Википедија:Археоекспедиции 2015

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Археоекспедиции“
Shared Knowledge Logo.svg
Археоекспедиции.svg
Wikipedia-logo-v2.svg

Во текот на 2015 година се организирани две археоекспедиции, со кои се опфатени следните археолошки наоѓалишта и области:

  1. Бонче и Висока — дводневна експедиција во еден дел; и
  2. Општина Чашка — еднодневна експедиција во еден дел.

Прва експедиција[уреди извор]

Бонче и Висока[уреди извор]

Оваа експедиција беше оддржана во последниот викенд на месецот јуни, односно на 27 и 28 јуни, при што беа посетени два археолошки наоѓалишта прогласени за археолошки наоѓалишта од капитално значење за Република Македонија, кои се меѓусебно поврзани според историскиот период и датирање на нивната градба, постоење, пронајдените артефакти и местоположбата на Селечка Планина. Експедицијата ја предводеше Марио, a во неа непосредно учествуваа и уште 4 други лица кои беа дел од походот во Мариово кој на покана на свој пријател тамошен мештанин, истовремено го организираше Марио преку своето здружение „Единствена Македонија“.

Учесниците на експедицијата пред влезот на гробницата во Бонче

Со сопствено возило во раните утрински часови на 27 јуни се упативме до Прилеп од каде што најпрвин отидовме до селото Бонче. По советите и информацииите како и делумно во друштво на помлади мештани по пешачење од околу половина час низ терен со густа и висока обрасната трева и трња ја пронајдовме и пристигнавме до познатата гробница на македонски големодостојник која детално ја разгледавме и сликавме. Потоа се упативме кон селото Крушевица каде вечерта се сместивме во шатори во дворот на куќата на Никола Ѓорѓиоски. Следниот ден, на 28 јуни исто така во раните утрински часови пеш се упативме кон наоѓалиштето на древниот македонски град Пелагонија сместено на врвот Висока кој го искачивме за околу 2,5 часа, по тешко пристапен терен низ високообрасната трева, грмушки, папрати и стрмни карпи.

Од успешното влегување во внатрешноста при втората посета

Поради неможноста до посета на внатрешноста на античката македонска гробница во Бонче заради високиот водостој на водата дождовница со која е исполнета комората на гробницата, во текот на 2015 година на крајот на месецот октомври беше организирана уште една посета на ова наоѓалиште. Со преостанатите заштедени средства наменети за експедициите на 31.10. во рамки на работната посета за помош во изградбата на водовод во с.Вепрчани во Мариово, Марио Шаревски, придружуван од Слободан Трајковски (дипл. наставник по историја) и Калин Марковиќ ја посетија гробницата, при што поради понискиот водостој, овој пат успешно беше влезено во нејзината внатрешна комора каде што беа направени повеќе квалитетни фотографии.

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Старо Бонче (археолошко наоѓалиште) — археолошко наоѓалиште на древна македонска гробница Сводот на гробницата во Старо Бонче 10.jpg подобрена статија
2. Пелагонија (град) — археолошко наоѓалиште на древен македонски град Pelagonija-anticki-grad-Mariovo.JPG подобрена статија

Втора експедиција[уреди извор]

Општина Чашка[уреди извор]

Учесниците на експедицијата на ископините на наоѓалиштето во Стари Град

По неколку одложувања за вториот викенд од месец октомври, кој беше продолжен поради државниот празник, беше планирана дводневна археоекспедиција низ горното Повардарие меѓу Скопско и Велешко. Поради обилните врнежи посетата на археолошките наоѓалишта на древните градови Тауресиум и Бадеријана беа откажани, но по разговорот со археологот Антонио Китанов посетата на неколку наоѓалишта во општината Чашка во Велешко беше потврдена. Некаде околу 7:15 часот во раните утрински часови на 11 октомври со сопствено возило, Марио, придружуван од својот пријател Јовица Велјановски, се упати кон Велес каде во 8:10 часот се сретнаа со својот водич Антонио Китанов, археолог од Велес кој работел на ископувањата и истражувањата на овие наоѓалишта. Започнавме со наоѓалиштата околу населбата Чашка. Најпрвин се упативме кон ископините од римската гробница Хереон, од каде продолживме кон местноста Мраморје каде се наоѓала големата неолитска населба, по што продолживме кон еден римски тумулус, ранохристијански гробови во местноста Врчви и енеолитската гробница од каменото време во местноста Манастир високо над левиот брег во клисурата на реката Тополка. Потоа заминавме во селото Стари Град каде што го посетивме наоѓалиштето Кале каде се пронајдени остатоци од две енеолитски и две римски живеалишта со бунар, акропола и рушевини од средновековно црквиште. Во ова наоѓалиште се претпоставувало дека се наоѓал античкиот римски град Аргос, а најнови истражувања биле спроведени во средината на месец јули 2015 година.

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Хереон (Чашка) — археолошко наоѓалиште на древна римска гробница Гробница Хереон во Чашка 10.JPG нова статија
2. Кале (Стари Град) — археолошки наоѓалиште на утврдена населба од римско и бронзено време Градиште - Кале (Стари Град) 01.JPG нова статија
3. Врчви (Чашка) — археолошко наоѓалиште на ранохристијански гробови Ранохристијански гробови во Чашка 03.JPG нова статија

Поврзано[уреди извор]