Википедија:Агроекспедиции 2017
„Агроекспедиции“ |
![]() |
![]() |
![]() |
Во текот на 2017 година се спроведени две главни агроекспедиции, со кои би биле опфатени следните области:
- Пролетна — повеќе еднодневни експедиции во текот на пролетната сеидба и зреењето на посевите; и
- Летна — повеќе еднодневни експедиции во текот на жетвата, бербата и есенската сеидба.
Одржани Агроекспедиции[уреди извор]
Пролетна[уреди извор]
Пролетната експдиција започнала на 2 март каде Корисник:Македонец и Корисник:Иван Ж се упатиле во посета на производствени капацитети од прехранбената индустрија во Општина Чешиново-Облешево во Кочанско и во Овче Поле, каде биле посетени Млекарницата „Осогово Милк“ во с. Соколарци, мелничарската индустрија „Мак Млин“ со лупилницата и погонот за производство и пакување за ориз, мелницата за пченица и производство на брашно и лабораторијата за испитување на зрна и семиња во с. Чешиново и најсовремените стакленици - оранжерии на „Хорти Центар - Балкан Гринхаус“ кај с.Амзабегово во Општина Свети Николе каде се одвива производство на домати,а воедно претставува и тренинг-центар за обука на градинари од ширум Балканот. На 4 март Корисник:Иван Ж и Корисник:Sazdo заедно со дипл. агроном Дана Ужевска повторно оствариле посета на Овчеполскиот регион каде било сликано оранжериско производство на 7 земјоделски култури под пластеник, додека истовремено Корисник:Македонец во плодната рамнина на Скопското Поле го сликал процесот на пролетна сеидба и орање со трактори.
Летна[уреди извор]
Летниот циклус на агроекспедициите се одвивал во месеците јуни, јули и август, со цел да се опфати фазата на созревање на есенските посеви пред нивната берба и фазата на создавање на плод и зреење на земјоделските култури посадени во пролет, при што се опфатени житата: пченица, јачмен и пченка и градинарските култури: пиперки, домат, грашок, лубеници, како и луцерката од крмните (фуражни) и индустриски култури и повеќе видови на земјоделска механизација како трактори, комбајни, плугови итн.. Во два наврати Корисник:Македонец (Марио Шаревски) ги посетил најразвиените земјоделски области во југоисточниот дел на Македонија: Струмичко во полето во околината на селото Добрејци на 18 јули 2017 и Гевгелиско во околината на селото Миравци на 13 август 2017, додека во текот на летните месеци почнувајќи од јуни се направени и неколку помали обиколки на земјоделските површини во Скопско во околината на селата Драчево и Долно Лисиче.
Статии[уреди извор]
Број | Статија | Фотографија | Забелешки |
---|---|---|---|
1. | Сеидба — земјоделски процес и зафат | ![]() |
нова статија |
2. | Орање — земјоделски процес и зафат | ![]() |
нова статија |
3. | Стаклена градина — градба во земјоделското производство | ![]() |
нова статија |
4. | Земјоделство во Македонија — земјоделство | ![]() |
подобрена статија |
5. | Лук — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
6. | Кромид — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
7. | Праз — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
8. | Спанаќ — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
9. | Пипер — земјоделска култура | ![]() |
нова статија |
10. | Домат — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
11. | Грашок — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
12. | Зелки — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
13. | Феферони — земјоделска култура | ![]() |
нова статија |
14. | Жито — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
15. | Клас (жито) — дел од земјоделско растение | ![]() |
нова статија |
16. | Јачмен — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
17. | Пченица — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
18. | Пченка — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
19. | ’Рж — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
20. | Лубеница — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
21. | Ротквичка — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
22. | Луцерка — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
23. | Праска — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
24. | Круша — земјоделска култура | ![]() |
подобрена статија |
25. | Земјоделска механизација — земјоделска механизација | ![]() |
нова статија |
26. | Плуг — земјоделска алатка | ![]() |
нова статија |
27. | Трактор — земјоделски возила (механизација) | ![]() |
нова статија |
28. | Комбајн — земјоделски возила (механизација) | ![]() |
подобрена статија |
29. | Редосеалка — земјоделска механизација и алатка | ![]() |
нова статија |
30. | Балирка — земјоделска механизација и алатка | ![]() |
нова статија |
31. | „Мак Млин“ - Чешиново — мелница, гранка од прехранбената индустрија | ![]() |
нова статија |
32. | Млекарница „Осогово Милк“ — млекарница, гранка од прехранбената индустрија | ![]() |
нова статија |
33. | Млечна индустрија — гранка од прехранбената индустрија | ![]() |
нова статија |
34. | Кашкавал — производ од млечната индустрија | ![]() |
подобрена статија |
35. | Бело сирење — производ од млечната индустрија | ![]() |
подобрена статија |
Фотографии[уреди извор]
Сите фотографии направени за време на ароекспедициите се достапни во следнава категорија:
Македонски агроекспедиции 2017 на Ризницата ?