Византиски мерни единици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Остаток од појдовниот милјоказ на царството во Истанбул

Византиски мерни единицимерни единици кои се користеле во Византија и претставувале мешавина од старогрчките, старомакедонските и римските единици.

Сè до доаѓањето на Јустинијан I (527–565), секоја област од царството користела свои мерки, без да постои заеднички договорен систем. Јустинијан започнал процес на стндардизација и создал систем со кој може полесно да се управува со сиот промет во производството, трговијата и услужнте дејности.[1] И покрај настојувањето на државната власт да се користат овие заеднички мерки, другите системи продолжиле да се користат напоредно на официјалниот, поради месните обичаи, надворешнте влијанија и потребите на занаетите.[1] Покрај ова, во XII век странските трговци како венецијанците, пизанците и џеновјаните кои работеле во рамките на царството добивале право на употреба на нивните мерки.[1][2]

Должина и растојание[уреди | уреди извор]

Византија продолжила да ги користи антропометриските единици користени од грците и римјаните.

Законите за тежина и единици мерки биле носени од страна на царевите како облик на даночна реформа. Упатство од XI век за собирање на даноците содржи исправки од царот Михаил [n 1] додавајќи шака на основната мерка при пресметувањето на имотниот данок,[n 2] дејсјтво кое ги намалило давачките за околу 5%.

Единици за должина
Единица Грчко именување Грчка стапка метри Забелешки
(Палец) δάκτυλος 116 0.0195 наречена и мон (μονάς), „единица“, која се користи како најмала единица мерка за должина.[6]
Дланка παλαιστή
αντιχειρ[3]
0.25 0.0787
Полустапка ἡμιπόδιον 0.5 0.1574
Простирање σπιθαμή 0.75 0.2361
(стапка) ποῦς    0.3123 Добиена од старата единица за должина грчка стапка, стандардната должина на стапката во Византија изнесува 0.3123 m, но во практиката должината се движела меѓу 0.308 и 0.320 m[7]
Општествен кубит δημόσιος πῆχυς 1.33 0.4688 lit. "forearm"
Општествениот кубит се состоел од 24 дактили и воглавно се користеле во градежништвото, зато и се нарекувале уште и литик („камен“), [ксило]пристик („[дрво]-сечачки“), тектоник („градежни“).[6] Царскиот или геометрикиот кубит имал 32 дактили и се користел за мерење на должини наполињата за да се одреди данкот.[6] Постоеле и месни варијации за различни мерења.[6]
Царски или геометриски кубит βασιλικός/γεωμετρικός πῆχυς    0.625
(Еден) чекор βῆμα ἁπλοῦν 2.5 0.787 (=Англиски чекор)
Двоен чекор βῆμα διπλοῦν    1.574 (=Римски чекор)
Едноставен сажен ἁπλὴ ὀργυιά    1.87   Добиен од сличната грчка единица мерка (1,89 m)[8] Од XIV век постојат и месни варијанти, честопати наречени кана од италијанскиот збор canna.[8]
Царски или геометриски сажен βασιλικὴ/γεωμετρικὴ ὀργυιά 6.75 2.10   9 спитами = 108 дактили, користена за мерење на полињата за пресметка на даноци. За да го олесни даночното оптоварување, Михаил IV вовел подолга мерка од 9,25 спитами (2,17 m) за употреба при пресметување на висок и среден квалитет, додека помалата вредност се користела за посиромашни земјишта.[8]
Перч δεκάποδον 10    3.148 lit. „декастапка: 10-стапки“
Јаже σχοινιον 60   
72   
21.30  
25.30[9] 
lit. „мало јаже
Основата за пресметка на даноците за имот, различно пресметувана 10 сажени за плодниот Балкан и западна Анадолија и 12 дсжени во остатокот од Мала Азија.[9]
Плетр πλέθρον 100    31.48   Грчкиот сажен, едната страна на старогрчака акр[10]
Небвообичаена во византиските текстови[11]
Стадија στάδιον 600    188.8    Исто така стадион или стадиум (pl. стадија)
(=англиски сажен)
Лакострел δοξαριού βολή 1.000    314,8   
Милја μίλιον 5.000    1.574      Исто така милион
(=Римска милја)
Шено σχοινος 20.000    6.296      lit. "рогозинско јаже"
33 13 стадии,
Дневен пат ὁδός ἡμέρας 150.000    47.220     
Неделен пат ὁδός σαββάτου 1.050.000    330.540     
Извор: Loizos,[12] доколку не е поинаку забележано. Метричките вредности се приближни.


Површина[уреди | уреди извор]

Обичните единици мерки за мерење на површината на земјиштето се:

Единици за површина
Единица Грчко именување Квадратна грчка стапка Квадратни метри Забелешки
(Квадратна) стапка
(квадратна стапка)
ποῦς 1 0.095
Стрема στρέμμα 10.000 991     lit. „вртење“
некогаш опишана како (квадратен) „плетрон“,[13] иако е невообичаена во византиските текстови [11]
Старогрчката акр, првично дефинирана како растојание изорано од пар волови во еден ден[10] и продолжила да се менува според квалитетот на земјиштето меѓу 900 и 1.900 м2[14]
Моди
зевгари
μόδιος
ζευγάριον
30.000 2.973     Високо менлива. Моди биле понекогаш многу помали единици кој се сведувале на 100 или 250 до еден зевгар.[15] „Моди“ била првично единица мерка за жито, и „зевгари“ се однесува на жолчка.[1]
Извор: Loizos,[13] доколку не е поинаку забележано. Метричките вредности се приближни.


Количество[уреди | уреди извор]

Јасида реконструкција во музејот за подводна археологија во Бодрум, наполнета со реплики на византиски амфори.
Музејска постановка на различни византиски стилови на амфори.

Обичните единици користени биле најчесто римски единици:

Единици за количество
Единица Изворен назив Литри литри Белешки
(течна) унца οὐγγία
ὀγκία
οὐγκία
112   0.1824 (=Римска унца)
Котила
Полуксеста
κοτύλη
ἡμιξέστιον
18   0.276 (=Римска полусекстарија)
Ксеста ξέστης 14   0.548 (=Римска секстарија)
(течна) Литра
(Литра)
λίτρα 1        2.1888 (=Римска либра)
Грст φοῦκτα 1 1324 3.367
(Течен) Моди μόδιος 40        87.552
Извор: Loizos,[16] доколку не е поинаку забележано. Метричките вредности се приближни.

Тежина[уреди | уреди извор]

Пет бронзени тегови
Бронзените тегови за кантар биле во облик на византиска царица[17]

Обичните единици за мерење на тежина или маса биле често римски единици, засновани на подоцнежната римска фунта.[18] Сето ова е засновано напознатата легислатива на Константин Велики од 309 година како 72 златни солиди за една фунта.Бидејќи на почетокот еден солид тежел 4,55 грамови, па така една фунта имала 0,3276 кг во тој период.[18] Солидот честопати бил подложен на девалвација, сепак, при што просечната фунта имала 0,324 кг (IV–VI век), 0,322 кг (VI–VII век), 0,320 кг (VII–IX век), 0,319 кг (IX–XIII век), и дури помалку во наредниот период.[18]

Урнеците за теговите се изработувале од олово, бронза, и стакло и многу поретко од злато и сребро.[19] Ги имало во најразлични облици. Денес, археолозите веруваат дека бронзените топки со отсечени горен и долен дел со ознака омикрон/ипсилон од почетокот на III или кон крајот на V век, постепено биле заменети со квадратни со ознаки гама/омикрон (𐆄)во текот на IV век.[19] Во втората половина на VI век, кои биле заменети подоцна од дискови најверојатно од IX век[19] или најверојатно XII век.[20] Стаклените теговиимале бројни предности во производството и употребата [20] мо како да исчезнале по загубата на Сирија и Египет во VII век.[21]

Анализата на илијадници зачувани тегови силно укажува на многубројни месни тежински стандарди во Византија пред арапските освојувања.[22] Под водство на Јустинијан I, тежините на монетите биле проверувани од comes sacrarum largitionum и теговите за употреба од страна на преторијанскиот префект и епарх на градот.[23] Во IX век, градскиот епарх ги контролирал сите тегови во Цариград,[19][24] иако археолошките наоди покажале дека останатите издавале сопствени тегови[19]

Единици за тежина
Единица Грчко именување унци грамови Забелешки
Скрупула γραμμα
τρημίσις
124 1.55[21]
Семисис σημίσις 112 2.27[20]
Номизма νόμισμα 16 4.55   
Унца οὐγγία[25]
ὀγκία[25]
οὐγκία[25]
27.3    (=римски унца)
Литра
(фунта)
λίτρα 12  327.6[18] Вредност ок. 309, која девалвирала со текот на времето.[18]
(=римска фунта)
Извор: Loizos,[26] доколку не е поинаку забележано. Метричките вредности се приближни.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Probably but not certainly Michael IV (r. 1034–1041).[3]
  2. The text survives in a 14th-century copy[4] but is dated from its internal evidence.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 ODB, "Measures" (E. Schilbach), pp. 1325–1326.
  2. Oikonomides (2002), стр. 1052.
  3. 3,0 3,1 Oikonomides (2002), стр. 976.
  4. Codex Parisinus supplementus graecus 676. 14th century.
  5. Oikonomides (2002), стр. 975.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 ODB, "Daktylos" (E. Schilbach), p. 578.
  7. ODB, "Pous" (E. Schilbach), p. 1708.
  8. 8,0 8,1 8,2 ODB, "Orgyia" (E. Schilbach, A. Cutler), pp. 1532–1533.
  9. 9,0 9,1 Oikonomides (2002), стр. 996.
  10. 10,0 10,1 Pryce (2012).
  11. 11,0 11,1 Schilbach (1991).
  12. Loizos (2010), стр. 1–2.
  13. 13,0 13,1 Loizos (2010), стр. 3.
  14. Davis (2004).
  15. Krumbacher (1998), стр. 176.
  16. Loizos (2010), стр. 4.
  17. Marlia Mundell Mango (2009). Byzantine Trade, 4th-12th Centuries: The Archaeology of Local, Regional and International Exchange : Papers of the Thirty-eighth Spring Symposium of Byzantine Studies, St John's CollegeUniversity of Oxford, March 2004. Ashgate Publishing, Ltd. стр. 73. ISBN 978-0-7546-6310-2.
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 Entwistle (2002), стр. 611.
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 19,5 Entwistle (2002), стр. 612.
  20. 20,0 20,1 20,2 Entwistle (2002), стр. 613.
  21. 21,0 21,1 Entwistle (2002), стр. 614.
  22. Entwistle (2002), стр. 611 & 613.
  23. Code of Justinian, Novel 128, Ch. 15.[19]
  24. Nicole (1970), стр. 32, 45, 47–48, & 56.
  25. 25,0 25,1 25,2 Smith.
  26. Loizos (2010), стр. 5.

Библиографија[уреди | уреди извор]