теренското истражување во селото Љубојно и додавање на подигнатите фотографии во статии.

  • Вид на активност: работилница.
  • Термин: 18:00-20:00.
  • Времетраење: 2 часа.

Вечерни активности (втор ден)[уреди извор]

Вечерните активности биле определени со согласност на самите учесници. Најпрвин биле организирани друштвени игри, а подоцна журка со музика во живо.

Недела, 10 септември[уреди извор]

Работни групи: Истражување во Брајчино[уреди извор]

Учесниците биле поделени во три работни групи, кои спровеле теренско истражување во селото Брајчино со околината:

  • Вид на активност: теренско истражување.
  • Термин: 09:00-12:00.
  • Времетраење: 3 часа.

Подигање фотографии на Ризницата (втор дел)[уреди извор]

Активноста опфатила подигање на фотографиите направени за време на теренското истражување во селото Брајчино со околината на Ризницата.

  • Вид на активност: работилница.
  • Термин: 12:00-13:00.
  • Времетраење: 1 час.

Уредувачки маратон (втор дел)[уреди извор]

Активноста опфатила уредување нови статии на теми поврзани со теренското истражување во селото Брајчино со околината и додавање на подигнатите фотографии во статии.

  • Вид на активност: работилница.
  • Термин: 13:00-14:00.
  • Времетраење: 1 час.

Затворање на кампот[уреди извор]

Активноста опфатила завршно обраќање и групно фотографирање на учесниците.

  • Вид на активност: групна дискусија.
  • Термин: 14:00-15:00.
  • Времетраење: 1 час.