Вивијан Маер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вивијан Доротеа Маер (1 февруари 1926 - 21 април, 2009) била американски уличен фотограф, која била родена во Њујорк, а голем дел од своето детство го минала во Франција.[1] По враќањето во САД, Маер работела околу 40 години како дадилка, најмногу во Чикаго. Во текот на овие години, таа има направено повеќе од 150.000 фотографии, претежно од луѓе и архитектура во Њујорк, Чикаго и Лос Анџелес, иако патувала и фотографирала низ светот.[2]

Фотографиите на Маер останаа непознати, и многу од нејзините филмови останаа неразвиени, се додека нејзините кутии со имот биле купени на аукција. Џон Малуф - историчар и колектор од Чикаго, ги испитал сликите и започнал да ги објавува на интернет во 2009 година, веднаш по смртта на Маер. Критиката и интересот за работата на Маер брзо следеле.[3][4] Фотографиите на Маер биле изложени во САД, Европа и Азија и биле вклучени во многу статии низ целиот свет.[5] За нејзиниот живот и работа се раскажува и во книги и документарни филмови.

Фотографии[уреди | уреди извор]

Фотографскиот критичар Алан Секула сугерираше дека фактот што Маер го помина нејзиниот ран живот во Франција ја наостриле нејзината визуелна благодарност кон американските градови и општество. Исто така рекол: “Мислам дека таа го покажа светот на жените и децата на начин кој е доста без преседан."[6]

Фотографот Мери Елен Марк ја споредила работата на Маер со онаа на Хелен Левит, Роберт Франк, Лисет Модел, и Дајан Арбус. Џоел Мејеровитз, исто така, уличен фотограф, изјави дека работата на Маер е "исполнета со вид на човеково разбирање, топлина и разиграност."[7]

Повеќето од фотографиите на Маер се црно-бели, и многу вклучуваат секојдневни снимки од минувачите фатени во минливи моменти, но сепак поседуваат гравитација и емоции.[1]

Пишувајќи во The Wall Street Journal, Вилијам Мејерс забележува дека постојат голем број на автопортрети во работата на Маер, "во многу генијални пермутации, како да си го проверува сопствениот идентитет или се сместува себеси во животната средина. Со таен карактер, таа често ја фотографирала својата сенка, можеби како начин да биде таму и истовремено не сосема таму.“[8]

Роберта Смит, пишувајќи во The New York Times, го привлече вниманието на начините на кои фотографиите на Маер потсетуваат на многу познати фотографи од 20-тиот век, а сепак имаат своја естетика. Таа пишува дека работата на Маер "одржува специфичен елемент на смиреност, јасност на составот и благост карактеризиран со недостаток на ненадејно движење или екстремни емоции.“[9]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Џон Малуф, куратор на некои фотографии на Маер, го сумирал начинот на кој децата кои таа ги чувала подоцна ја опишале:

"Таа беше социјалистка, феминистка, филмска критичарка, и директна. Таа научи англиски со одејќи во театри, која ги сакаше... Таа постојано правеше слики, кои на никој не ги покажувала."[10]


Во 1959 и 1960 година, Маер патувала околу светот, фотографирајќи ги Лос Анџелес, Манила, Бангкок, Шангај, Пекинг, Индија, Сирија, Египет и Италија.[6] Патувањето беше веројатно финансирано од продажбата на семејната фарма во Сен Џулиен-ен-Чампсаур. Во документарниот филм Наоѓајќи ја Вивијан Маер, интервјуата со работодавачите на Маер и нивните деца укажуваат на тоа дека Маер се преставувала на неколку начини, со различни акценти, имиња, животни детали, и дека нејзиното однесување со децата можело да биде инспиративно и позитивно, и, исто така, непредвидливо и застрашувачки.[11]

Книги со фотографиите на Маер[уреди | уреди извор]

  • Vivian Maier: Street Photographer. Brookyln, NY: powerHouse, 2011. ISBN 978-1-57687-577-3. Edited by John Maloof.
  • Vivian Maier: Out of the Shadows. Chicago, IL: CityFiles, 2012. ISBN 978-0978545093. Edited by Richard Cahan and Michael Williams.
  • Vivian Maier: Self-Portraits. Brookyln, NY: powerHouse, 2013. ISBN 978-1-57687-662-6. Edited by John Maloof.
  • Eye to Eye: Photographs by Vivian Maier. Chicago, IL: CityFiles, 2014. ISBN 9780991541805. Photographs by Maier, edited and with some writing by Richard Cahan and Michael Williams.

Документарни филмови за Маер[уреди | уреди извор]

  • Vivian Maier: Who Took Nanny's Pictures (2013), directed by Jill Nicholls, produced by the BBC.[12] This film was re-cut and released in the U.S. in December 2013, as The Vivian Maier Mystery.[13]
  • Finding Vivian Maier (2013), directed by John Maloof and Charlie Siskel.[14]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 O'Donnell, Nora (December 14, 2010). "The Life and Work of Street Photographer Vivian Maier", Chicago Magazine. Retrieved on January 4, 2011.
  2. “Vivian Maier: A Life Discovered” hosted by Tim Roth at the Merry Karnowsky Gallery in Los Angeles.
  3. Beck, Katie. „Vivian Maier: A life's lost work seen for first time“, „BBC“, 21 јануари 2011 (посет. 21 јануари 2011 г).
  4. "Vivian Maier", Chicago Tonight, broadcast by WTTW, December 22, 2010. Retrieved on January 4, 2011
  5. „Exhibitions | Vivian Maier“. Vivianmaierprints.com. 14 септември 2013. http://vivianmaierprints.com/exhibitions/. посет. 26 мај 2014 г. 
  6. 6,0 6,1 Cahan, Vivien Maier: Out Of The Shadows, 2012, pp. 40–41
  7. Hornaday, Ann. „‘Finding Vivian Maier’ movie review: Portrait of a great, if not a straight, shooter“, washingtonpost.com, April 14, 20134 (посет. 30 јуни 2014 г).
  8. Meyers, William. „The Nanny's Secret“, wsj.com, 3 јануари 2012 (посет. 2 јули 2014 г).
  9. Smith,Roberta. „Vivian Maier: 'Photographs From the Maloof Collection'“, The New York Times, 19 јануари 2012 (посет. 6 јули 2014 г).
  10. Maloof, John (22 октомври 2009). „Vivian Maier - her discovered work“. vivianmaier.blogspot. http://vivianmaier.blogspot.com/2009/10/unfolding-vivian-maier-mystery.html. посет. 6 август 2014 г. 
  11. Finding Vivian Maier (2013), directors John Maloof, Charlie Siskel
  12. „Vivian Maier: Who Took Nanny's Pictures (2013)“. IMDB. http://www.imdb.com/title/tt2997754/. посет. 16 јануари 2014 г. 
  13. „The Vivian Maier Mystery (2013)“. IMDB. http://www.imdb.com/title/tt3252208/. посет. 16 јануари 2014 г. 
  14. „Finding Vivian Maier (2013)“. IMDB. http://www.imdb.com/title/tt2714900/. посет. 16 јануари 2014 г.