Вера Нича - Пренда

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вера Нича - Пренда (3 февруари 1925, во Битола — ) — македонски педагог.

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето медицина (1953) и специјализација по педијатрија во Загреб (1958), работела во Детското одделение во Битола, до пензионирањето (3 февруари 1985). Во соработка со д-р Д. Вангелов, први во Македонија примениле ексангвино трансфузија во терапевтски цели. Во 1972 г. станала примариус, а во 1983 г. здравствен советник.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „НИЧА-ПРЕНДА, Вера – Македонска енциклопедија“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-02-26. Посетено на 2021-01-21.