Со цел проширување и создавање на статии од доменот на филмот, група Википедијанци го создаваат ВикиПроектот:Филм. По одредена неактивност, проектот е реактивиран (август, 2012). Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете придонес во уредувањето на статиите и информациите од оваа област.
Овој проект има за цел да помогне постоечките и новокреираните статии од областа на филмот и информациите содржани во нив подобро да се организираат, да се координира работата на википедијанците во поглед на категоризација, надополнување и презентација на филмските информации. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата на википедијанците. Во склоп на проектот влегуваат сите статии во областа на филмот, како биографски статии за луѓето од филмскиот свет, статии за филмски фестивали, филмска техника, телевизија (телевизиски канали, серии, шоуа) итн.