Весна Мојсова-Чепишевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Весна Мојсова Чепишевска
Меѓу небото и земјата.jpg
Занимањепрофесор
Националностмакедонка
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилозофски факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
ПредметСовремена македонска книжевност
Книжевно движењеМакедонска книжевност,Книжевна теорија


Весна Мојсова-Чепишевска (10 април 1967) е книжевен теоретичар критичар, и редовен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Весна Мојсова-Чепишевска е родена на 10 април 1967 година во Скопје. Taa е ќерка на Љубица Мојсова (1945), родена Ивановска и на Сократ Мојсов (1942), познатиот фудбалер и е еден од неколкуте легенди на ФК Вардар (за кого дебитира во првиот тим со свои неполни осумнаесет години, а се издвојува со 362 одиграни натпревари и 166 голови), но и за францускиот ФК Рен (во сезоните 1971-73). Од својата десетта година па сè до својата осумнаесетта, таа е член на Детското драмско студио при Македонската Радио Телевизија. Уште додека студира на Филолошкиот факултет во Скопје, работи како презентер и водител во истата телевизиска куќа.

Кариера како предавач[уреди | уреди извор]

По дипломирањето, од 1990, Весна Мојсова-Чепишевска предава група предмети од областа на современата македонска книжевност, a од 2010 ги предава и предметите Kнижевност за деца 1 и 2, како и предмети од областа на македонската култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 2012 година е избрана за редовен професор на истиот факултет, а во 2017 и по втор пат за редовен професор во трајно звање. Од ноември 2004 до октомври 2008 година ја обавува функцијата продекан за настава на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и надворешен член на советот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков”. Од 2002 година до денес работи и како лектор по македонска литература и јазик на летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Член е на ДПМ (Друштво на писатели на Македонија) и на МСК (Македонски славистички комитет) од 2009 година. Била член и на Совет за македонски јазик при Министерството за култура на Р. Македонија (2012-2016). Од септември 2013 до септември 2016 година ја обавува и функцијата Раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет Блаже Конески. Од март 2014 станува и член на Извршниот Одбор на Универзитетскиот Спортски Сојуз на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Творештво[уреди | уреди извор]

Нејзиниот работен стаж на Универзитетот се во знакот на нејзиното учество на бројни семинари и симпозиуми, како и на околу 300 објавени трудови во домашни и странски книжевни списанија, од кои добар број со меѓународна редакција. Автор е на книгите (6):

  • „Рацин и експресионизмот“ (Скопје: Менора, 2000, 232),
  • „Литературни преокупации“ (Скопје: Менора, 2000, 294),
  • „Лицето на зборовите“ (Скопје: Култура, 2004, 261),
  • „Мал книжевен тестамент“ (Скопје: Македонска реч, 2007, 263),
  • „Игра и симулации“ (Скопје: Галикул, 2011, 405) и
  • „Семеен албум“ (Скопје: Матица македонска, 2015, 232.[2]

како и на антологиите (3):

  • „12. Жени. Гласови“ (Скопје: Македонска реч, 2008, 255),
  • „Пишувачот“ (Скопје: Македонска реч, 2012, 268) и
  • „VÍTR PŘINÁŠÍ HEZKÈ POČASÍ (Antologie nejmladší makedonské poezie)“ (Брно: Тринун ЕУ, 2014, 244).

Се јавува и како соавтор на антологиите (4):

  • Vesna Mojsova-Čepiševska, Boguslaw Zieliński, Lech Miodyński. ŽEGLARZE PAMIĘCI (Antologija wspólczesnej literatury macedońskiej). Poznań: Uniwesytet Im. Adama Mickiewicza, 2009, 500.
  • Angelina Banović-Markovska / Vesna Mojsova-Čepiševska. DON’T YOU FYROM ME (Suvremena makedonska pričа) vo Književna revija. Osijek: Matica Hrvatska, 2009, god.49, br.2-3, 243.
  • Весна Мојсова-Чепишевска / Иван Антоновски. Ветерот носи убаво време (Антологија на најмладата македонска поезија и проза). Скопје: Матица македонска, 2012, 337.
  • Весна Мојсова-Чепишевска / Иван Антоновски. Од чежње до ероса. Ниш: 2014, 312.

Награди[уреди | уреди извор]

За антологијата Од чежње до ероса во февруари 2015 ја добива наградата Светосавски печат за посебна книга како исклучителен авторски и издавачки потфат на XI Светосавскиот саем на книга во Ниш. Во мај 2015 ја добива и Меѓународна награда „Ана Франк“ за афирмација на литературата за деца и млади на Фондација „Македонија презент“ на Издавачката куќа „Феникс“. Во февруари 2016 (12. 02. 2016) нејзината книга „Семеен албум“ е наградена со „Димитар Митрев“ на ДПМ за најдобра книга критики и есеи.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Весна Мојсова-Чепишевска е сопруга на Стефан Чепишевски кој во јавниот живот е познат како Стево, македонски машки (придружен) вокал кој има голем број музички снимки и јавни радио и ТВ настапи, со голем број на живи свирки и концерти на познати македонски бендови и пејачи и како еден од ретките кој има дури три настапи на Евровизија. Весна Мојсова-Чепишевска е мајка на Сара Чепишевска-Витларова, некогашната голема ТВ ѕвезда од музичката серија на МРТ „Дајте музика’ (1993), а потоа и во емисијата „Сител бамбини“. Денес таа како дипломиран дефектолог-логопед и магистер по филолошки науки од областа на психолингвистиката и македонистиката, работи во градинката „Орце Николов“. Весна Мојсова-Чепишевска е мајка и на Горазд Чепишевски, идниот инжинер-металург и познатиот пливач кој како член на ПК Вардар и на македонската репрезентација сè уште држи некои рекорди во помалите категории на 50, 100 и 200 метри грбно во мали и големи базени и е апсолутен рекордер на Р. Македонија во истите дисциплини.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Весна Мојсова –Чепишевска, Игра и симулации, Галикул, Скопје, 2011
  2. Весна Мојсова Чепишевска, Семеен албум, Матица македонска, Скопје, 2017