Вељо Мицевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вељо Мицевски
Роден Битола, Македонија
Починал 12 ноември, 1944 година
Скопје, Македонија

Вељо Мицевски (? во Битола12 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Се преселил во Скопје и работел во скопската ложилница, како мијач на локомотиви. Прифатен бил од напредното движење во ложилницата и учествувал во разни акции против окупаторот. Во Дванаесеттата македонска ударна бригада стапил во почетокот на септември 1944 година. Се покажал како мошне дисциплиниран, предан и совесен борец. Во составот на првата чета, вториот баталјон учествувал во сите борби на бригадата против непријателот. По очистувањето на теренот меѓу Китка и Треска од албанските балистичките банди, на 12 ноември, заедно со бригадата учествувал во нападот за ослободување на Скопје. Во уличните борби и при заземањето на зградата на бившиот офицерски дом, Вељо храбро загинал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 218. На |first= му недостасува |last= (help)