Прејди на содржината

Весна Малинова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Весна Малинова
Весна Малинова
Животописни податоци
ПотеклоШтип, Македонија
ЖанровиСофт-рок , Поп, Рок, Балада, Етно џез, Акустична музика, Современ Р&Б, "World Music"
Занимањакомпозитор, текстописец, поет, музички продуцент
ИнструментиВокал, Клавир, Гитара
Период на активност1999 – денес

Весна Малинова (р. Штип) — македонска композиторка и поетеса.[1]

Првите нејзини песни ги објавила во 1999 година (композиција и текст), и од тогаш реализирала над 400 песни, (композиции и/или текстови и препеви и аранжмани) во изведба на бројни музичари, меѓу кои Дани Димитровска, Кристина Арнаудова, Каролина Гочева, Тоше Проески, Ѓоко Танески, Александра Пилева, Влатко Илиевски, Роберт Билбилов, Биба Додева, и многу други. [2][3][4]

Малинова, како автор (музика, текст, аранжман, придружен вокал или уметнички продуцент), остварила соработки и дела кои се застапени на голем број официјални музички изданија (албуми) на македонските музичари, а дел од нив имаат и интернационални изданија.[1][2][3]

Се вклучила волонтерски во проектот „Растеме заедно“;[5] а го работела и препевот на првиот јуниорски бродвејски мјузикл изведен на македонски јазик „Ени Јуниор“.[6][7] Малинова исто така има повеќе препеви на македонски јазик, на песни од авторите Момчило Бајагиќ - Бајага, Дино Мерлин, Марија Шерифовиќ, Даниел Кајмаковски, и други.[8]

Во песните на Малинова се проткајуваат повеќе жанрови и мелодиски и зборовно, од лирски, шлагерски, поп, рок, поп-рок, раскажувачки, лесни и длабоко емоционални.[9]

Голем дел од нејзиното творештво се појавил на музичките фестивали во регионот, како што се:

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

Весна Малинова добила повеќе национални признанија и околу дваесеттина фестивалски награди, награди на разни музички манифестации, меѓу кои Златни Бубамари на популарноста, за најдобар композитор и текстописец и за „Албум на годината“, како и многубројни награди за најдобар текст и друго. [14]

  1. 1,0 1,1 1,2 Таушанска, Марија (2018-10-29). „Познавајќи се себеси, ги познавам сите“. Нова Македонија. Посетено на 2024-12-03.
  2. 2,0 2,1 „The Hounds - Тишина / Пијан Славеј, Весна Малинова | Off“. off.net.mk. Посетено на 2024-12-03.
  3. 3,0 3,1 „Репертоар на ЗАМП – ZAMP“. Посетено на 2024-11-22.
  4. Buraliev, Maksim (2023-07-18). „„Место од спомени" е прва песна на македонски јазик од Тамара Волческа“. Музика нонстоп денес. Посетено на 2024-12-03.
  5. „„Растеме заедно" - песна и спот за подигање на свеста за аутизмот“. Femina.mk. Посетено на 2024-12-03.
  6. „Предновогодишно во Македонска филхармонија – бродвејскиот мјузикл "Ени Јуниор". muzika24.mk. 2019-12-15. Посетено на 2024-12-03.
  7. Вечер (2019-12-23). „Бродвејскиот мјузикл „Ени Јуниор" во Филхармонија | Вечер ...1963 | Vecer MK“. Посетено на 2024-12-03.[мртва врска]
  8. Таушанска, Марија (2024-05-07). „Љупчо Ќурчиевски алијас Рико Санчез ја делел сцената со Володимир Зеленски“. Нова Македонија. Посетено на 2024-12-03.
  9. „ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанaле македонските хитови?“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2024-12-03.
  10. „Уживајте со сите 20 композиции од „Скопски фестивал 2014". radiomk11.rssing.com. Посетено на 2024-12-03.
  11. „Селектирани песните: Овие изведувачи се во трка за македонски претставник на Евровизија“. muzika24.mk. 2022-01-21. Посетено на 2024-12-03.
  12. „Одлично издание на Интернационалната вечер на „Охрид Фест – Охридски трубадури". OhridPress. 2024-12-03. Посетено на 2024-12-03.
  13. Вечер (2024-09-06). „Дорис Ди блесна на охридски „Сан Ремо"; Песната „Нека свети" ги освои срцата на публиката и жирито | Вечер ...1963 | Vecer MK“. Посетено на 2024-12-03.[мртва врска]
  14. 14,0 14,1 Таушанска, Марија (2024-09-01). „Интернационалната вечер на „Охрид фест – Охридски трубадури 2024" во знакот на јубилеите и на вонвременските песни“. Нова Македонија. Посетено на 2024-12-03.
  15. „Various – Sunčane Skale 2008 - Nove Zvijezde CD U CELOF - Kupindo.com“. Kupindo. Посетено на 2024-12-03.
  16. Simanis, Karins (2021-08-21). „Around The Continent 2022-Week 7“. ESCBEAT (англиски). Посетено на 2024-12-03.
  17. milica (2024-11-03). „ДЕНИС КОСМОНАУТКО И МИЈАТА ЌЕ БИДАТ ГОСТИ НА „ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ" СО ПЕСНАТА ЗА ИНКЛУЗИЈА, „ГУШ И БАЦ". СМАРТ - СДК МК. Посетено на 2024-12-03.