Вестино семејство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вестиното семејство (ИБС: 401) е семејство на астероиди. Ова кратерско семејството се наоѓа во внатрешниот астероиден појас, во близина на истоименото и главно тело, 4 Веста. Тоа е едно од најголемите семејства на астероиди со повеќе од 15.000 познати членови и се состои од претежно светли астероиди од типот V, т.н. „вестоиди“

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Местоположба и структура на вестиното семејство

Во вестини астероиди спаѓаат: 4 Веста, втор најмасивен астероид (просечен дијаметар од 530 km), и многу мали астероиди со дијаметар под 10 км. Најсветлите меѓу нив, 1929 Колаа и 2045 Пекинг, имаат апсолутна светлосна величина од 12,2, што би значело дека имаат радиус од околу 7,5 km ако претпоставиме дека имаат високо албедо колку и 4 Веста.

Семејството потекнува од судар на астероидот 4 Веста, а џиновскиот кратер на нејзиниот јужен пол е најверојатно местото каде се случил сударот. Се смета дека од ова семејството потекнуваат ХЕД метеоритите.

Во вестиното семејство има и неколку астероиди од типот J (поврзани со типот V), за кои се смета дека потекнуваат од подлабоките слоеви на кората на Веста и се слични на диогенит метеоритите.

Со анализата на нивниот број со цел за хиерархиско групирање (од Запала во 1995) се утврдило дека има голема група на „главни“ членови на семејството, чии орбитални константи се приближни

aр eр iр
мин 2.26  0,075 5,6°
макс 2.48 AЕ 0,122 7,9°

Ова ги дава приближните граници во кои се движи семејството. Во сегашната епоха, опсегот на оскулирачки орбитални елементи на овие главни членови е:

а e i
мин 2.26  0,035 5,0°
макс 2.48 AЕ 0,162 8,3°

Анализата на Запала од 1995 година биле пронајдени 235 главни членови. Преку пребарувањето на базата на податоци (AstDys) за 96944 мали планети во 2005 година било пронајдено 6051 тело (околу 6% од вкупниот број во базата) кои се наоѓаат во регионот на Вестиното семејство (според првата табела погоре).

Натрапници[уреди | уреди извор]

Спектроскопските анализи покажале дека некои од најголемите вестоиди се всушност натрапници. Тие не се ниту од V ни од J тип во спектралната класа, но сосема случајно имаат слични орбитални елементи. Такви се: 306 Унитас, 442 Ајхсфелдија, 1697 Коскениеми, 1781 Ван Бизбрук, 2024 Меклафлин, 2029 Биноми, 2086 Њуел, 2346 Лилио и други. (Откриени биле по пребарувањето на мноштво бази на податоци за таксономија на астероиди ).

Наводи[уреди | уреди извор]