Викимедија Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Комитет за ограноци
ЧПП
Напатствие за формирање
Прегледи
Извештаи
Координација
Board seats
Формирани ограноци
AR Wikimedia Аргентина
AT Wikimedia Австрија
AU Wikimedia Австралија
BR Wikimedia Бразил
CH Wikimedia Швајцарија
CZ Wikimedia Чешка Република
DE Wikimedia Германија
FR Wikimedia Франција
HK Wikimedia Хонг Конг
HU Wikimedia Унгарија
ID Wikimedia Индонезија
IL Wikimedia Израел
IT Wikimedia Италија
NL Wikimedia Холандија
NO Wikimedia Норвешка
PL Wikimedia Полска
RU Wikimedia Русија
RS Wikimedia Србија
SE Wikimedia Шведска
TW Wikimedia Тајван
UK Wikimedia Обединето Кралство
US-NYC Wikimedia Њујорк Сити

Викимедија Македонија е локален огранок на Викимедија Фондацијата за подрачјето на Македонија. Целта на огранокот е подршка на доброволците во Македонија кои работат на проектите на фондацијата, меѓу кои е и проектот Википедија.

Согласно заклучоците од вики средбата во јануари 2009 година се поведе иницијатива за регистрација на НВО Викимедија Македонија во форма на здружение на граѓани согласно законската регулатива во Република Македонија и одредбите на Викимедија Фондацијата на Џими Велс од Флорида, САД.

При што биле користени искуствата на веќе постоечките Викимедија ограноци.

Формиран е иницијативен одбор кој одржал Основачко Собрание со следниов Предлог дневен ред:

  1. Избор на органи за работа на Основачкото Собрание
  2. Верификација на Изјавите за деловна способност на основачите, согласно Член 16 од Законот за здруженија на граѓани и фондации[1](Службен весник на Република Македонија бр. 31 од 02.07.1998 година)
  3. Донесување на Одлука за основање на Здружението, согласно на Член 14, 18 и 19 од Законот за здруженија на граѓани и фондации[1] (Службен Весник на Република Македонија бр. 31/98)
  4. Донесување на Програма за работа на Здружението
  5. Донесување на Статут на Здружението, согласно Член 20 од Уставот на Република Македонија[2] и Член 5, 20 и 76 од Законот за здруженија на граѓани и фондации[1] (Службен Весник на Република Македонија бр. 31 од 02.07.1998)
  6. Избор на органи на Здружението
  7. Разно
  8. Верификација на Записникот за работата на Основачкото Собрание на Здружението

Референци[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 www.zeleni.org.mk Закон за здруженија на граѓани и фондации
  2. Собрание на РМ Устав на Република Македонија