Прејди на содржината

Вестгејт (Најроби)

Координати: 1°15′25″S 36°48′12″E / 1.25694° ЈГШ; 36.80333° ИГД / -1.25694; 36.80333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вестгејт
(Westgate Shopping Mall)
Трговскиот центар Вестгејт во јули 2007 г.
Карта
МестоНајроби
Координати1°15′25″S 36°48′12″E / 1.25694° ЈГШ; 36.80333° ИГД / -1.25694; 36.80333
АдресаМванзи, Вестлендс
Отворен на2007 (2007),
18 јули 2015 (2015-07-18) (повторно отворање)
Продавници80+
Површина33,000 m2
Спратови5
Мреж. местоwestgate.co.ke

Трговскиот центар Вестгејт е трговски центар што се наоѓа во населбата Вестлендс во Најроби, Кенија. Првпат бил отворен во 2007 година. Терористичкиот напад врз трговскиот центар од 2013 година резултирал со смрт на најмалку 67 лица, вклучувајќи и четворица напаѓачи, и 175 повредени. На крајот од нападот, трите ката на трговскиот центар се урнале.

Центарот бил реновиран и повторно отворен на 18 јули 2015 година со намалена површина. Во тек е реконструкцијата на остатокот од трговскиот центар.

Преглед[уреди | уреди извор]

Петкатниот трговски центар бил отворен во 2007 година на површина од 33,000 m2 каде биле сместени повеќе од 90 продавници.[1] Киното „Планета Медија“ и познатиот трговски ланец Накумат имаат свој простор во трговскиот центар. Другите големи продавници ги вклучуваат: „Мистер Прајс“, „Арткафе“ и банката Баркли на приземјето, како и казиното „Милионери“ на вториот кат. Меѓу другите фирми кои држат свои продавници во Вестгејт се и меѓународните брендови: Adidas, Бата, Конверс, Федекс и Самсунг.

Луксузниот трговски центар беше популарен меѓу потрошувачите во Кенија, како и меѓу странските официјални претставници.[2][3]

Нападот од 2013 година[уреди | уреди извор]

Трговскиот центар на 23 септември 2013 година

На 21 септември 2013 година, група од 4 терористи поврзани со милитантната група ел-Шабаб, во нападот раниле и убиле клиенти, вработени и посетители во трговскиот центар Вестгејт, користејќи огнено оружје и рачни гранати. Најмалку 68 лица биле пријавени како убиени, и повеќе од 200 повредени. Терористите држеле како заложници многу клиенти и биле потребни четири дена да се стави крај на нападот.[4] До 25 септември, три ката на трговскиот центар се урнале.[5]

Повторно отворање[уреди | уреди извор]

Трговскиот центар повторно бил отворен на 18 јули 2015 година. Делови од трговскиот центар кои биле тешко оштетени во терористичкиот напад, претрпеле дополнителна реконструкција и останале затворени до 2018 година.[6] Правните постапки со осигурителот ја одложилеа реконструкцијата.[7] Околу 90% од претходните закупци на простор во Вестгејт го задржале својот закуп, а ИРГ, израелска безбедносна компанија, била ангажирана за обука на новиот безбедносен персонал на трговскиот центар.

Повторното отворање на трговскиот центар се соочил со мешани реакции. Некои го поздравиле како демонстрација на еластичност на Најроби, додека други го критикувале како непочитување на жртвите, посочувајќи дека наместо тоа треба да се претвори во спомен-центар или место за богослужба. [8]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Shopping mall is premier complex that's home to international brands“. Daily Nation. 21 September 2013.
  2. „Kenya Mall Attack: Death Toll Rises to 59“. The Wall Street Journal. 22 September 2013.
  3. „Gunmen Kill Dozens in Terror Attack at Kenyan Mall“. The New York Times. 21 September 2013.
  4. „Terrorist Attack in Kenya Mall leaves over 60 Dead“. Посетено на 22 September 2013.
  5. „Kenya president: Mall siege over, 3 mall floors collapsed“. USA Today. 24 September 2013. Посетено на 25 September 2013.
  6. „Kenya's Westgate shopping mall reopens after tragedy“. BBC News. Посетено на 2015-07-19.
  7. Zirulnick, Ariel (2015-07-18). „Kenyan consumers win this round against Al Shabaab as Westgate Mall reopens“. Quartz. Посетено на 2015-07-19.
  8. „Kenya's Westgate reopens after 2013 terror attack - CNN.com“. CNN. Посетено на 2015-07-19.