Весна Гаврил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Весна Гаврил
Родена 3 април 1989
Ресен
Националност Македонка
Занимање глумица


Весна Гаврил-Тапшановска (Ресен, 3 април 1989) — македонска театарска и телевизиска глумица.

Биографија[уреди | уреди извор]

Весна Гаврил е родена на 3 април 1989 година во Ресен. Дипломирала во Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, на отсекот за актерска игра во класата на Ѓорѓи Јолевски во 2011 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 2014 година.[1]

Театрографија[уреди | уреди извор]

  • Ученик — „Р“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МКЦ, 2006;
  • Хор — „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2006;
  • Вини — „Play Beckett/Среќни денови“ од Семјуел Бекет, р. Ѓорги Јолевски, Драмски театар - Скопје, сипломска претстава, 2008;
  • Игнација — „Душички“ од Загорка Поп-Антоска Андоновска, р. Загорка Поп-Антоска Андоновска, НУЦК „Трајко Прокопиев“ - Куманово, 2008;
  • Косара — „Владимир и Косара“ од Загорка Поп-Антоска Андоновска, р. Слободан Милатовиќ, Министерство за култура на РМ, Министерство за култура на Црна Гора, Скопско лето и Барски љетопис, 2009;
  • Силвија — „Тигар“ од Мореи Шизгал, р. Драган Велјановски, МКЦ, 2011;
  • Учителка по англиски — „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2015.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Телевизиски серии
  • Мис Стоун — „Тврдокорни“, епизода „Јане Сандански“, р. Миле Гроздановски;
  • Магдалена — „Македонски народни приказни“, епизода „Тодор Паница“;
  • „Македонски стари приказни“, ТВ Сител, 2011.
Синхронизации
  • Синхронизација на анимираната детска серија „Бон Тон“.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Добитник на „Златен Аполон“ за најдобра актерка за улогата на Косара во претставата „Владимир и Косара“, 2009.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]