Прејди на содржината

Видеоблог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Екранска слика од епизода на видеоблог објавена на Јутуб.

Видеоблог, скратено влог (англ. vlog, од video blog или video log), исто и видеодневник — вид блог во кој информациите се пренесуваат преку видеоклип(ови), често во спој со текст, слики, коментари и други метаподатоци. Видеоблоговите можат да бидат еднократни видеоклипови или поделени на повеќе делови. Најчеста платформа за нивно споделување е YouTube. Тие често користат веб-синдикација (RSS или Atom) за автоматска распределба и воспроизведување на мобилни уреди и сметачи, слично на поткастите.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 2000 г., Адам Контрас објавил видео на својот блог за да ги извести пријателите и семејството за своето преселување во Лос Анџелес во потрага по кариера во шоу-бизнисот. Ова се смета за првиот видеоблог, кој подоцна станал најдолговечниот во историјата.[1][2][3] Истата година, во ноември, Ејдријан Мајлс го создал поимот vlog кога на статична слика наложил видеоклип со променлив текст.

Во 2004 г., Стив Гарфилд го започнал својот видеоблог и ја прогласил таа година за „година на видеоблогот“. Набргу, заедно со други ентузијасти како Џеј Дедман, Петер ван Дајк и други, основале група на Yahoo! Groups посветена на видеоблоговите.

Популарноста на видеоблоговите значително пораснала во 2005 г., кога YouTube бил основан во февруари. До јули 2006 г., YouTube станала петтата најпопуларна веб-страница со 100 милиони дневни прегледи и 65.000 нови видеоклипа дневно.

Напредокот на системите за управување со содржини им овозможил на блогерите полесно да вклучуваат видеа во своите видеоблогови. Покрај тоа, развојот на мобилните телефони со дигитални камери овозможил видеосодржината веднаш да се објавува на интернет.[4]

Од 2013 до 2019 г., најпопуларен YouTube-канал бил оној на шведскиот видеоблогер Феликс Шелберг, познат како Пјудипај. На 15 април 2019 г., индискиот канал „T-Series“ го зазел првото место, а во мај 2019 г. станал првиот канал со 100 милиони претплатници.

Во 2010-тите, предизвиците (челенџи) станале популарен тренд во видеоблоговите, а некои истражувачи дури ги сметаат за посебен жанр на видеоблог.

  1. Kontras, Adam (2000-01-02). „Talk about moving in the 21st Century...“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2013-01-01. Посетено на 2011-09-01. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. Kaminsky, Michael Sean. Naked Lens: Video Blogging & Video Journaling to Reclaim the YOU in YouTube™ (англ.). — Organik Media, Inc., 2010. — P. 37. — ISBN 978-0-9813188-0-6.
  3. Kapuso Mo, Jessica Soho (2009-02-07). „Pinoy Culture Video Blog“ (англиски). GMA Network. Архивирано од изворникот на 2009-03-02. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  4. „Mobile blogging for journalists“. Архивирано од изворникот на 2015-11-20. Посетено на 2025-03-05.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]