Вива

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вива
Oснована1994 Скопје, Македонија
Основач(и)Димитар Јосифовски
СедиштеСкопје, Македонија
ДејностПрехранбена индустрија
Производи100% природни сокови, нектари, овошни пијалаци, сирупи, ледени чаеви, газирани пијалаци и каши
Вработени100 - 200
Порталwww.vivaks.com.mk

Вива — трговска марка на Вивакс ДОО, македонски производител на 100% природни сокови, нектари, овошни пијалаци, сирупи, ледени чаеви, газирани пијалаци и каши. Своето работење го започнува во 1994 година во Скопје со неколку производи, а денес производното портфолио под брендот “Вива“ брои повеќе од 80 производи. Динамичниот развој на компанијата ВИВАКС, се должи пред сѐ на постојаното вложување во истражување на пазарот, следењето на светските трендови и развивањето на нови производи според потребите, желбите и вкусот на купувачите.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1994 година, основачот Димитар Јосифовски ја започнува приказната за Вива формирајќи ја фирмата ВИВАКС, со цел развој на сопствен семеен бизнис во производството на сокови со висок квалитет. Производството започнува со половна машина за пакување на сокови од 200мл, а производствениот погон бил сместен во изнајмени простории, со само 8 вработени. Силната определба за квалитетен производ, професионален пристап и добра организација во работењето, полека, но сигурно, почнале да ги даваат првите резултати преку континуираното зголемување на продажбата.

Во 1995 година компанијата инвестира во нова машина за полнење на сокови во флексибилна амбалажа (черпак), во пакувања од 250мл и 1л.

Черпак

Исто така, во истиот период започнува и со пакување на готово кафе за пиење во амбалажа од 70мл. Со овој тип на пакување компанијата се издојува како единствена на Балканот што дополнително придонесува брендот Вива да стане препознатлив и надвор од границите на Македонија, а продажбата да порасне дури и за трипати.

Континуираниот раст на продажбата почнал сериозно да го наметнува прашањето за проширување на производствениот капацитет, па во 1998 година отпочнуваат активности за изградба на сопствен објект за производство. Во 2000 година на површина од 2.000 м², стартува со работа сопствениот објект во кој е инсталирана нова линија за производство на картонско пакување од Елопак за производното протфолио од 1л.

Во меѓувреме се инвестира и во машина за соковите од 200мл (дојпак), уникатно пакување со вметната сламка. Во тој период Вива се извојува како пионер на Балканот со ваков тип на пакување. Во 2002 година со набавка на нова машина се надоградува картонската амбалажа Елопак со посовремен тип (вградено капаче), за по четири години да се купи Елопак машина за пакување на сок во картонска амбалажа од 2л.

Шумско овошје 2л

Континуираниот раст на компанијата и постојаното вложување во современи технолошки производствени капацитети придонсе компанијата Вивакс во 2003 година да се вброи во редот на водечките производители на природни овошни сокови и нектари во Република Македонија. Следејќи ги барањата на потрошувачите, 2011 година, Вивакс започнува со производство на сокови во пластика. Со оваа комплетно нова и автоматизирана линија од 2012 година почнуваат да се произведуваат негазирани пијалаци и ледени чаеви во амбалажи од 0,5л и 1,5л, како и сирупи од 1л.

Вива Fresh

Зголемувањето на производното портфолио и растот на компанијата во голема мера се должи на тоа што во 2011 година се купува голем деловен простор на кој се гради нова фабрика.

Вива објект 2011г.

Во 2015 година компанијата инвестира во асептична машина за полнење на сокови. Овој тип на машина, работи по најнова технологија која овозможува максимално задржување на природните својства на овошјето. Во 2016 година компанијата инвестира во најсовремена линија за преработка на овошје и зеленчук во единечна и концентрирана каша. Резултат на оваа производствена линија се висококвалитетни природни овошни каши, добиени со преработка на свежо македонско овошје, јаболка и праска, кои се употребуваат за производство на природни овошни сокови, смути и детски овошни каши.

Вива фабрика

Во 2018 година компанијата ја надоградува производствената линија за каши со инвестиција во евапоратор, со што Вивакс станува единствена фабрика за преработка на овошје и зеленчук со најсовремена опрема во државата.

Вива погон во Фабрика

Во 2019 година компанијата го бележи својот 25 годишен јубилеј, а по тој повод се реализирани многу проекти меѓу кои и: - Редизајн на премиум портфолиото (100% сокови и нектари) од 1л и промена на амбалажата во PurePak sense (еко амбалажа), - лансирање на нова категорија: премиум 100% сокови и нектари во лименка од 250мл - и лансирање на нова категорија газирани производи Вива Спарк со висока содржина на овошје, во пакување од 0,5л и 1,25л. Денеска Вивакс е компанија која вложува во постојана модернизација на производството и брои тим со повеќе од 100 вработени.[1]

Сертификати и признанија[уреди | уреди извор]

Долгодишните напори и ангажираност во работата на компанијата се потврдуваат со добивање на сертификатот ХАСАП и ИСО 22000, како и признанието од Стопанската Комора на Р. Македонија во 2001 година која ја вбројува Вивакс помеѓу најуспешните 10 компании во Македонија.

Во 2013 година на осумдесетото издание на меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, Србија, Вива освојува:

  • Златен медал за квалитет за портокал 100%, праска нектар, коктел нектар
  • Голем златен медал за ананас 100% и АЦЕ нектар
  • Пехар од Новосадскиот саем за квалитет на овошни сокови.[2]

Успехот во постигнувањето на високиот квалитет на Вива производите и многубројните награди и признанија, се должи на:

  • Контрола на квалитетот на суровините и високите стандарди при избор на добавувачи,
  • контрола во интерната фаза на производствениот процес и едукацијата во развојот на сите вработени,
  • и финална контрола на готовиот производ.

Производи[уреди | уреди извор]

  • Премиум 100% овошни сокови 1 литар:

- 100% Портокал сок - 100% Ананас сок - 100% Јаболко сок

  • Премиум нектари 1 литар:

- Портокал нектар - Јаболко нектар - Праска нектар - Боровинка нектар - Киви јаболко нектар - Коктел нектар - АЦЕ нектар повеќе видови овошја и морков - Вишна нектар

  • Премиум лименки 0,25 литри:

- 100% Портокал сок - 100% Јаболко сок - Праска нектар - Вишна нектар

  • Овошни пијалаци 1 литaр:

- Fruity ананас - Fruity коктел од повеќе видови овошје - Fruity портокал - Fruity праска и јаболко

  • Овошни пијалаци 2 литри:

- Fruity ананас - Fruity коктел од повеќе видови овошје - Fruity портокал - Fruity праска и јаболко - АЦЕ шумско овошје - Коктел од повеќе видови овошје - Јаболко нектар

  • Нектари и овошни пијалаци 0,2 литри:

- Коктел мешавина од повеќе видови овошје - Портокал - АЦЕ коктел - Праска нектар - Боровинка нектар

  • Disney и Marvel сокови 0,2 литри:

- Mickey Јаболко нектар со витамин Ц - Princesses Мултивитамински коктел папаја гуава - CARS Мултивитамински коктел папаја гуава - Spiderman 100% Јаболко сок - Avengers портокал нектар - Frozen 100% Јаболко сок

  • Овошни пијалаци PET 1,5 и 0,5 литри:

- Fresh АЦЕ коктел - Fresh мултивитамин - Fresh портокал Ц, Е, Б6 витамини - Fresh шумско овошје А, Ц, Е витамини - Fresh праска - Fresh лимон и бозел - Fresh вишна

  • Ледени чаеви:

- Ice Tea праска PET 1,5 и 0,5 литри - Ice Tea лимон PET 1.5 и 0,5 литри - Ice Tea брусница PET 1.5 и 0,5 литри - Ice Tea брусница 0,2л - Ice Tea праска 0,2л

  • Сирупи 1 литар:

- Портокал сируп - Лимон сируп - Јаболко сируп - Боровница сируп

  • Газирани пијалаци ПЕТ 0,5 и 1,25 литри:

- Spark лимон и грејпфрут - Spark црвен грејпфрут - Spark портокал

Соработки[уреди | уреди извор]

Вивакс е единствената македонска компанија која што во 2013 започна соработка со Дизни Интернешнал (Disney International), за производство на сокови со познатите цртани ликови: Мики Маус, Принцезите, Карс (Автомобили) и Спајдермен, официјално лиценцирани од глобалната марка „Дизни“ и „Марвел“, за пазарите во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна, Албанија и Косово. Како резултат на придржување на високите стандарди на Дизни Интернешнал, во 2016 година Вивакс ја доби престижната награда Disney product of the year 2016.[3]

Disney product of the year 2016.

Општествена одговорност[уреди | уреди извор]

Вивакс е активен промотор на детската и општествената култура, преку спонзорирање на многубројни детски настани, со активно вклучување во грижата за најмалите, пред сè во нивната едукација за здрави навики и за здрав начин на исхрана. Како дел од својата социјално одговорна компонента, компанијата исто така поддржува голем број спортски настани и организации. Компанијата е активен поддржувач и промотор на коњичкиот спорт и е основач на интернационалниот коњички натпревар, под името ВИВА Куп.[4][5]

Интернационален коњички натпревар - ВИВА Куп

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]