Википедија:Викиекспедиции 2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ВикиПроект
„Викиекспедиции“
Shared Knowledge Logo.svg
Викиекспедиции.svg
Wikipedia-logo-v2.svg
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Во текот на 2016 година биле организирани шест викиекспедиции, со кои би биле опфатени следните области:

  1. Лакавичко — дводневна експедиција;
  2. Железник — дводневна експедиција;
  3. Дебарца — еднодневна експедиција;
  4. Преспа — дводневна експедиција;
  5. Злетовско-пробиштипско — еднодневна експедиција; и
  6. Малешевија — дводневна експедиција.

Прва експедиција[уреди извор]

Лакавичко[уреди извор]

Учесници на експедицијата пред возилото, заедно со ознаката на страничните врати, пред патоказот со кој се означува влезот на Општина Конче
Карти на посетени места
Подрачја во Општина Конче (лево) и Општина Радовиш (десно) покриени со експедицијата

Викендот на 2 и 3 април, нашите членови во состав на Македонец, Ehrlich91, Kiril Simeonovski и Petrovskyz се упатиле кон Лакавичко, област главно сместена во Општина Конче. Експедицијата започнала на 2 април, тргнувајќи од Скопје во шест часот, при што членовите на првата експедиција за 2016 година, веќе во осум часот влегле во границите на Општина Конче, а со тоа и на Лакавичката област. Иако, веднаш имало план да се упатат кон селото Гарван, сепак по укажување на мештанин од состојбата на патот, одлучивме да започнеме најпрвин со другите села. Така, првите фотографии биле направени од браната и езерото Мантово, а подоцна и од селата Долна Враштица и од Долни Радеш, кои се сместени покрај самите брегови на езерото, заедно со новата викенд-населба околу езерото.

По крајбрежните села, експедицијата продолжи со посета на селото Габревци, каде бевме одлично пречекани од локалното население, со кои остваривме бројни контакти. Потоа, се упативме кон селата Конче и Лубница, иако сакавме да го посетиме и селото Скоруша, но поради лошиот пат, се откажавме и од ова село. Во Лубница и Конче направивме одлични фотографии од старите цркви, средновековната Горна Кула, црквата „Св. Стефан“ во Конче, најстарата градба во Конче и целата област, која празнува 650 години постоење и општинските установи во самото средиште на селото Конче. Подоцна, ги посетивме селата во горното течение на реката Крива Лакавица, Горни и Долни Липовиќ и Ракитец.

Кон крајот на денот, членовите веќе се упатиле кон селата Дедино и Ињево, како последни од целата област и Ињевско-коневачката парохија, со што вкупната бројка на посетени села се заокружи на десет.

Вториот ден, екипата го започнала со фотографирање на дел од општествените установи во градот Радовиш, самиот центар на градот, црквите во градот. Иако сакавме да ги посетиме селата Гарван, Загорци и Скоруша, со што би го завршиле нашето патување во Општина Конче, сепак поради лошите услови на патот, како и нестабилните временски услови, се одлучивме да се вратиме кон Скопје и наместо тие села ги посетиме селата Пиперово и Лесковица.

Покрај планираните села, во оваа експедиција биле посетени и фотографирани селата: Штурово, црквата „Св. Троица“ во Козбунар (на пат кон нашето сместување во хотелот „Бел камен“); Сулдурци и градот Радовиш во текот на вториот ден од нашата посета, како и селата Пиперово и Лесковица (на пат кон Скопје).

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Сулдурци — село Сулдурци 08.JPG подобрена статија
2. Смрдеш (планина) — планина Смрдеш планина 01.JPG подобрена статија
3. Црква „Св. Илија“ - Лубница — манастирска црква Црква „Св. Илија“ - Лубница.jpg нова статија
4. Црква „Св. Илија“ - Сулдурци — црква Црква Св. Илија - Сулдурци 1.JPG нова статија
5. Црква „Св. Атанасиј“ - Сулдурци — манастирска црква Црква Св. Атанасиј - Сулдурци 01.JPG нова статија
6. Долна Враштица — село ЕкспедицијаЛакавичко 24.jpg подобрена статија
7. Мантово — езеро Езеро Мантово.jpg нова статија
8. Црква „Вознесение Христово“ - Габревци — црква ЕкспедицијаЛакавичко 32.jpg нова статија
9. Црква „Св. Теодор Тирон“ - Пиперово — црква Theodore of Amasea Church in Piperovo NW View.jpg нова статија
10. Црква „Св. Константин и Елена“ - Лубница — црква ЕкспедицијаЛакавичко 55.jpg нова статија
11. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Ракитец — црква ЕкспедицијаЛакавичко 113.jpg нова статија
12. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Долни Липовиќ — црква ЕкспедицијаЛакавичко 143.jpg нова статија
13. Црква „Св. Великомаченик Георгиј“ - Горни Липовиќ — црква ЕкспедицијаЛакавичко 122.jpg нова статија
14. Црква „Св. Стефан“ - Конче — манастирска црква ЕкспедицијаЛакавичко 90.jpg подобрена статија
15. Црква „Св. Никола“ - Дедино — црква ЕкспедицијаЛакавичко 162.jpg подобрена статија
16. Црква „Св. Атанасиј“ - Дедино — црква ЕкспедицијаЛакавичко 209.jpg подобрена статија
17. Црква „Вознесение Христово“ - Ињево — црква ЕкспедицијаЛакавичко 217.jpg нова статија
18. Долни Радеш — село ЕкспедицијаЛакавичко 25.jpg подобрена статија
19. Црква „Св. Петка“ - Ињево — манастирска црква Saint Petka Church in Injevo.jpg нова статија
20. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Долни Липовиќ — црква ЕкспедицијаЛакавичко 147.jpg нова статија
21. Горни Липовиќ — село ЕкспедицијаЛакавичко 201.jpg подобрена статија
22. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лубница — црква ЕкспедицијаЛакавичко 83.jpg нова статија
23. Црква „Св. Троица“ - Козбунар — црква ЕкспедицијаЛакавичко 226.jpg нова статија
24. Црква „Св. Димитриј“ - Габревци — манастирска црква ЕкспедицијаЛакавичко 45.jpg нова статија
25. Дедино — село Дедино 02.JPG подобрена статија
26. Долни Липовиќ — село Долни Липовиќ 01.JPG подобрена статија
27. Конче — село ЕкспедицијаЛакавичко 52.jpg подобрена статија
28. ОУ „Гоце Делчев“ - Конче — основно училиште ЕкспедицијаЛакавичко 86.jpg подобрена статија
29. Конечки манастир — средновековен манастир ЕкспедицијаЛакавичко 88.jpg нова статија
30. Серта — планина ЕкспедицијаЛакавичко 80.jpg подобрена статија
31. Лакавичко — област Панорама на Лесковица.jpg нова статија
32. Џамија (Конче) — џамија ЕкспедицијаЛакавичко 106.jpg нова статија
33. Конечки Езера — вештачки езера ЕкспедицијаЛакавичко 73 (cropped).jpg нова статија
34. ФК Серта — фудбалски клуб ЕкспедицијаЛакавичко 101.jpg подобрена статија
35. Лубница — село ЕкспедицијаЛакавичко 74.jpg подобрена статија
36. Штурово — село ЕкспедицијаЛакавичко 225.jpg подобрена статија
37. Ракитец — село ЕкспедицијаЛакавичко 118.jpg подобрена статија
38. Пиперово — село ЕкспедицијаЛакавичко 03.jpg подобрена статија
39. Црква „Св. Богородица“ - Пиперово — црква ЕкспедицијаЛакавичко 12.jpg нова статија
40. Лесковица — село Панорама на Лесковица.jpg подобрена статија
41. Ињево — село ЕкспедицијаЛакавичко 213.jpg подобрена статија
42. Крива Лакавица — река Крива Лакавица.jpg подобрена статија
43. Козбунар — село ЕкспедицијаЛакавичко 226.jpg подобрена статија
44. Црква „Св. Спасо Радовишки“ - Радовиш — црква ЕкспедицијаЛакавичко 01.jpg нова статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на Викиекспедицијата во Лакавичко, веќе можете да ги најдете на следнава категорија:

Втора експедиција[уреди извор]

Карта на посетените места (со жолто) во рамките на Општина Демир Хисар

Железник[уреди извор]

Возилото користено за време на експедиција (фотографирано во селото Железнец

На 4 и 5 јуни, нашите членови во состав на Македонец, Kiril Simeonovski, Ehrlich91 и Petrovskyz, спровеле опсежна Викиекспедиција во областа Железник, денешна Општина Демир Хисар.

Втората експедиција започнала на 4 јуни, тргнувајќи од Скопје во раните утрински часови, експедиција преку превојот Стража, каде била направена и единствена пауза, пристигнала околу осум часот во селото Велмевци, прво село од списокот на села за посета во областа на Железник. Дента биле планирани да се посетат селата од поранешната Општина Сопотница и тоа било исполнето во најголем дел. Дента, членовите на експедиција имале можност да се запознаат со два ретки занаети во Македонија, ќумурџирството во Базерник и валавничарството во Вирово. Воедно било посетено и селото Слоештица каде се наоѓа гробот на еден од најпознатите писатели во Македонија, Петре М. Андреевски.

Иако скоро непрепознатлив, обвиен со прашина од блискиот рудник, сепак го пронајдовме средновековниот Топлички манастир, денес во атар на селото Слоештица. Од манастирот е зачувана само манастирската црква, која немавме можност да ја посетиме одвнатре. По манастирот, беше посетено и селото Бабино, каде што се наоѓа најголемата приватна библиотека во Македонија. За жал, поради лоши услови на патиштата се откажавме од посета на селата Церово, Боиште и иселеното село Лесково.

Вечерта, членовите се упатиле кон Журче, покрај кое само поминале и се упатиле кон градот Крушево, каде што планирале да преноќат.

Наредниот ден, симнувајќи се од Крушево по друг пат, од селото Долно Дивјаци, членовите на Викиекспедиција навлегле во Општина Демир Хисар преку селото Кочиште и потоа започнале да се симнуваат кон рамничарските села околу градот Демир Хисар.

Во вториот ден, екипата имале одлична можност за посета на манастирот во Журче, со потекло од XII век, денес активен женски манастир. Манастирот ни беше отворен и одлично објаснет од страна на една монахиња, кој поседува исклучително вреден фрескоживопис. Подоцна, членовите се упатиле кон револуционерното село Смилево, каде што се одржал клучниот Смилевски конгрес пред Илинденското востание. Во селото биле направени одлични панорамски фотографии, биле посетени трите селски цркви, двата споменици на сретселото, спомен-паркот на Даме Груев над селото, како и опсежна посета на спомен-музејот во Смилево, одлично објаснет од кустосот во музејот.

Со фотографирани 29 села од Општина Демир Хисар, оваа експедиција претставува најплодната експедиција досега.

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Велмевци — село Викиекспедиција Железник 4.jpg подобрена статија
2. Црква „Св. Илија“ - Велмевци — црква Викиекспедиција Железник 8.jpg подобрена статија
3. Црква „Св. Петка“ - Велмевци — црква Викиекспедиција Железник 22.jpg подобрена статија
4. Големо Илино — село Викиекспедиција Железник 32.jpg подобрена статија
5. Црква „Св. Петка“ - Големо Илино — црква Викиекспедиција Железник 30.jpg нова статија
6. Црква „Св. Никола“ - Големо Илино — црква Викиекспедиција Железник Дополнување 1.jpg нова статија
7. МХЕ „Големоилинска Река“ — мала хидроцентрала Викиекспедиција Железник 37.jpg нова статија
8. Мало Илино — село Традиционална куќа во Мало Илино 49.jpg подобрена статија
9. Малоилинска Река — река Викиекспедиција Железник 44.jpg нова статија
10. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Мало Илино — црква Викиекспедиција Железник 51.jpg нова статија
11. Црква „Св. Богородица“ - Железнец — црква Bogorodica Železnec 02.JPG нова статија
12. Железнец — село Викиекспедиција Железник 55.jpg подобрена статија
13. Црна Река — река Викиекспедиција Железник 39.jpg подобрена статија
14. Зашле — село Викиекспедиција Железник 72.jpg подобрена статија
15. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Зашле — манастирска црква Викиекспедиција Железник 80.jpg нова статија
16. Црква „Св. Илија“ - Зашле — црква Викиекспедиција Железник 66.jpg нова статија
17. Лубен — планина Викиекспедиција Железник 76.jpg подобрена статија
18. Брезово — село Викиекспедиција Железник 82.jpg подобрена статија
19. Црква „Св. Илија“ - Брезово — црква Викиекспедиција Железник 96.jpg нова статија
20. Црква „Св. Богородица“ - Доленци (стара црква) — црква Викиекспедиција Железник 102.jpg нова статија
21. Црква „Св. Богородица“ - Доленци (нова црква) — црква Викиекспедиција Железник 59.jpg нова статија
22. Доленци — село Викиекспедиција Железник 101.jpg подобрена статија
23. Базерник — село Викиекспедиција Железник 109.jpg подобрена статија
24. Бабинска Река — река Викиекспедиција Железник 106.jpg нова статија
25. МХЕ „Мала Река“ — мала хидроцентрала Викиекспедиција Железник 110.jpg нова статија
26. Рудник „Демир Хисар“ — рудник Викиекспедиција Железник 119.jpg нова статија
27. Црква „Св. Никола“ - Бабино — црква Викиекспедиција Железник 116.jpg нова статија
28. Бабино — село Викиекспедиција Железник 115.jpg подобрена статија
29. Вирово — село Викиекспедиција Железник 137.jpg подобрена статија
30. Црква „Св. Никола“ - Вирово — црква Викиекспедиција Железник 122.jpg нова статија
31. Црква „Св. Петка“ - Вирово — црква Викиекспедиција Железник 135.jpg нова статија
32. Мренога — село Викиекспедиција Железник 140.jpg подобрена статија
33. Црква „Вознесение Христово“ - Мренога — црква Викиекспедиција Железник 141.jpg нова статија
34. Слоештица — село Викиекспедиција Железник 143.jpg подобрена статија
35. Црква „Св. Петка“ - Слоештица — црква Викиекспедиција Железник 151.jpg нова статија
36. Црква „Св. Никола“ - Слоештица — манастирска црква Топлички манастир.jpg нова статија
37. Топлички манастир — манастир Викиекспедиција Железник 156.jpg нова статија
38. Жван — село Викиекспедиција Железник 162.jpg подобрена статија
39. Црква „Св. Атанасиј“ - Сопотница — манастирска црква Викиекспедиција Железник 167.jpg нова статија
40. Сопотница — село Викиекспедиција Железник 174.jpg подобрена статија
41. Сопотнички манастир — манастир Викиекспедиција Железник 169.jpg нова статија
42. Арилево — село Викиекспедиција Железник 176.jpg подобрена статија
43. Долно Дивјаци — село Викиекспедиција Железник 177.jpg подобрена статија
44. Жаба (река) — река Викиекспедиција Железник 179.jpg нова статија
45. Кочиште — село Викиекспедиција Железник 181.jpg подобрена статија
46. Црква „Св. Никола“ - Кочиште — црква Викиекспедиција Железник 184.jpg нова статија
47. Растојца — село Викиекспедиција Железник 188.jpg подобрена статија
48. Црква „Св. Богородица“ - Растојца — црква Викиекспедиција Железник 192.jpg нова статија
49. Ракитница — село Викиекспедиција Железник 198.jpg подобрена статија
50. Црква „Св. Димитриј“ - Ракитница — црква Викиекспедиција Железник 207.jpg нова статија
51. Ново Село (Демирхисарско) — село Викиекспедиција Железник 217.jpg подобрена статија
52. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ново Село — црква Викиекспедиција Железник 216.jpg нова статија
53. Прибилци — село Викиекспедиција Железник 230.jpg подобрена статија
54. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Прибилци — црква Викиекспедиција Железник 225.jpg нова статија
55. Црква „Св. Петка“ - Жван — црква Викиекспедиција Железник Дополнителни 06.jpg нова статија
56. ОУ „Браќа Миладиновци“ - Жван — основно училиште Викиекспедиција Железник Дополнителни 07.jpg подобрена статија
57. Црква „Св. Никола“ - Сопотница — црква Викиекспедиција Железник Дополнителни 08.jpg нова статија
58. Сопотничка парохија — црковна единица Викиекспедиција Железник Дополнителни 11.jpg нова статија
59. Слепчанска парохија — црковна единица Sv. Konstantin i Elena - Slepče 05.JPG нова статија
60. Демирхисарска парохија — црковна единица Викиекспедиција Железник 258.jpg подобрена статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на Викиекспедицијата во Железник, веќе можете да ги најдете на следнава категорија:

Трета експедиција[уреди извор]

Дебарца[уреди извор]

Карта на посетените села во Општина Дебарца
Википедијанци во разговор со мештани во селото Злести

На 13 август 2016 година (сабота) се одржа експедиција составена од Ehrlich91, Kiril Simeonovski и Македонец во областа на Дебарца, при што беа посетени вкупно 16 села.

Поради зафатеност на членот Македонец, целосно оправдано, односно спроведување на третиот дел од геоекспедициите на Шара во неделата, оваа Викиекспедиција ја спроведовме само во саботата, при што покривме вкупно 16 села, со што остануваат само 13 села од целата Општина Дебарца и само половина од нив во вистинската област Дебарца, кои планираме да ги покриеме некој следен викенд со уште посета на еден ден.

Веднаш по завршување на работните обврски во петокот, се упативме кон Охрид, каде што преноќивме за да можеме во саботата целосно одморени да тргнеме кон фотографирање на селата во областа Дебарца. Започнавме од селото Ботун, фотографирајќи ги селата од поранешната општина Белчишта. Среќна околност беше што селата беа близу едно до друго, па така многу брзо можевме да се движиме помеѓу нив. Наидовме на одличен прием од селаните, при што многу од селските цркви успеавме да ги фотографираме и во нивната внатрешност.

Целосно неочекувано при посетата на селото Злести и новоизградениот манастир „Св. Богородица“ во селото, откривме остатоци на стар храм во дворот на манастирот, со што фотографиравме значајно археолошко наоѓалиште. Исто така, во селото Лешани го фотографиравме манастирот „Сите Свети“, исто така, со стари зачувани градби, во кои денес е возобновен монашкиот живот. Значајни стари цркви успеавме да фотографираме и во селото Велмеј, каде што покрај познатата црква „Св. Богородица Ќелија“, вредни фрески се наоѓаа и во старата селска црква, кои ни беа објаснети од мештанин.

Експедицијата ја завршивме со фотографирање на остатоците од некогашното Слатинско Езеро, чија брана пукна пред неколку години, па сега е обраснато во трски, како и панорамска фотографија на селото Лактиње на пат кон Скопје.

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Ботун — село Викиекспедиција Дебарца 09.jpg подобрена статија
2. Злести — село Викиекспедиција Дебарца 27.jpg подобрена статија
3. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Злести — црква Викиекспедиција Дебарца 19.jpg нова статија
4. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Злести — црква Викиекспедиција Дебарца 58.jpg нова статија
5. Злестински манастир — манастир Викиекспедиција Дебарца 55.jpg нова статија
6. Св. Богородица Пречиста - Раштани — археолошки локалитет Викиекспедиција Дебарца 48.jpg нова статија
7. Црква „Св. Богородица“ - Ботун (нова) — црква Викиекспедиција Дебарца 14.jpg нова статија
8. Ботунски манастир — манастир Викиекспедиција Дебарца 10.jpg нова статија
9. Сатеска — река Викиекспедиција Дебарца 02.jpg подобрена статија
10. Белчишки Син Вир — блато Викиекспедиција Дебарца 72.jpg подобрена статија
11. Белчишта — село Викиекспедиција Дебарца 73.jpg подобрена статија
12. Општина Белчишта — административна единица Викиекспедиција Дебарца 72.jpg нова статија
13. Црква „Св. Никола“ - Белчишта — црква Викиекспедиција Дебарца 63.jpg нова статија
14. ОУ „Дебрца“ - Белчишта — основно училиште Викиекспедиција Дебарца 67.jpg подобрена статија
15. Црква „Св. Атанасиј“ - Белчишта — црква Викиекспедиција Дебарца 62.jpg нова статија
16. Лешани — село Викиекспедиција Дебарца 87.jpg подобрена статија
17. Црква „Св. Никола“ - Лешани — црква Викиекспедиција Дебарца 80.jpg нова статија
18. Црква „Св. Атанасиј“ - Лешани — црква Викиекспедиција Дебарца 92.jpg нова статија
19. Црква „Сите Светители“ - Лешани — црква Викиекспедиција Дебарца 98.jpg подобрена статија
20. Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - Лешани — црква Викиекспедиција Дебарца 101.jpg нова статија
21. Лешански манастир — манастир Викиекспедиција Дебарца 93.jpg нова статија
22. Велмеј — село Викиекспедиција Дебарца 132.jpg подобрена статија
23. Црква „Св. Никола“ - Велмеј — црква Викиекспедиција Дебарца 139.jpg подобрена статија
24. Црква „Св. Богородица Пречиста Ќелија“ - Велмеј — црква Викиекспедиција Дебарца 119.jpg подобрена статија
25. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Велмеј — црква Викиекспедиција Дебарца 128.jpg нова статија
26. Грко Поле — село Викиекспедиција Дебарца 152.jpg подобрена статија
27. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Грко Поле — црква Викиекспедиција Дебарца 148.jpg нова статија
28. Горно Средоречие — село Викиекспедиција Дебарца 161.jpg подобрена статија
29. Црква „Св. Богородица“ - Горно Средоречие — црква Викиекспедиција Дебарца 156.jpg нова статија
30. Долно Средоречие — село Викиекспедиција Дебарца 162.jpg подобрена статија
31. Ново Село (Дебарца) — село Викиекспедиција Дебарца 168.jpg подобрена статија
32. Црква „Св. Богородица“ - Ново Село — црква Викиекспедиција Дебарца 165.jpg нова статија
33. Песочани — село Викиекспедиција Дебарца 175.jpg подобрена статија
34. Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Песочани — црква Викиекспедиција Дебарца 173.jpg нова статија
35. Арбиново — село Викиекспедиција Дебарца 177.jpg подобрена статија
36. Сошани — село Викиекспедиција Дебарца 186.jpg подобрена статија
37. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Сошани — црква Викиекспедиција Дебарца 185.jpg нова статија
38. Оздолени — село Викиекспедиција Дебарца 199.jpg подобрена статија
39. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Оздолени — црква Викиекспедиција Дебарца 196.jpg нова статија
40. Слатински Чифлик — село Викиекспедиција Дебарца 218.jpg подобрена статија
41. Слатинско Езеро — езеро Викиекспедиција Дебарца 210.jpg подобрена статија
42. Црква „Св. Богородица“ - Слатински Чифлик — црква Викиекспедиција Дебарца 219.jpg нова статија
43. Слатино (Охридско) — село Викиекспедиција Дебарца 208.jpg подобрена статија
44. Црква „Св. Недела“ - Слатино — црква Викиекспедиција Дебарца 201.jpg нова статија
45. Црква „Св. Јован Крстител“ - Слатино — црква Викиекспедиција Дебарца 214.jpg нова статија
46. Слатински манастир — манастир Викиекспедиција Дебарца 213.jpg нова статија
47. Издеглавје — село Викиекспедиција Дебарца 220.jpg подобрена статија
48. Црква „Св. Димитриј“ - Издеглавје — црква Викиекспедиција Дебарца 223.jpg нова статија
49. Црква „Св. Софија“ - Издеглавје — црква Викиекспедиција Дебарца 226.jpg нова статија
50. Белчишка парохија — парохија Викиекспедиција Дебарца 63.jpg нова статија
51. Слатинска парохија — парохија Викиекспедиција Дебарца 202.jpg нова статија
52. Велмејска парохија — парохија Викиекспедиција Дебарца 139.jpg нова статија
53. Илинска Планина — планина Викиекспедиција Дебарца 143.jpg подобрена статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на Викиекспедицијата во Дебарца, веќе можете да ги најдете на следнава категорија:

Четврта експедиција[уреди извор]

Преспа[уреди извор]

Карта на посетените села во Општина Ресен

Во текот на викендот 23-25 септември, членовите на Викиекспедиции се упатија кон областа Преспа, каде била спроведена четвртата експедиција. Оваа експедиција започнала на 23 септември, кога членовите тргнале од Скопје во доцните попладневни часови, упатувајќи се кон Отешево, каде биле сместени членовите на експедиција, преку превојот „Стража“. Вечерта, членовите утврдиле план за следниот ден, со кој утврдиме кои села треба да бидат посетени.

Главна цел на двата активни дена со фотографирање на преспанските села била да се опфатат сите села на самото крајбрежје на Големото Преспанско Езеро од македонска страна, кои денес се сместени во една единствена општина, Општина Ресен. На 24 септември, членовите започнале со посета на првото село Стење веднаш по појадокот, при што посетиле одреден број села на западниот брег на езерото, пред да се префрлат на западниот брег на езерото, посетувајќи ги исконските села, Брајчино и Љубојно. Биле посетени многу цркви и манастири, пејзажи на езерото, јаболкници кои ги имало во изобилство поради периодот пред берба, старата зачувана архитектура во потпелистерските села на источниот брег, како и бројни панорамски фотографии на селата. Воедно, била фотографирана и најјужната точка на Македонија, Маркова Нога крај селото Долно Дупени. Вечерта, членовите на експедицијата присуствувале и на самата манифестација „Јаболкобер“ која се одржувала во градот Ресен.

Следниот ден, членовите на експедиција имале помал круг околу езерото, посетувајќи села на обата брега, при што биле посетени исто така бројни цркви и манастири, меѓу кои и познатиот Сливнички манастир, каде што биле направени и панорамски фотографии на самото езеро. Денот бил завршен со посета на големиот Преспански Крст сместен кај селото Подмочани, од каде што членовите ја привршиле својата успешна експедиција од овој крај. Во текот на двата дена, членовите често пати ја употребувале книгата „Населбите во Преспа“, која ќе биде користена и при пишување на статиите од овој крај.

Со фотографирани 29 села од Општина Ресен, оваа експедиција се израмнила со најплодната експедиција, која важела дотогаш, односно експедицијата во областа Железник.

Галерија
Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Стење — село Викиекспедиција Преспа 05.jpg подобрена статија
2. Национален парк Галичица — национален парк Викиекспедиција Преспа 32.jpg подобрена статија
3. ФК Стење — фудбалски клуб Викиекспедиција Преспа 05.jpg подобрена статија
4. Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Стење — црква Викиекспедиција Преспа 18.jpg подобрена статија
5. Црква „Св. Никола“ - Стење — црква Викиекспедиција Преспа 33.jpg нова статија
6. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Стење — црква Викиекспедиција Преспа 10.jpg нова статија
7. Црква „Св. Атанасиј“ - Стење (стара црква) — црква Викиекспедиција Преспа 03.jpg нова статија
8. Црква „Св. Атанасиј“ - Стење (нова црква) — црква Викиекспедиција Преспа 14.jpg нова статија
9. Лескоец (Ресенско) — село Викиекспедиција Преспа 41.jpg подобрена статија
10. Црква „Св. Никола“ - Лескоец (Ресенско) — црква Викиекспедиција Преспа 38.jpg нова статија
11. Отешево — село Викиекспедиција Преспа 52.jpg подобрена статија
12. Црква „Св. Недела“ - Сирхан — црква Викиекспедиција Преспа 48.jpg нова статија
13. Споменик за Преспанското советување на ЦК на КПМ — споменик Викиекспедиција Преспа 43.jpg нова статија
14. Шурленци — село Викиекспедиција Преспа 68.jpg подобрена статија
15. Црква „Св. Никола“ - Шурленци — црква Викиекспедиција Преспа 57.jpg нова статија
16. Покрвеник — село Викиекспедиција Преспа 59.jpg подобрена статија
17. Црква „Св. Никола“ - Покрвеник — црква Црква „Св. Никола“ - Покрвеник.jpg нова статија
18. Црква „Св. Атанасиј“ - Покрвеник — црква Викиекспедиција Преспа 66.jpg нова статија
19. Волкодери — село Викиекспедиција Преспа 59.jpg подобрена статија
20. Црква „Св. Атанасиј“ - Волкодери — црква Викиекспедиција Преспа 79.jpg нова статија
21. Козјак (Ресенско) — село Викиекспедиција Преспа 80.jpg подобрена статија
22. Џамија (Козјак) — џамија Викиекспедиција Преспа 80 (cropped).jpg нова статија
23. Рајца — село Викиекспедиција Преспа 90.jpg подобрена статија
24. Црква „Св. Никола“ - Рајца — црква Викиекспедиција Преспа 87.jpg нова статија
25. Брајчино — село Викиекспедиција Преспа 93.jpg подобрена статија
26. Баба (планина) — планина Викиекспедиција Преспа 110.jpg подобрена статија
27. Брајчинска Река — река Викиекспедиција Преспа 121.jpg нова статија
28. Брезница (река) — река Викиекспедиција Преспа 119.jpg нова статија
29. Црква „Св. Никола“ - Брајчино — црква Викиекспедиција Преспа 127.jpg нова статија
30. Црква „Св. Петка“ - Брајчино — црква Викиекспедиција Преспа 99.jpg нова статија
31. Брајчински манастир — манастир Викиекспедиција Преспа 102.jpg подобрена статија
32. Љубојно — село Викиекспедиција Преспа 142.jpg подобрена статија
33. ОУ „Димитар Влахов“ - Љубојно — училиште Викиекспедиција Преспа 157.jpg подобрена статија
34. Црква „Св. Јован Богослов“ - Љубојно — црква Викиекспедиција Преспа 160.jpg нова статија
35. Црква „Св. Петар и Павле“ - Љубојно — црква Св. Петар и Павле - Љубојно.jpg нова статија
36. Љубојнски манастир — манастир Викиекспедиција Преспа 156.jpg нова статија
37. Наколец — село Викиекспедиција Преспа 164.jpg подобрена статија
38. Црква „Св. Никола“ - Наколец — црква Викиекспедиција Преспа 166.jpg нова статија
39. Џамија (Наколец) — џамија Викиекспедиција Преспа 170.jpg нова статија
40. Долно Дупени — село Викиекспедиција Преспа 184.jpg подобрена статија
41. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Долно Дупени — црква Викиекспедиција Преспа 180.jpg подобрена статија
42. Маркова Нога — месност Викиекспедиција Преспа 188.jpg подобрена статија
43. Штрбово — село Викиекспедиција Преспа 190.jpg подобрена статија
44. Штрбовска Река — река Викиекспедиција Преспа 196.jpg нова статија
45. Црква „Св. Атанасиј“ - Штрбово — црква Викиекспедиција Преспа 194.jpg нова статија
46. Црква „Св. Никола“ - Штрбово — црква Викиекспедиција Преспа 210.jpg нова статија
47. Црква „Св. Димитриј“ - Штрбово — црква Викиекспедиција Преспа 200.jpg нова статија
48. Црква „Св. Богородица“ - Штрбово — црква Викиекспедиција Преспа 203.jpg нова статија
49. Црква „Св. Петка“ - Горно Штрбово — црква Викиекспедиција Преспа 204.jpg нова статија
50. Црква „Св. Петка“ - Долно Штрбово — црква Викиекспедиција Преспа 211.jpg нова статија
51. Арвати — село Викиекспедиција Преспа 222.jpg подобрена статија
52. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Арвати — црква Викиекспедиција Преспа 224.jpg нова статија
53. Црква „Св. Никола“ - Арвати — црква Викиекспедиција Преспа 217 (cropped).jpg нова статија
54. Кранска Река — река Викиекспедиција Преспа 219.jpg нова статија
55. Крани — село Викиекспедиција Преспа 215.jpg подобрена статија
56. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Крани — црква Викиекспедиција Преспа 213.jpg нова статија
57. Џамија (Крани) — џамија Викиекспедиција Преспа 214.jpg нова статија
58. Сливница — село Викиекспедиција Преспа 301.jpg подобрена статија
59. Црква „Св. Димитриј“ - Сливница — црква Викиекспедиција Преспа 328 (cropped).jpg подобрена статија
60. Црква „Св. Атанасиј“ - Сливница — црква Викиекспедиција Преспа 341.jpg нова статија
61. Црква „Св. Никола“ - Сливница — црква Викиекспедиција Преспа 327.jpg нова статија
62. Црква „Св. Петар“ - Сливница — црква Викиекспедиција Преспа 323.jpg нова статија
63. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Сливница — црква Викиекспедиција Преспа 303.jpg нова статија
64. Сливнички манастир — манастир Викиекспедиција Преспа 304.jpg подобрена статија
65. Претор — село Викиекспедиција Преспа 345.jpg подобрена статија
66. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Претор — црква Викиекспедиција Преспа 343.jpg нова статија
67. Асамати — село Викиекспедиција Преспа 382.jpg подобрена статија
68. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Асамати — црква Викиекспедиција Преспа 381.jpg нова статија
69. Џамија (Асамати) — џамија Викиекспедиција Преспа 389.jpg нова статија
70. Горна Бела Црква — село Викиекспедиција Преспа 288.jpg подобрена статија
71. Џамија (Горна Бела Црква) — џамија Викиекспедиција Преспа 288 (cropped).jpg нова статија
72. Долна Бела Црква — село Викиекспедиција Преспа 289.jpg подобрена статија
73. Црква „Св. Константин и Елена“ - Долна Бела Црква — црква Викиекспедиција Преспа 296.jpg нова статија
74. Грнчари — село Викиекспедиција Преспа 393.jpg подобрена статија
75. Црква „Св. Атанасиј“ - Грнчари — црква Викиекспедиција Преспа 391.jpg нова статија
76. Курбиново — село Викиекспедиција Преспа 346.jpg подобрена статија
77. Црква „Св. Јован Крстител“ - Курбиново — црква Викиекспедиција Преспа 351.jpg нова статија
78. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Курбиново — црква Викиекспедиција Преспа 359.jpg подобрена статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на Викиекспедицијата во Преспа, веќе можете да ги најдете на следнава категорија:

Петта експедиција[уреди извор]

Злетовско-пробиштипско[уреди извор]

Карта на посетените села во Општина Пробиштип

На 29 октомври 2016 година, четворица членови на Викиекспедиции се упатиле на еднодневно истражување во Злетово и Пробиштип, денес на подрачјето на единствената Општина Пробиштип. Поради помалиот број на села, членовите решиле дека е доволно еден ден за опфаќање на оваа општина.

Експедицијата започнала рано наутро во шест часот со тргнување од Скопје, при што преку регионалниот пат Скопје-Свети Николе-Пробиштип, учесниците пристапиле од западниот дел на Општина Пробиштип. Во текот на целиот ден, учесниците главно се движеле околу регионалниот пат Пробиштип-Кратово, посетувајќи ги блиските села, остварувајќи 16 посетени села на крајот на денот.

Покрај опфаќање на панорамски фотографии на селата, кои поради добрата местоположба на самите села, биле лесни за создавање, биле фотографирани и голем број селски цркви, познатиот Лесновски манастир, манастирите околу Злетово и Злетовска Река, како и браната Пишица, која сè уште е во изградба.

Галерија
Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Злетовско-пробиштипски регион — област Пејзаж во Злетовско-пробиштипско 4.jpg подобрена статија
2. Куково — село Панорама на селото Куково.jpg подобрена статија
3. Пуздерци — село Панорамски поглед на селото Пуздерци.jpg подобрена статија
4. Црква „Св. Илија“ - Пуздерци — село Влезната порта на црквата „Св. Илија“ - Пуздерци 2.jpg нова статија
5. Зарапинци — село Панорамски поглед на селото Зарапинци.jpg подобрена статија
6. Петришино — село Панорамски поглед на Петришино.jpg подобрена статија
7. Неокази — село Поглед на селото Неокази 2.jpg подобрена статија
8. Ратавица — село Панорамски поглед на селото Ратавица.jpg подобрена статија
9. Црква „Св. Троица“ - Ратавица — црква Црква „Св. Троица“ - Ратавица.jpg нова статија
10. Бунеш — село Поглед на селото Бунеш.jpg подобрена статија
11. Црква „Св. Илија“ - Бунеш — црква Камбанаријата на црквата „Св. Илија“ - Бунеш.jpg нова статија
12. Злетовска Река — река Злетовска Река покрај селото Ратавица.jpg подобрена статија
13. Злетово — село Панорамски поглед на селото Злетово.jpg подобрена статија
14. Турско Рудари — село Куќи во селото Турско Рудари.jpg подобрена статија
15. Злетовски манастир — манастир Конаците на Злетовскиот манастир.jpg нова статија
16. Црква „Св. Богородица Балаклија“ - Злетово — манастирска црква Манастирска црква „Пресвета Богородица Балаклија“ - Злетово.jpg нова статија
17. Зеленградски манастир — манастир Поглед на Зеленградскиот манастир.jpg нова статија
18. Црква „Св. Спиридон“ - Зеленград — манастирска црква Манастирска црква „Св. Спиридон“ - Зеленград.jpg нова статија
19. Лесново — село Поглед на Лесновскиот манастир.jpg подобрена статија
20. Лесновска Купа — вулканска купа Панорамски поглед на Лесново.jpg нова статија
21. Лесновски манастир — манастир Внатрешноста на Лесновскиот манастир.jpg подобрена статија
22. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Лесново — манастирска црква Црква „Св. Архангел Михаил“ - Лесново.jpg подобрена статија
23. Древено — село Панорамски поглед на селото Древено.jpg подобрена статија
24. Црква „Св. Јован Крстител“ - Древено — црква Црква „Св. Јован Крстител“ - Древено.jpg подобрена статија
25. Добрево — село Панорамски поглед на селото Добрево 2.jpg подобрена статија
26. Црква „Св. Илија“ - Добрево — црква Влезната порта од црквата „Св Илија“ - Добрево.jpg подобрена статија
27. Рудник „Добрево“ — рудник Рудник „Добрево“ 3.jpg подобрена статија
28. Трипатанци — село Панорамски поглед на селото Трипатанци.jpg подобрена статија
29. Лезово — село Поглед на селото Лезово.jpg подобрена статија
30. Трооло — село Црква „Св Троица“ - Трооло.jpg подобрена статија
31. Црква „Св. Троица“ - Трооло — црква Внатрешноста на црквата „Св. Троица“ - Трооло.jpg нова статија
32. Пишица — село Куќи во Пишица.jpg подобрена статија
33. Пишичко Езеро — вештачко езеро Брана во изградба покрај Пишица.jpg нова статија
34. Трета пробиштипска парохија — парохија Црква „Св Илија“ - Добрево.jpg подобрена статија
35. Четврта пробиштипска парохија — парохија Црква „Св. Илија“ - Пуздерци.jpg подобрена статија
36. Злетовска парохија — парохија Црква „Св. Илија“ - Бунеш 2.jpg подобрена статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на Викиекспедицијата во Злетовско-пробиштипско, веќе можете да ги најдете на следнава категорија:

Шеста експедиција[уреди извор]

Малешевија[уреди извор]

Карти на посетени места
Подрачја во Општина Берово (лево) и Општина Пехчево (десно) покриени со експедицијата

Рано утрината во 06:00 часот на 12 ноември (сабота) го започнавме нашето патување кон областа Малеш на крајниот исток од нашата земја. Времето уште на самиот почеток беше облачно, а и самите прогнози најавуваат обилни врнежи, невреме со грмотевица, како во Скопје, така и областа на градот Берово. Сепак, времето во текот на целиот ден, односно до 17:00 часот кога завршивме со посета на села за тој ден, беше сосема убаво, облачно и со росење на моменти кон крајот на денот. Поради тоа, првиот ден успешно ги завршивме планираните села за тој ден.

Во Општина Берово влеговме преку регионалниот пат од Виница и првото село кое го посетивме беше Митрашинци, каде нè пречека одлично сончево време, со што направивме одлични панорамски фотографии, ја посетивме старата и новата црква посветени на Свети Илија, како и старите куќи во ова големо село. Следно село кое го посетивме беше Будинарци, кое со својата положба пружа извонредна можност да се фотографира од самиот регионален пат. По посетата на селото Мачево, старото село, како и издвоениот дел на новоградби покрај патот, одлучивме дека е подобро во текот на првиот ден да продолжиме со пехчевските села во областа Малешевија.

Во Општина Пехчево беа посетени селата Робово, Умлена и Чифлик, како и Негрево, родното село на македонскиот писател Ефтим Клетников. Кога стигнавме во градот Пехчево, одлучивме да ги посетиме Пехчевските Водопади, како и месноста Равна Река, каде што се наоѓа и самиот извор на најголемата лева притока на Вардар, реката Брегалница. Успеавме да направиме одлични фотографии од областа, вистински есенски пејзажи.

Првиот ден го завршивме со враќање во градот Берово, каде што вечеравме, пробувајќи вистински домашни и традиционални јадења специфични за тој крај, како што се буламач и „малешевска тава“.

Вториот ден, го отпочнавме со посета на најоддалеченото беровско село, Двориште, оддалечено околу 20-тина километри од самиот град, каде што беше фотографирана и локалната река. На враќање кон Берово, беше посетено и селото Ратево, по кое некогаш самото езеро се нарекува Ратевско Езеро. Подоцна, продолживме со фотографирање на селата Русиново и Владимирово, големи беровски села со зачувана архитектура. Продолживме во селото Смојмирово, како и со мала посета на градовите Берово и Пехчево, фотографирајќи ги општествените установи во нив.

Галерија
Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. ЖС „Рајко Жинзифов“ — железничка станица ЖС „Рајко Жинзифов“.jpg подобрена статија
2. Митрашинци — село Панорама на Митрашинци 2.jpg подобрена статија
3. Црква „Св. Илија“ - Митрашинци (стара) — црква Црква „Св. Илија“ (стара) во Митрашинци.jpg нова статија
4. Црква „Св. Илија“ - Митрашинци (нова) — црква Црква „Св. Илија“ (нова) во Митрашинци.jpg нова статија
5. Будинарци — село Панорама на Будинарци.jpg подобрена статија
6. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Будинарци — црква Црква „Св. Ѓорѓи“ - Будинарци.jpg подобрена статија
7. Владимирово — село Викиекспедиција Малешевија (178).jpg подобрена статија
8. Црква „Вознесение Христово“ - Владимирово — црква Викиекспедиција Малешевија (181).jpg подобрена статија
9. Црква „Св. Илија“ - Владимирово — црква Црква „Св. Илија“ - Владимирово.jpg нова статија
10. Двориште (Беровско) — село Панорамски поглед на Двориште.jpg подобрена статија
11. Црква „Пресвета Богородица“ - Двориште — црква Црква „Св. Богородица“ - Двориште 3.jpg нова статија
12. Дворишка Река — река Викиекспедиција Малешевија (129).jpg нова статија
13. Мачево — село Панорамски поглед на Мачево.jpg подобрена статија
14. Црква „Св. Атанасиј“ - Мачево — црква Црква „Св. Атанасиј“ - Мачево.jpg нова статија
15. Негревска Река — река Негревчица во Чифлик.jpg нова статија
16. Црква „Св. Константин и Елена“ - Негрево — црква Црква „Св. Константин и Елена“ - Негрево.jpg нова статија
17. Црква „Вознесение Христово“ - Умлена — црква Црква „Св. Спас“ - Умлена.jpg нова статија
18. Црква „Св. Јован Богослов“ - Чифлик — црква Црква „Св. Јован Богослов“ - Чифлик.jpg нова статија
19. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Смојмирово — црква Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Смојмирово.jpg нова статија
20. Пехчевски Водопади — водопади Спиковски Водопад во Равна Река 2.jpg нова статија
21. Ратево — село Викиекспедиција Малешевија (135).jpg подобрена статија
22. Црква „Св. Петар и Павле“ - Ратево — црква Викиекспедиција Малешевија (138).jpg подобрена статија
23. Ратевска Река — река Викиекспедиција Малешевија (147).jpg нова статија
24. Брегалница — река Брегалница кај Равна Река.jpg подобрена статија
25. Основен суд Берово — суд Викиекспедиција Малешевија (197).jpg подобрена статија
26. Русиново — село Викиекспедиција Малешевија (164).jpg подобрена статија
27. Црква „Св. Петка“ - Русиново — црква Викиекспедиција Малешевија (159).jpg подобрена статија
28. ОУ „Никола Петров - Русински“ - Русиново — основно училиште Викиекспедиција Малешевија (151).jpg подобрена статија
29. Никола Петров Русински — револуционер Викиекспедиција Малешевија (195).jpg подобрена статија
30. Смојмирово — село Викиекспедиција Малешевија (216).jpg подобрена статија
31. ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово — основно училиште Викиекспедиција Малешевија (203).jpg подобрена статија
32. Негрево — село Панорамски поглед на Негрево.jpg подобрена статија
33. Пехчево — град Викиекспедиција Малешевија (231).jpg подобрена статија
34. Робово — село Панорамски поглед на Робово.jpg подобрена статија
35. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Робово — црква Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Робово 1.jpg подобрена статија
36. Берово — град Викиекспедиција Малешевија (207).jpg подобрена статија
37. Дедо Иљо Малешевски — револуционер Викиекспедиција Малешевија (205).jpg подобрена статија
38. Никола Малешевски — револуционер Викиекспедиција Малешевија (211).jpg подобрена статија
39. Атанас Раздолов — револуционер Викиекспедиција Малешевија (210).jpg подобрена статија
40. ОСУ „Ацо Русковски“ - Берово — средно училиште Викиекспедиција Малешевија (213).jpg подобрена статија
41. Умлена — село Панорамски поглед на Умлена 2.jpg подобрена статија
42. Чифлик — село Панорамски поглед на Чифлик.jpg подобрена статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на Викиекспедицијата во Малешевијата, веќе можете да ги најдете на следнава категорија:

Поврзано[уреди извор]