Вида Рајковиќ - Обрадовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вида Рајковиќ - Обрадовиќ
Роден Крушевац, Србија
Починал 11 септември, 1944 година
Логор Бањица, Србија

Вида Рајковиќ - Обрадовиќ (во Крушевац, Србија11 септември 1944 во Белград, Србија) — српски партизан, револуционер, професор, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ и ПОЈ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Се доселила во Скопје рано. Откако ја завршила гимназијата, студирала на Филозофскиот факултет. Член на КПЈ станала во 1934 година. Активно учествувала во сите студентски акции. Како талентирана студентка, била стипендист на француската влада на постдипломските студии во Париз. По окупацијата на Франција, се вратила во Македонија и работела како професор по филозофија во гимназијата во Кочани. Потоа заминала во Крушевац. Поради пројавена револуционерна дејност била присилена често да ги менува местата на живеење. Престојувала во Соко Бања, Аранѓеловац и Крагуевац. Есента 1943 година била затворена, а потоа префрлена во логорот на Бањица. Комисијата за утврдување на воените злосторства на окупаторот, заклучила дека Вида била убиена на најѕверски начин, на 11 септември 1944 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 120. На |first= му недостасува |last= (help)