Вечера во меаната „Кај прашалниот знак“

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Вечера во меаната Кај прашалниот знак“ (српски: Вечера у крчми „Код знака питања“) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Една јануарска вечер, авторот седи во кафеаната „Кај прашалниот знак“ со група меѓу кои и Влада Урошевиќ, Зоран Мишиќ и Божа Вукадиновиќ, иако последните двајца биле мртви. По неко време, тој ја напушта кафеаната, а со него излегува една жена за која дури тогаш се сеќава дека се вика Емилија. Надвор, нему сè му изгледа чудно и тогаш се утврдува дека, всушност, тој се наоѓа во еден расказ на Урошевиќ. Исплашен, тој се враќа во кафеаната, а таму доаѓа и Урошевиќ, исто така, преплашен, зашто се нашол во еден расказ од авторот. По некое време, тие сепак ја напуштаат кафеаната, а еден камион го удира раскажувачот, токму како во една сцена од расказот на Урошевиќ.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 82-86.