Видоје Зивчевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Видоје Зивчевиќ

Видоје Младен Зивчевиќ ( 1922 во Чучер, Скопско1944 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото. Потоа се занимавал со земјоделство.[1] Во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, стапил при самото нејзино формирање. Учествувал во сите борби на бригадата, против балистите на падините на Скопска Црна Гора. Бил учесник и во акциите против Германците во Качаничката Клисура. Во една борба против балистичките банди бил заробен. По ѕверското мачење балистите го убиле. Посмртните останки му биле погребани на селските гробишта во Чучер.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 191–192. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 94–95. ISBN 9989-35-022-1.