Википедија:Викиекспедиции

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Викиекспедиции“
Shared Knowledge Logo.svg
Викиекспедиции.svg
Wikipedia-logo-v2.svg
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Викиекспедиции — проект на здружението на граѓани Споделено знаење и Википедија на македонски јазик. Проектот има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии за градовите, селата, географските области и особености во областите низ целата територија на Македонија на македонски јазик од страна на активните корисници и уредувачи, како и самите членови на здружението.

Критериуми за избор на област[уреди извор]

Областите што се опфатени со проектот се избрани врз основа на два критериума:

  • број на статии на Википедија на македонски јазик на теми поврзани со областа;
  • број на различни фотографии на Ризницата на теми поврзани со областа.

Список на викиекспедиции[уреди извор]

2015[уреди извор]

Во текот на 2015 година биле организирани вкупно шест експедиции, со кои биле опфатени следните области:

  1. Неготино со околината;
  2. Кратово со околината;
  3. Мариово;
  4. Мијачија;
  5. Општина Ранковце; и
  6. Општина Градско.

2016[уреди извор]

Во текот на 2016 година биле организирани шест експедиции од вкупно планирани шест експедиции, со кои биле опфатени следниве области:

  1. Лакавичко;
  2. Железник;
  3. Дебарца;
  4. Преспа;
  5. Злетовско-пробиштипски регион;
  6. Малешевија.

2017[уреди извор]

Во текот на 2017 година биле организирани пет викиекспедиции, со кои биле опфатени следните области:

  1. Козјачија и Средорек;
  2. Бојмија;
  3. Порече;
  4. Рекански регион; и
  5. Општина Кавадарци.

Иако на почетокот биле планирани шест експедиции, на крајот биле спроведени пет експедиции, додека експедицијата за областа Пијанец била преместена за спроведување во 2018 година.

2018[уреди извор]

Во текот на 2018 година биле организирани пет викиекспедиции, со кои биле опфатени следните области:

  1. Пијанец;
  2. Азот;
  3. Копачка;
  4. Дримкол; и
  5. Раец.

2019[уреди извор]

Во текот на 2019 година биле планирани четири викиекспедиции, со кои би биле опфатени следните области:

  1. Славиште;
  2. Општина Долнени;
  3. Општина Могила; и
  4. Охридско.

Поврзано[уреди извор]