Визиготска Шпанија
Дел од темата |
---|
Историја на Шпанија |
Визиготска Шпанија (Хиспанија) е назив за територијата на Пиринејскиот Полуостров во времето под власта на Визиготите. Овој период го опфаќа времето од Битката кај Вујеа во 507 година до Битката кај Гвадалета во 711 година. До 507 година, Визиготското Кралство, со центар Тулуза, ги контролирал Аквитанија, Нарбонска Галија и голем дел од Шпанија. По поразот на Визиготите од страна на Франките во 507 година, и смртта на визиготскиот крал, Визиготите неговиот наследник Амаларих го одвеле во Шпанија. Нивниот центар најпрво се наоѓал во Барселона, а потоа во Толедо.
Од 511 година до 526 година, Визиготите биле во сојуз со Остроготите, на чие чело се наоѓал Теодорих Велики. Во текот на 6 век дошло до војна околу престолот помеѓу Визиготите и источноримскиот цар Јустинијан I со неговиот претендент Атанагилда. Во војната, Византија победила, а Византијците немале намера да се повлечат и го зазеле југоисточниот дел од полуостровот каде се задржиле до 754 година. Овде тие ја создале и провинцијата Спанија.
Подоцна, на овие простори се појавил нов непријател, муслиманите кои во 711 година го зазеле скоро целиот полуостров, уништувајќи го целосно Кралството на Визиготите.