Видовданка
Изглед
Видовданка | |
---|---|
![]() Видовданка | |
Материјал | Теракота |
Висина | 30.7 см |
Создаден | ок. 5,100 пр.н.е |
Откриен | 28 јуни 1930 Винча, Србија |
Видовданка — доцномезолитска антропоморфна фигура (идол) изработена од теракота која се смета за симбол на Винчанската култура, која процветала во праисториска Србија во 5500 година пр.н.е. Ископана била 6.2 м длабоко во Винча, Србија на денот на Видовден (оттука и името) во 1930 година. Таа е 30.7 см висока.[1]
Изработена е од печена глина, а површината е полирана. Ова е женска фигура, без изразени индивидуални карактеристики. Лицето е пентагонално, со истакнати големи очи во облик на бадем и пластичен нос, што е типичен пример за маските од Винча. Присутни се остатоци од црвено.
Видовданка го претставува врвот на неолитската фигуративна скулптура. Таа се наоѓа во Археолошката збирка на Филозофскиот факултет во Белград.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Vassits, M. M. (1930). „141. Excavations on the Neolithic Site at Vinca, on the Danube, 1930“. Man. 30: 197–200. doi:10.2307/2790214. JSTOR 2790214.
Дополнителни извори
[уреди | уреди извор]- Винча, праисторијска некропола, Београд, 2008.