Ветеринарен факултет - Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ветеринарниот факултет во Битола е најновата едниница на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола Со Уписот на првата генерација студенти, овој факултет ги отвора можностите за користење на компаративните предности во Регионот. Идејата за Ветреринарен факултет во рамките на УКЛО има своја историја, стара две децении, нагласува ректорот проф. д-р Златко Жоглев истакнувајќи ги предностите кои ги нуди збогатувањето на образовната понуда на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Поддршката од Министерството за образование и наука пред почетокот на академската година е интензивирана со активности за комплетирање на наставниот кадар, техничкиот персонал и опремата која е сместена во реновираниот објект од некогашната Виша земјоделска школа, простории кои се во целосно располагање на првите 45 бруцоши на Ветеринарниот факултет – Битола.