Википедија:Одземање на администраторски статус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кратенки:
ВП:ОАС

Одземање на администраторски статус

Што е тоа „одземање на администраторски статус“[уреди извор]

Одземање на администраторскиот статус е постапка со која се утврдува дали администраторите заслужуваат да ги задржат администраторските права. Доколку се заклучи дека некој администратор не заслужува да ги задржи администраторските права, тогаш истите му се одземаат и истиот се додава во списокот на поранешни администратори.

Како се одзема администраторскиот статус?[уреди извор]

Администраторскиот статус се одзема преку предложување и гласање. Право да учествуваат во дискусијата за предложениот предлог имаат сите корисници, додека право на глас имаат корисниците со сметка постара од 6 месеци и најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето. Номинираниот администрататор нема право на глас, но смее да учествува во дискусијата. Одлуката за одземање на администраторскиот статус се носи со примена на двотретинско мнозинство, односно бројот на гласови „За“ да биде најмалку две третини од вкупниот број на дадени гласови, при што вкупниот број на гласови „За“ да изнесува најмалку пет.

Како да гласам за одреден предлог?[уреди извор]

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Времетраењето на гласањето изнесува 7 дена.

Важно: Внимателно прочитајте го образложението поради кое е поднесен предлогот за одземање на администраторскиот статус и проверете ги придонесите на администраторот за подобар увид. Глас „За“ секогаш давајте со образложение на Вашиот став, а притоа бидете учтиви и избегнувајте лични напади.

Како и јас да дадам предлог за одземање на администраторски статус?[уреди извор]

  1. Заменете го КОРИСНИЧКОИМЕ (КОРИСНИЧКОИМЕ/2 за втора номинација, КОРИСНИЧКОИМЕ/3 за трета номинација итн.) со корисничкото име на корисникот кого сакате да го номинирате во кутијата долу и стиснете на копчето.
  2. Уредете ја страницата која ќе се појави, со тоа што ќе дадете образложение за поднесување на предлогот.
  3. Известете го корисникот кого што го номинирате на коринисничка разговорна страница и вклучете врска до страницата со номинацијата.

Тековни номинации[уреди извор]

Архивирани номинации[уреди извор]

Успешни номинации[уреди извор]

# Корисник Вкупно гласови За /Против /Воздржан 
1 Brest 11 11/0/0
2 Guitardemon666 7 6/0/1
3 Boyan 6 5/0/1
4 Brainmachine 8 8/0/0
5 FlavrSavr 8 6/0/2
6 iNkubusse 7 7/0/0
7 Wikimk 7 7/0/0
8 Виктор Јованоски 7 7/0/0

Неуспешни номинации[уреди извор]

# Корисник Вкупно гласови За /Против /Воздржан 
1 Raso mk 7 1/4/2
2 Brest 13 9/4/0
3 iNkubusse 5 2/1/2
4 Виктор Јованоски 4 2/0/2

Поврзано[уреди извор]