Видео уметност

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Видео уметност (анг. video art) е автономна уметничка дисциплина во современата уметност. Користи телевизиска техника и технологија, експериментира во областа на електронската слика и звук и воведува специфичен визуелен јазик. Почетоците се врзуваат за уметничките движења на шеесеттите и седумдесеттите години на 20 век, кога уметници во светот почнале да користат: камера, рекордер, монитор и видеолента. Од 21 век овие медиуми сè повеќе се заменуваат со хард диск, ДВД и др.

Во Република Македонија првите видеопрезентации (1984 и 1985) ги организирал Музејот на современа уметност, а во 1986 Македонската телевизија (ТВ Скопје) ја одржала меѓународната видеопрезентација „Скопје – Монбелијар ’86“. Првите видеоостварувања биле реализирани во Редакцијата за култура и уметност на МТВ. Се создал автохтон творечки амбиент во кој првите вакви остварувања коавторски ги реализираат еминентни уметнички имиња со одделни креативни телевизиски професионалци.

Попознати македонски видеоавтори се Драган Абјаниќ, Александар Станковски, Златко Трајковски-Хинки, Жанета Вангели, Ирена Паскали и др.

Извор[уреди]

Македонска Енциклопедија“. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 273. ISBN 978-608-203-023-4.