Википедија:Агроекспедиции 2018

Од Википедија — слободната енциклопедија
ВикиПроект
„Агроекспедиции“

Во текот на 2018 година се спроведени две главни агроекспедиции, со кои би биле опфатени следните области:

  1. Пролетна — повеќе еднодневни експедиции во текот на пролетната сеидба и зреењето на посевите; и
  2. Летна — повеќе еднодневни експедиции во текот на жетвата, бербата и есенската сеидба.

Одржани Агроекспедиции[уреди извор]

Пролетна[уреди извор]

Пролетната експедиција започнала на 4 мај каде Корисник:Македонец и Корисник:Иван Ж се упатиле во посета на земјоделските посеви и површини во селото Сирково во Општина Росоман. Со оваа посета, за главна цел беше поставено да се фотографира и собират информации за најзастапените земјоделски култури во овој регион, како и оние со долга историска традиција и поново застапените земјоделски култури. Првенствено, се беа опфатени насадите на афион, кој има долга историска традиција на одгледување во Македонија, а воедно македонскиот афион е и со највисок квалитет на единиците на содржина на морфин во светот. Дополнително, беа сликани расади од зеленчук, овоштарници од цреши, праски, кајсии, круши и цветасти медоносни и зеленчукови растенија во кои цветаат и созреваат во овој период.

Летна[уреди извор]

Летната е експедиција е извршена во неколку наврати при што започнала најпрвин на 27 јули кога Корисник:Македонец и Корисник:Иван Ж оствариле посета на задругата на потрошувачи на храна од органско земјоделско производство Наша Добра Земја со цел да се соберат податоци и за овој важен сегмент поврзан со земјоделството. Во текот на месец август во два наврати се посетени посеви на различни култури и тоа различни индустриски земјоделски култури во котлината Пелагонија во Битолското Поле во Општина Могила на 10 август и посевите на препознатливите земјоделски култури како кикиритки, папуда и др. во Струмичкото Поле во селото Колешино во Општина Ново Село и средоземните земјоделски култури како маслинка, калинка во Дојранско на 27 август 2018 г.

Статии[уреди извор]

Број Статија Фотографија Забелешки
1. Расад — садница за расадување земјоделски растенија нова статија
2. Органско земјоделство — начин и практика во земјоделското производство нова статија
3. Жито — земјоделска култура подобрена статија
4. Ориз — земјоделска култура подобрена статија
5. Овес — земјоделска култура подобрена статија
6. Тритикале — земјоделска култура нова статија
6. Клас (жито) — дел земјоделска култура подобрена статија
7. Сено — земјоделски производ нова статија
8. Стрниште — ожнеана земјоделска површина ] нова статија
9. Афион — земјоделска култура подобрена статија
10. Лук — земјоделска култура подобрена статија
11. Морков — земјоделска култура подобрена статија
12. Грав — земјоделска култура подобрена статија
13. Грашок — земјоделска култура подобрена статија
14. Модар патлиџан — земјоделства култура подобрена статија
15. Компир — земјоделства култура подобрена статија
16. Сончоглед — земјоделска култура подобрена статија
17. Бабура — земјоделска култура нова статија
18. Папуда — земјоделска култура нова статија
19. Кикиритки — земјоделска култура подобрена статија
20. Бамја — земјоделска култура подобрена статија
21. Блитва — земјоделстка култура подобрена статија
22. Фацелија — земјоделска култура подобрена статија
23. Детелина — земјоделска култура подобрена статија
24. Булка — земјоделско растение подобрена статија
25. Ѓубриво — материја за подобрување на плодноста на земјоделското земјиште нова статија
26. Бостан — земјоделска површина и култури нова статија
27. Маслинка — земјоделска култура и плод значително подобрена статија
28. Овоштарник — начин на одгледување во земјоделско производство нова статија
29. Цреша — земјоделска култура подобрена статија
30. Круша — земјоделска култура подобрена статија
31. Диња — земјоделска култура подобрена статија
32. Калемење — начин на размножување во земјоделското производство подобрена статија
33. Јаткасти плодови — земјоделска култура нова статија
34. Плодоред — техника во земјоделството нова статија
35. Наводнување — хидротехничка мерка во земјоделството подобрена статија
36. Земјоделство во Македонија — земјоделство подобрена статија
37. Градинарство — гранка во земјоделството подобрена статија
38. Овчарство — гранка во сточарството подобрена статија
39. Косилка — земјоделска алатка и механизација нова статија
40. Редосеалка — земјоделска алатка и механизација подобрена статија
41. Приклучно вратило — дел од земјоделска алатка и механизација нова статија
42. Мотокултиватор — земјоделска машина нова статија
43. Рукола — земјоделска култура нова статија
44. Печурка — Плод нова статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на агроекспедициите се достапни во следнава категорија:

Поврзано[уреди извор]