Викај ме со твоето име

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Викај ме со своето име“
РежисерЛука Гвадањино
Главни улоги
Премиерајануари 22 2017 (2017-01-22) (Санденс)
Времетраење132 минути
Земја
  • Италија
  • Франција
  • САД
Јазик
  • Англиски
  • Италијански
  • Француски
Буџет$3.5 милиони
Бруто заработка$41.9 милиони
Лого викај ме со твоето име

Викај ме со твоето име ( италијански: Chiamami col tuo nome) е романтичен драмски филм од 2017 година режиран од Лука Гвадањино. Сценариото е на Џејмс Ајвори, кој е исто копродуцент, и темели на истоименованиот роман од 2007 г. на Андре Асиман. Филмот е трет и последен дел во тематската трилогија „Копнеж“ (анг. "Desire“) на Гвадањино, по "Јас сум љубов" од 2009 г. и "Поголема сплетка" од 2015 г.

Лука Гвадањино на Берлинале 2017 година.

Дејството во филмот се одвива во 1983 г. во северна Италија и претставува сензуална и трансцендентна приказна за прва љубов меѓу 17-годишниот Елио Перлман и 24-годишниот Оливер, помошник на таткото на Елио. Главните улоги ги толкуваат Тимоти Шаламе, Арми Хамер, Мајкл Стулбарг и Амира Казар.

Филмот е добитник на Оскар за најдобро адаптирано сценарио и е номиниран во три други категории.

Приказна[уреди | уреди извор]

24-годишниот американски студент Оливер е на летна пракса во северноиталијанската вила на својот професор по археологија, проф. Перлман. Во куќата на Перлманови владее идила - тие се семејство од соништата - високообразовани убави луѓе кои зборуваат слободно за филозофија, историја, лингвистика и се бакнуваат и прегрнуваат по ходниците на куќата секој пат кога ќе минат еден крај друг. Синот на професорот, Елио е 17-годишно духовно и талентирано момче: своите денови ги минува изучувајќи класична музика, читајќи книги, возејќи велосипед и излегувајќи навечер.

Филмот започнува директно со заплетот: пристигнувањето на Оливер. Тој е впечатливо убав и самоуверен. Старите Грци ваквата појава ја именуваат - калокагатија: кога визуалната и моралната убавина се во апсолутна хармонија. Во првите минути на филмот Оливер е предмет на обожавање од страна на секој од главните ликовите.

Главни ликови[уреди | уреди извор]

Реакцја на публиката[уреди | уреди извор]

На својата премиера на филмскиот фестивал Санденс на 22 јануари 2017, после завршувањето добива десет минутни овации, кои се искажуваат за најдолги во историјата на фестивалот. Во мрежното место, Rotten Tomatoes, филмот добива оценка од 95% заснована на 345 прегледи.

Наводи[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]