Вечери во Медан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вечери во Медан
Вечери во Медан
АвторЕмил Зола
Ги де Мопасан
Жорис-Карл Уисманс
Анри Сеар
Леон Аник
Пол Алексис
Изворен насловLes Soirées de Médan
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
ЖанрЗбирка раскази
Издадена
1880
МедиумПечатен (Тврд повез)

Вечери во Медан (француски: „Les Soirées de Médan“) ― збирка од шест раскази од шест различни писатели поврзани со натурализмот, првпат објавена во 1880 година.[1][2] Сите приказни се однесуваат на Француско-пруската војна. Содржината на книгата е како што следува:

Содржина[уреди | уреди извор]

  • „Нападот на воденицата“ („L'Attaque du moulin“) од Емил Зола
  • Топка маст“ („Boule de Suif“) од Ги де Мопасан
  • Ранец“ („Sac au dos“) од Жорис-Карл Уисманс
  • Крвопролевање“ („La Saignée“) од Анри Сеар
  • Аферата на големата 7-ка“ („L'Affaire du Grand 7“) од Леон Аник
  • „По битката“ („Après la bataille“) од Пол Алексис

Збирката го носи својот наслов од куќата на Зола во Медан, во близина на Париз, каде што писателите се среќавале на книжевни вечери. Авторите честопати биле нарекувани збирно како „Меданска група“. Целта на збирката била да ги промовира идеалите на натурализмот, со третирање на настаните од Француско-пруската војна на вистинит и често нејуначки начин, за разлика од службено одобрените патриотски погледи на војната.

Убедливо најпознатата приказна во збирката е „Топка маст“, која веднаш ја започнала кариерата на младиот Ги де Мопасан.

Приказната на Зола станала основа за истоимената опера од Алфред Бруно.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Maupassant: Oeuvres de Maupassant, tome 1 : Contes et nouvelles, romans (Robert Laffont, 1988)
  2. Britannica.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:Ги де Мопасан