Википедија:Вест/20090502/Напаѓач во ирачка воена унифoрма уби двајца американски војници кај Мосул

Од Википедија — слободната енциклопедија

Напаѓач, облечен во униформа на ирачката Армија, денеска отвори оган врз американска воена патрола во близина на ирачкиот град Мосул, притоа убивајќи двајца припадници на Вооружените сили на САД.

Како што соопшти командата на силите на САД во Ирак, американските војници возвратиле на огнот и го убиле напаѓачот.

Инцидентот се случил во местото Хамам ал Алил на 20 километри јужно од Мосул.

Според претставник на полицијата од Мосул, напаѓачот бил припадник на ирачката Армија, кој ја извршувал функцијата имам во воената школа во Хамам ал Алил.