Видовдан (песна)
Изглед
| „Видовдан“ | |
|---|---|
| Песна од Гордана Лазаревиќ | |
| од албумот 'Видовдан' | |
| Пуштена | 1989 |
| Жанр | Српска музика |
| Должина | 3:30 |
| Песнописец | Милутин Поповиќ - Захар |
| Звучен извадок | |
„Видовдан“ — името на српската народна песна напишана од Милутин Поповиќ познат под неговото уметничко име Захар и застапена во албумот „Видовдан“ од 1989 година, вокализирана од Гордана Лазаревиќ, пејачка од Србија.
Видовден е еден од најважните верски празници на Србите, Српската православна црква и Србија, бидејќи е од големо историско значење поради Косовската битка која се водела меѓу средновековна Србија и освојувачите од Отоманска Империја на 28 јуни 1389 година. Содржината на текстот се однесува на самата битка и на Србите кои живеат на Косово.
Албумот кој ја содржи песната, исто така е именуван со името, Видовдан, тој е издаден во 1989 година, на 600-годишнината од битката за Косово.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Верзија на Видовдан Архивирано на 22 мај 2011 г.
- Српски патриотски песни Архивирано на 18 февруари 2020 г.