Прејди на содржината

Вероника реши да умре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вероника реши да умре
Корица на едно од македонските изданија на романот
АвторПауло Коелјо
Изворен насловVeronika decide morrer
ЗемјаБразил
Јазикпортугалски
Издадена
1998
Страници210 страници
ISBN0-06-095577-5
OCLC47204184

Вероника реши да умре е роман од Пауло Коелјо. Ја раскажува приказната за 24 годишната Вероника, се чини дека се во животот оди по неа, но решава да се убие. Оваа книга е заснована на искуството на Паоло Коељо во различни ментални институции. Таа се темели врз предметот на лудило. Главното обележје е дека „колективното лудило се нарекува разум”. „Вероника реши да умре“ беше адаптирана за театар веќе неколкупати и исто така беше користена во други уметнички наводи.[1]

Вероника е млада, убава жена од Љубљана, Словенија која има совршен живот, но сепак одлучува да изврши самоубиство со земање на преголема доза апчиња за спиење. Додека таа чека да умре, одлучува да чита списание.

Откако здогледува една статија во списанието која духовито прашува „Каде во Словенија?”, таа одлучува да напише писмо до магазинот за да го оправда нејзиното самоубиство, идејата за да направи дека се самоубила затоа што луѓето не ни знаат каде е Словенија. Нејзиниот план пропаѓа и таа се буди во ментална болница во Словенија, каде што и кажуваат дека има уште една недела за да живее.

Нејзиното присуство таму влијае на сите пациенти во болницата, особена на Зедка кој е има клиничка депресија, Мари која страда од напади на анксиозност и Едуард кој има шизофренија, во кој Вероника се заљубува. За време на нејзината интернација во Вилете таа сфаќа дека нема што да загуби и сака, без разлика што другите пациенти мислат за неа како ментален пациент, малку е веројатно таа да биде критикувана. Од новонајдената слобода Вероника ги искусува сите работи кои досега никогаш не и биле дозволени, вклучувајќи ја омразата, љубовта и сексуалното будење.

Во меѓувреме, шефот психијатар во болницата, д-р Игор, обидува со еден фасцинантен, но провокативен експеримент. Може ли да шокирате некого за да сака да живее доколку му кажете дека неговата смрт е неизбежна? Како доктор применува дефибрилатор на срцев удар, прогнозите на д-р Игор за да започне ново вреднување за Вероника и за светот околу неа.[2]

  1. „Книга на неделата: "Вероника реши да умре" – Пауло Коелјо (преземено од Prime time.mk)“. Архивирано од изворникот на 2012-12-28. Посетено на 2013-04-13.
  2. „„Вероника реши да умре" од Пауло Коелјо (вовед во книгата) - преземено од Backstage.com“. Архивирано од изворникот на 2012-01-01. Посетено на 2013-04-13.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]