Википедија:ВикиПроект:Археомак 2.0

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Проектот Археомак 2.0 има за цел да помогне постоечките и новокреираните статии од областа на археологијата и информациите содржани во нив подобро да се организираат, да се координира работата на википедијанците во поглед на категоризација, надополнување и презентација на археолошките информации. Страницата на проектот и соодветните подстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата на википедијанците.

Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете допринос во уредувањето на статиите и информациите од оваа област.


Цели[уреди]

Работата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на

  • Креирање на нови квалитетни статии
  • Редизајн на постоечките статии
  • Креирање на портал за Археологија.
  • Креирање на лична карта на археолошките локалитети во Република Македонија (ги има неколку илјади)
  • За археолошките локалитети да се обезбеди фото архива на артефактите и местоположбата
  • Креирање на статии за сите значајни археолошки локалитети во Република Македонија
  • Креирање на статии за сите значајни археолошки локалитети во светот
  • Креирање на статии за познати археолози
  • Документирање на археолошки техники
  • Креирање на статии за одредени временски периоди, земји или региони
  • меѓувики кон статиите од областа на археологијата на другите јазични изданија на википедија

Наслов[уреди]

Археомак 2.0

Учесници[уреди]

Во продолжение следи листа на Википедијанци учесници во овој проект. Ако сте заинтересирани за учество во проектот, слободно придружете се и станете дел од тимот. На вашата корисничка страница можете да додадете шаблон дека сте член на проектниот тим.

restored Sutton Hoo helmet after excavation Овој корисник е член на ВикиПроектот Археомак 2.0


.



Регистрирани членови[уреди]

Фази на проектот[уреди]

Фаза 1[уреди]

Дефинирање на листи на археолошки локалитети по населени места, од типот на Чифлик (археолошки локалитети). Насловот на листата се дефинира според принципот:

населено место отворена мала заграда археолошки локалитети затворена мала заграда
Чифлик (археолошки локалитети)

Во оваа фаза се врши исто така и вики форматирање на текстот според достапните податоци.

Се врши избор на назив на локалитетот, според принципот:

локален назив цртичка населено место отворена мала заграда археолошки локалитет затворена мала заграда
Градиште - Чифлик (археолошки локалитет)

За пошироко познатаите археолошки локалитети се зема називот како што е пошироко познат. Пример Скопско кале наместо Кале - Скопје (археолошки локалитет).

На почетокот и крајот од листата се додава тагот <includeonly> кој овозможува вклучување на листата во други статии. Пример, во статијата за селото Будинарци е вклучена листата Будинарци (археолошки локалитети), на тој начин што е формиран нов наслов, Археолошки локалитети и се врши инклузија на листата на следниов начин {{:Будинарци (археолошки локалитети)}}.

Фаза 2[уреди]

Во оваа фаза се врши разбивање на листата на археолошки локалитети, при што се формира посебна статија за секој локалитет во листата. Пример за така урдена статија е статијата Бреза - Берово (археолошки локалитет). Овие статии се користат со {{Инфокутија - археолошки локалитети во Република Македонија}}, која има неколку параметри за пополнување во зависност од типот на археолошкиот локалитет и археолошкиот период во кој се категоризира наоѓалиштето. Можно е да се дефинираат до три типа и три временски периода. Инфокутијата автоматски врши категоризација според тип и временски период.

Од листа на археолошки локалитети Берово (археолошки локалитети) се бришат сите податоци за локалитетот освен најсуштинските: локален назив на локалитетот, тип и временски период.

Фаза 3[уреди]

Во оваа фаза се вршат надополнувања на вака креираните статии со расположиви податоци, врски, фотографии и слично.

Како можете да помогнете?[уреди]

Вклучете се во било која од фазите и дадете свој допринос во уредувањето на статиите. На страницата за разговор секој кој сака да креира листи на археолошки локалитети отвора посебно заглавие каде што ги наведува листите кои има намера да ги креира со цел да не дојде до преклопување во работата. Се евидентира кој ја креирал листата (фаза 1), кој ја завршил фаза 2 и кој учествувал во фаза 3.

Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи и паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници.

Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде.

Структура[уреди]

Основни статии[уреди]

Археолошки временски периоди[уреди]

Трипериоден систем
Холоцен Железно доба Протоисторија
Доцно бронзено доба  
Средно бронзено доба
Рано бронзено доба
Бронзено доба
Бакарно доба (енеолит)    
Младо камено доба (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено доба

Археологија по региони[уреди]

Археолошка пракса[уреди]

Методи и принципи во археологијата[уреди]

Археолошка теорија[уреди]

Историја на археологијата[уреди]

Археолошка наука[уреди]

Археолошки листи[уреди]

Листа на листи на археолошки локалитети[уреди]

Во продолжени следи листа на листи на археолошки локалитети во Република Макеоднија кои се во фокусот на овој проект.

Р. бр. листи на археолошки локалитети
1 I Берово
2 II Битолско
3 III Поречко
4 IV Валандовско
5 V Велес
6 VI Виница
7 VII Гевгелија
8 VIII Гостивар
9 IX Дебар
10 X Делчево
11 XI Демир Хисар
12 XII Кавадарци
13 XIII Кичево
14 XIV Кочани
15 XV Кратово
16 XVI Крива Паланка
17 XVII Крушево
18 XVIII Куманово
19 XIX Неготино
20 XX Охрид
21 XXI Прилеп
22 XXII Пробиштип
23 XXIV Ресенско
24 XXIII Радовиш
25 XXV Свети Николе
26 XXVI Скопје
27 XXVII Струга
28 XXVIII Струмица
29 XXIX Тетово
30 XXX Штип

Шаблони[уреди]

  • {{Трипериоден систем}} – трипериоден систем, шаблон за навигација низ археолошките периоди - се додава во основните статии за археолошките доба.
  • {{археологија-никулец}} – статиија никулец од областа на археологијата - се додава на крајот од статија никулец.
  • {{ВикиПроект Археомак 2.0}} – ознака дека статијата е дел од проектот Археомак 2.0 - се додава во страницата на разговор на соодветната статија.
  • {{Инфокутија - археолошки локалитети во Република Македонија}} – инфокутија за археолошки локалитети во Република Македонија, се додава во статијата на соодветниот археолошки локалитет. Врши автоматска категоризација по тип на локалитетот и археолошко доба.
  • {{Корисник ВикиПроект Археомак 2.0}} – шаблон за учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.
  • {{ВикиПроект Археомак 2.0 хипер навигација}} – шаблон за брза навигација кон порталот и прокетот за археологија, се поставува во статии, категории, страници за разговор. Се појавува во грониот десен агол од екранот.
  • {{Археомак 2.0 графички знак}} – шаблон за прикажување на археолошки знаци за типови на археолошки локалитети.


Овој шаблон најчесто се користи во комбинација со {{Инфокутија - археолошки локалитети во Република Македонија}}.

Типови на археолошки локалитети:

Временски периоди