Весна Гиновска-Илкова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Весна Гиновска-Илкова
Родена 2 април 1972
Скопје, НР Македонија СР Македонија
Националност Македонка
Занимање оперска певица

Весна Гиновска-Илкова (2 април 1972 во Скопје) — македонска оперска пејачка (сопран).[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Весна Гиновска-Илкова е првенка на операта на МНТ. Дипломирала соло пеење на Факултетот за музичка уметност (1994) во Скопје, а магистрирала на Белградската музичка академија. Дебатирала на оперската сцена на МНТ во 1996 година со улогата на Микаела во операта „Кармен“ во која настапила со рускиот тенор, Сергеј Дубровин. Истата година била ангажирана како постојан член на оваа музичка институција. Првиот меѓународен настап го забележала во 1998 година на меѓународниот натпревар „Борис Христов“, каде се претставила со улогата на Елизабета во операта „Дон Карло“. Потоа, таа настапила на повеќе познати сцени ширум светот, а во 2014 година одржала рецитал во Њујорк. Како признание на нејзините успеси, Стопанската комора на Македонија ја прогласила за Почесен амбасадор на културата во Република Македонија.[2]

Во својата кариера, таа била носителка на повеќе главни улоги:

Настапувала и на концертниот подиум, изведувајќи рецитали на соло-песни и вокалноинструментални дела. Таа е уметник со богат гласовен материјал, динамична и вдахновена артстична визија, вокална префинетост, совршена интонација и јасно диференциран тонски јазик. Гостувала во повеќе европски земји (Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска, Данска, Германија, Италија, Франција).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 358. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. 55 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12 јули -20 август 2015.