Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Предлошката Вести директно се вклучува на главната страница. Придржувајте се кон овие правила кога ќе додавате нови вести на него, бидејќи истите директно ќе се прикажат на Главната страница, која е доста видлива за читателската публика.
Предлошката Вести во секое време мора да има само 4 (четири) вести по број. Не повеќе и не помалку од четири. (ова е во интерес на големината на главната страница и на подредувањето на елементите)
Секоја нова вест почнува во нов ред и со симболот за ѕвезда (*), за подредување на вестите под точки.
Секоја нова вест мора да има најмногу 55 (педесет и пет) збора во својата содржина, не повеќе, а да е составена од најмалку една информативна реченица.
Содржината на секоја вест треба да има врска до соодветна статија која дава повеќе информации за настанот. Бидете сигурни дека статијата е соодветно цитирана. Задолжително прочитајте ги правилата за пишувањето на соодветни статии (наведени подолу) ако ја пишувате и/или уредувате соодветната статија.
Задржете ја големината на сликата меѓу 100-140 пиксели и секогаш дадете информативен опис на сликата. Не ја ставајте сликата во рамка, оставете ја подредена на десната страна и бидете сигурни дека сликата е со среден опис, информација за изворот и за авторските права. Сликата мора да е слободна, (без неслободни слики и тврдење за праведна употреба!) ако сте ја подигнале сликата, бидете сигурни дека е во согласност со Википедија:Подигнување на слики.