Викикамп Берово 2017 е насловен проект на вики кампот кој е организиран од страна на Здржението на граѓани ГЛАМ Македонија. Викикампот оваа година се одржува во Берово во хотел „ВИП“ од 15 до 17 декември 2017 година. Викикампот опфаќа ученици од различна возраст и од различни основни училишта од Македонија и главната цел на проектот е зголемување на статии и содржини на Википедија на македонски јазик, како и подобрување на постоечките статии на семрежната енциклопедија.
Детален преглед на програмата за ВикиКампот Берово 2017 може да се најде на службеното мрежно место за Кампот. Деталната програма вклучува детален опис на задолжителните активности планирани за овој ВикиКамп, како и допилнителните, спортско-рекреативни и забавни активности. Во прилог, сепак, се наведува грубата програмска шема на ВикиКампот:
• Петок, 15 декември 2017
- Тргнување од Скопје и пристигнување во хотелот во попладневните часови и сместување
- Почетен курс за Википедија за новите, уредување за Википедијанците (две групи)
- Вечера и слободни активности
• Сабота, 16 декември 2017
- Уредување на Википедија, дополнување и создавање нови статии
- Прошетка во околината и фотографирање
- Уредување на Википедија, дополнување и создавање нови статии
- Краток курс за прикачување фотографии на Заедничка ризница, истовремено втора група: напредно уредување на Википедија
- Заедничка забава
• Недела, 17 декември 2017
- Заедничко уредување на Википедија,
- Заедничка фотографија
- Вики Кампот завршува со ручек, доделување на сертификати и награди за најуспешните, па заминување за Скопје
Повеќе информации можете да добиете со непосреден контакт со ГЛАМ Македонија преку испраќање порака на електронската пошта: glammacedonia@gmail.com или посета на службеното мрежно место за Кампот, како и контактирање на одговорните корисници на Википедија за овој проект: Виолетова, MB, Gordi и Matilda Bajkova.