Википедија:Велоекспедиции
![]() |
![]() |
![]() |
„Велоекспедиции“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик. Проектот има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии за селата, географските области и особености во областите низ целата територија на Македонија на македонски јазик од страна на активните корисници и уредувачи, како и самите членови на здружението.
Проектот започнал да се спроведува во 2016 година. Се развил по успешното спроведување на третата викиекспедиција спроведена во Мариово, кога учесниците на експедицијата со своите велосипеди поминале бројни села низ Мариово. Во 2016 година бил вметнат како посебен издвоен проект.
Критериуми за избор на област[уреди извор]
Областите што се опфатени со проектот се избрани врз основа на два критериума:
- број на статии на Википедија на македонски јазик на теми поврзани со областа;
- број на различни фотографии на Ризницата на теми поврзани со областа.
Список на велоекспедиции[уреди извор]
2016[уреди извор]
![]() |
„Велоекспедиции 2016“ на Ризницата ? |
Во текот на 2016 година не била организирана посебна експедиција во една област, туку учесниците низ текот на годината посетиле многубројни села низ цела Македонија.
2017[уреди извор]
![]() |
„Велоекспедиции 2017“ на Ризницата ? |
Во август 2017 година била организирана првата посебна експедиција во една област, областа Ѓават-Кол.
2018[уреди извор]
![]() |
„Велоекспедиции 2018“ на Ризницата ? |
Во септември 2018 година била организирана експедиција на територијата на Општина Битола.
2019[уреди извор]
![]() |
„Велоекспедиции 2019“ на Ризницата ? |
Во октомври 2019 година била организирана експедиција на територијата на Скопска Црна Гора.
2020[уреди извор]
![]() |
„Велоекспедиции 2020“ на Ризницата ? |
Во септември 2020 година била организирана експедиција на територијата на Порече.
2021[уреди извор]
![]() |
„Велоекспедиции 2021“ на Ризницата ? |
Во октомври 2021 година била организирана експедиција на територијата на Општина Јегуновце.
Поврзано[уреди извор]
![]() |
„Велоекспедиции“ на Ризницата ? |